Sutra će biti napeto! Jer večeras ne ispada niko, već sutra ispada čak četvoro takmičara! Približavamo se polufinalu, zatim SUPERFINALU u Kombank Arena ! Podržite svoje favorite! #xfactoradria #LIVE Еве што се случило само што објавија на официјалната страна
^ Никој не испадна вечерва, немаше ни дуел само рекоа дека утре ќе испаднат четворица, два со најмалку гласови што ќе бидат и двајца што ќе пеат во дуел
Ајде да изреферирам стандардно: Давид - се' е супер и одлично, навистина немам никакви замерки на изведбата, ама го упропастуваат со стајлинг редовно. Антонио - Илија - ок е, специфичен глас, специфични изведби, осет за импровизација, додуша таков глас и има Амел - не знам дали има потреба да го коментирам Highway - ова им беше можеби најдобар настап до сега. А и песната не им беше лоша. Нина - ужас. Со тие паузи што ги правеше само се збунував. Кога ќе излезе веќе... 9 Control - беа ок, ама послаби од вообичаено. И да не заборавам да си кажам, ама воопшто не ми се допаѓа начинот на кој се гласа. Гласаат цела емисија. Тоа е многу пристрасно и нефер, зашто можеби баш вечерва некој незаслужено ќе помине. И водителкава асално не ја облекоа веќе. Не знам што е со стајлинзиве. Машките па воопшто не ги разбирам. Има некои пристојно облечени, ама некои вриштат, буквално, од очај. Генерално лоша вечер. Изгледа не треба да им даваат сами да си бираат песни. И никој не отпадна. Утре ќе биде уште поужасно.
Ништо лично ама Давид ми е премногу феминизиран, како збори неможам да истрпам да се докаже и заврши. На Ѕвезде гранда иако е фолк шоу мислам дека има поголеми таленти од овие на Икс фактор. Жељко па не ми е јасно како се најде во вакво шоу, неоспорно е дека тој е фаца и појава која има квалитет и богата кариера, ама друга работа е тоа што сепак е делумен народњак и одма има забелешки на песната, стилот бил преамерички и слично. Препотентен е до максимум. Александра лета во облаци и повеќе од што треба. Тончи ми е сељачка фаца. Е Масимо е веќе кавалер на ниво, секој коментар му е со стил. Критиките ги кажува така што никој не би навредил, од душа и срце мислиш ги кине зборовине. Биг лајк за Масимо, на ниво си ја извршува задачата.
Јас Давид сега само го изгледав на видеото што е поставено на фемина. Ми делува како drama queen со потезите, а и со гласот богами. Такви некои звуци испушта, ах ух, лаАаАјф И ми личи на Џои од Пријатели. И други некои што онака ги имам слушнато не ми оставиле впечаток.
^ Хахахаха, ме изнасмеа бре, женска! Во право си. Јас сум задоволна што оваа година и двајцава наши колку-толку знаат нешто поинтелегентно да гукнат за разлика од лани. Иако, веќе го поднаучија и Даниел да зборува. Не, шала на страна, мене многу од учеснициве ми се феминизирани. И ниту еден не ми се допаѓа како се однесува зад сцена. А некои дури и на сцена. Меѓутоа, најверојатно не се они криви. Сепак, тоа е работа на хормони. Колку чудно и смешно и да звучи, сепак од толку надворешни долгогодишни влијанија почнуваат да излегуваат некои чудни генерации на луѓе и тоа многу ме загрижува. Ај да не расправам на таа тема тука. А да не зборувам што произлегуваат некои чудни трендови што ги вметнуваат баш тие појави како нешто нормално. Инаку, секогаш гледам да се задржам на изведбите, не сакам да го коментирам останатото, се обидувам на нешто поконкретно да се задржам.
Нина има многу квалитетен глас ама упорно изборот на песна ја уништува..и Жељко не знам како може да и дозволува така, па добро бе не ги слушаат кога имаат проби и слично или па се праат глуви намерно?
