Па изгледа тој е, а на 0:57 Stefan Koković исто беше во нејзина група ама не помина во Lives http://www.youtube.com/watch?v=2W0VTgoCaR4
Обично на вакви шоуа победува некој безвезе и неочекуван. Сега мислам дека ќе победи Лукијан. Има добар глас, не го форсираат многу ама секаде си се пробива.
Епа за мене има врска,зошто како човек од Македонија многу нормално е да сакам Даниел да победи. Ова не е евровизија.
Јас затоа што ми е фаворит уште од самиот почеток. Плус дечково одамна пее и го имам слушано и гледано на youtube уште од тогаш. Мил ми е некако, позитивен, симпатичен... Ете мое мислење.
Знаеш зошто? Затоа што е 3 пати подобар вокал од некои шо се таму, зато шо има преубав глас и е единствениот шо заслужва да се врати, затоа што 100 пати е подобар од H2O, Од Докторите од оние 4 чавките кои патем вчера требаше да си одат дома. Мене тие групите ми се најбезвеза од сите натпреварувачи таму. Се знај брате 1 на 1 се прај натпревар, сигурно H20 Или другите 2 групи немат подобар глас од Даниел, Маид, Лукијан Алекса Илма и сл. Да не зборам па Маринела колку е ужасна или Катарина па шо се појавува само ко кукла на сцена и мрда со муцките. И групите му се 100 пати поголема конкуренција на оние што пеат сами.
Мене целово шоу ме потсеќа на британскиот Х фактор-2012, некако наоѓам многу сличности помеѓу Даниел и Џејмс (победникот), целата еуфорија околу него што се создаде, особини, симпатии... Повеќе од видливо е дека Илма и Даниел се омилени речиси на секого, секако оправдано зашто поседуваат страшно добар талент, па не е мала веројатноста дека тие двајца ќе стигнат до финале.. Некако чудна ми дојде целата реакција на Жељко на самата аудиција за Даниел, а потоа го зеде по негово менторство. Кристина има симпатии кон Даниел, Емина секако е ставена за украс, сите ги поддржува и сите нејзе и се допаѓаат.. А Кики крајно индиферентно постапува.. Илма е многу малечка, а и има лош ментор, Кики најмалку авторитетен е помеѓу кандидатите и сакајќи да им направи добро им прави лошо. Сепак, Илма поседува огромен талент кој нема да помине незабележано, ќе пише некој договор после Х фактор со некоја продуцентска куќа кога ќе и дојде вистинското време и готово.. Па и на крајот, не одлучува ни публиката, ни менториве кој ќе победи, најголем авторитет кој секако е скриен е продукцијата на Х фактор. И така, ова е моето сценарио за исходот на Х фактор..
Сакам да победи Илма! Вчера господата беа расположени за критики, јас искрено уживав додека пееше Илма, не пееше со еден едноставно беше прекрасна А оној Џастин Бибер требаше да испаднии!!! Леле катастрофа беше сношти!
јако е батево, ме освои со гласооооов, и ми ја погодил песната ( не дека сум плава ама ) единствено не ми се допаѓа косата.. Spoiler се извинувам што објавувам линк од друг настап не од икс фактор ама ме воодушеви http://www.youtube.com/watch?v=rfFXEpABR2E
Сега повторно гледам дел од првите аудиции пред жирито, па се чудам какви гласови мистериозно отпаднаа, залутани негде низ групите што не добија шанса ни да пеат во регрутниот камп. Колку само јаки вокали си отишле, во споредба со овие тука што пеат во живо. Милион пати подобри натпреварувачи имаше од Маринела, па и Фифи, Катарина од 4U, Лана, Маја и така натаму да не набројувам.. Секулич веќе се подразбира дека е врв на утките, како прво таа во групата на Кики не требаше да добие шанса, не па да влезе она за настапи во живо.
Запалине на клада молимте ние грешниците, зошто ни се врати фаворитот. Дечкото ми беше бр1. уште од самиот почеток што има врска ако не е од мк, ова не е интернационален избор или натпревар по фудбал туку избор на потенцијална звезда,значи личност. Што знаеш можеби ако победи Даниел утре ќе сними песна во Београд.
И Тамара на тој глас такви тралалајки пее, не ми е јасно. Или е до менторот, или може сама си ги бира како последната, ама какви се не песни може да испее со таков глас, она Ријана ја пее . Јас би сакала да ја слушнам да пее нешто од Лана Дел Реј. Мислам дека одлично би и легнала таква песна. А и има на јутјуб како ја пее Video Games. Би било полн погодок, оваа или некоја друга од Лана. Па или Адел, или таков стил на баладични песни. http://www.youtube.com/watch?v=OPh8pIf6WW8
Знам дека не е евровизија. Како што сите имаат свои фаворити ( некој е за Илма,друг за Маид) имам и јас. Мене Даниел ми е фаворит и сакам он да победи.
Даниел е многу форсиран, не чини тоа, затоа ќе победи некој поинаков сигурно, Босанците и Србите никогаш нема да дозволат Македонец да победи во нивно шоу.