Можеби овој х фактор според мене има подобри пејачи од лани,ама организацијата им е ужасна.Оваа глупо делење на две емисии со вакви бесмислици не знам,сега па ќе страдаат најдобри. Него тоа е, бедна работа одамна ме разочара шоуто. Најдобри ми беа Амел и Highway дефинитивно.За Амел сакам да победи,зашто заслужува човекот и има најдобар глас од сите таму. За Highway секоја чест за дечките,навистина добра песна со добар текст. 9 control не беа лоши ама некако првите 3 изведби ми беа многу подобри од оваа,Фарис ми е стандардно најдобар и треба повеќе да му даваат да пее. Илија и Антонио само пеат добро,Антонио малку подобро ама искрено досадни ми се.Давид без разлика на однесувањето и сето тоа,не ми смета воопшто како некој што рече погоре голем дел од нив се така феминизирани ама уште на почетокот ми стана одбивен,не поради тоа не знам ни јас зошто А со пеење не е лош,далеку од тоа Нина,девојката требаше уште одамна да испадне бидејќи вакви нешта не се простуваат.Кога испеа лошо не беше во дуел,еднаш кога испеа одлично се најде во дуел и испадна некој многу подобар од неа ,што е без грешка.Се надевам вечерва нема така да биде. Таа што им е стилистката веднаш отказ да и дадат,ја не знам кој ја ставил таму,подобро во циркус да раоти И Снеже упорно не брука и упорно,алапача број 1 и она со јазиков крај ми е Да ја цитирам : ,,Не могу да играм,хаљинче имам"
@Lady Phoenix арно кажа дека вечерва ќе биде поужасно Значи досега не слушнав ништо како што треба,едноставно ми се допаѓа како изледа Ива а богами и Жељко во таа зелената кошулка
Оф мори мајко... Магдалена - ајде да речеме дека е добра, ама од емисија во емисија се' повеќе фалшира. На почетокот беше подобра. Сепак сериозно изгледаше за своја возраст и ме нервира што за се' нешто се смее како незрело дете. Ива - значи не го можам девојчево. Нешто не беше во ред со нејзиново пеење вечерва, дефинитивно. Како пониско да беше отколку што треба. Не знам. А кога ќе пушти глас - ме иритира. Ма ме иритира целата нејзина појава. Баш како што рекоа (преведено на мој „јазик“) - на сцена самобендисано, а вака - лажна скромност и лигавење, најмногу што мразам. Ми стана одбивна уште кога почна да плаче за да помине понатаму во куќите на судиите. Ме потсети на Тамара од лани. Тарик и Аднан - не ми се за тука некако. Не знам, не ми се допаѓаат. Боби - си растура. Тоа е. Милан - детево ме растревожува. Значи, толку е скромен и толку е наивен и добродушен и тажен... Срце ме боли кога му ги гледам реакциите во секој момент од шоуто. Ќе се расплачам еден ден, жими јас. Леле Каролино... Можеби има еден од најдобрите гласови на Балканов, ама толку е уфилмана... Толку ме одбива со ароганцијата, со самобендисаноста. Одвратна е. Елена можеби и вулгарна е често пати, ама барем приземна е, којзнае, можеби заради тоа што на сличен начин почнала да ја гради својата кариера. Ова е едно дигнато суштество, не можам да опишам што предизвикува кај мене... Башка, на сцена ми делуваше како да има една црвена вреќа полна со коски и кожа, а горе една испиена фаца со разбушавена коса. Па не сака ни муабет да направи со водителине. Страшно. Ајде сега да видиме со излегувањево што ќе испадне. Да видиме какви катастрофални грешки ќе направат, како и обично.
Посакував и јас, ама она балканското секогаш испливува на површина... Многу ми е жал за Илија и многу ме нервираат луѓе што со лигавење се борат да постигнат нешто. Илија си беше достоинствен, алал да му е. А жал ми е и за Милан, ама сепак не беше толку квалитетен. Како и да е предобро дете ми е и многу ми е жал за него. Ајде сега да видиме кој квалитет ќе лета. Како многу да се двајца Македонци сега во шоуво? Тоа ќе биде штета. Морам да признаам дека годинава има доста културни и прибрани луѓе, во смисла - не се караат со жирито, не превртуваат со очи, не прават гримаси на секоја критика. Од тој аспект сум задоволна, освен со оние кои се лигават.
И мене многу ме изнервира минатиот пат кога пееше песна од Тоше на српски, а сега пак Многу ме нервира и кога српски зборуваат, а лани ДАниел можеше да зборува цело време македонски
Само за Нина не ми е жал што излезе . За Давид ми е криво што излезе затоа што ми беше многу помил од Боби и баш мислам дека почна повеќе и повеќе да се снаоѓа на сцена За Милан ми е криво затоа што во овој лајф покажа како знае да пее,колку беше емотивно и колку тој самиот е мил се осеќа дека детето има добра душа А Илија ми беше еден од поомилените најмногу ми се допаѓаше неговиот специфичен глас