Е тоа ти е, а ќе останат оние ко магариња што се дерат. (Ич не сакам да навредувам, ама премногу е ) Да ми се исуши устава со прогнозиве, ама веќе предвидливи се премногу.
Искрено жал ми е што испадна Давид , добар вокал и сепак е наш и не заслужи како до сега за сите 2-2 беше а сега сите против Давид !
Јас не разбирам што гледаат во овие Аднан и Тарик? Баш ми е жал за Давид, бар да оставеа публиката да одлучи.
Па сигурно и само девојчиња ги гласаат.. Страшно еј, и сакаат ова да биде шоу на висина на светските, абе не ме смејте.
Предосеќав дека Давид ќе испадне коа кажаа со кој ќе ја пее песната за спас. Наместо публиката да одлучи, Масимо во свои раце си зеде, глупости. Али како така, како смее и оваа година Македонец да победи, брука ќе биде.Давид може во уста да го носи Антонио со гласот, и ива и 9контрол па и хајвеј трио.Не е фер, не е.
Воопшто не ми е криво што отпадна Давид. Некако многу извештачено и неспонтано ми се однесуваше, особено во последно време. А и неговите настапи не ме воодушевија нешто посебно. За Милан е друга приказната затоа што ми беше еден од фаворитите покрај Боби, Амел . И заборавив да кажам дека бојс бендовите ми се скроз безвезе. Незаслужено ги форсираат.
Овој твит што го прочитав вечерва најмногу се поклопува со моето мислење за отпаѓањето на Давид вечерва http://i.snag.gy/z99yW.jpg
Оваа година најголеми шанси за да победат имаат 9 control, иако мене искрено не ми се допаѓаат. Ако не победат тие сигурно ќе бидат Аднан и Тарик. Давид не заслужи да си оди. Одлуката требаше да ја донеси публиката, а не Масимо. Ова шоу на учесниците му носи само едногодишна слава и ништо друго. Потоа ги оставаат сами да се снаоѓаат. Јас искрено не се сеќавам кои се се натпреваруваа минатата година.
Јас мислам дека Амел има најголеми шанси за победа, а и навистина човекот растура со пеење. И многу ми е жал што испаднаа Милан и Илија, сношти беа одлични
Давид излегол а бееееееееее не го гледав ама сигурно испеал феноменално, ееее како го исфрлија ѓубриња.
Не знам што се чудите што жирито го исфли Давид,кога одлучија еден вонсериски вокал како Јелена да се стави во раце на публика,стварно не знам зошто е чудно. Не ми е мило што Давид испадна ама повеќе бев за Highway.Можеби не се вокално толку добри ама мене ми се баш талентирани. За Милан ми е жал најмногу,не сфаќам зошто него не го гласаат а Ива ја гласаат цело време кога девојчето врска нема од пеење и само некои лесни песнички бира? Што е проблемот,глуви ли се луѓето? Нина одамна требаше да си излезе,за Илија онака ми беше,дечкото се покажа како маж а не како Антонио Човечки е да се плаче ама оди таму зад сцена после исплачи се.. Ако победи Ива или Аднан и Тарик,не знам стварно што да кажам а така изгледа ќе биде... За Боби секоја чест,Давид страшно ме изнервира што по втор пат песна од Тоше на српски немам коментар Еве еден твит на кој се згазив од смеење ,,Iva ima prepoznatljiv glas i zato treba proci..pa I Ekrem Jevric ima prepoznatljiv glas sto ne znaci da ume da peva #xfactoradria''
Не ми е толку криво за Давид, колку што ми е за Милан. За Давид навивав дека е наш инаку неговото однесување ми е многу некако вештачко. Детето мош си е такво, ама не знам, не ми се свиѓа. Боби е еден до најдобрите вокали, иако освен тоа нема многу други квалитети, да ме извините, малку ми стои како прост, ама за пеење - растура! Не знам зошто Милан не го гласаат, особено после онаа песната Ко лијана, ми беше фаворит. За Нина мислам дека постојано и бираа лоши песни кои не и дозволуваа да ги истакне своите вокални способности. И за Илија ми е криво, некако неговиот глас ми е помил и емотивен од оној на Антонио. Highway trio иако немаат кој знае какви гласови, ми се чинат онака доста талентирани, и донесуваат добра енергија. 9 Control ми немаат врска, ама најголеми гласачи на икс фактор се девојчиња па нема да ме изненади победа на оваа група. Единствено Фарис ми е симпатичен, оние другите се ќутуци, а особено оној што најмногу се форсира, многу ме нервира. Ова шоу губи смисла, бидејќи личности што стварно имаат и глас и икс фактор како Јелена, Данијела, Милан и други испаѓаат поради тоа што публиката главно се тинејџерки. Онаа Ива нема врска значи, само такви некои лагани песни пее, да и дадат некоја вокално попредизвикувачка нема да знае уста да отвори, хаос! Аднан и Тарик се зезанција помалце, интересни се, но немаат некој јак талент. Навивам за Амел, Боби и Highway trio.
Многу ми е криво за Давид, значи ептен ми е криво, за разлика од Боби он е доста по симпатичен и поубаво се изразува, одлично владее со јазиците, на сцена се понаша пристојно а и во гласовните способности стварно и двајцата се врв, а Бoби ко малце прост и наивен ми е ама во пеењето Р-А-С-Т-У-Р-А, и покрај тоа што ме нервираше понашањето на Давид тоа со текот на времето ке се сменеше (ви текнува Кајмакоски како се понашаше на почетокот, а како сега? по една година работно искуство? тоа форсирање kaј Давид ќе опаднеше, маската полека ке ја снемуваше и ке искочеше само квалитетот на детето) али тоа е..кај може македонец пак да победи на XF па што ви е на вас тоа е брука..
Ај и јас да прокоментирам малце. Самиот факт што направија две вечери за гласање ми е булшит, е и чисто направено ради правење пари да бидеме реални, и сосема е нефер. Во однос на излегувањата единствено мило ми беше за Нина, затоа што девојката не е доволно вокално способна. За Давид, Милан и Илија и мене ми е искрено криво, сите тројца ми беа интересни на свои начин и убаво пеат, ама реално ете Давид го ценев повеќе ради тоа што е од тука, инаку мислам дека и не би го преферирала. Милан ми изгледа како многу мила личност, се гледаше дека многу емотивно ги доживуваше работите, а Илија има доста специфичен вокал. Магдалена и Ива некако ми немаат никаков впечаток оставено, досадни ми се и не заслужува ниту една од нив да победи, ниту да оди во финале Амел е одличен, квалитетен глас, нема што да се коментира. Боби искрено пее и растура, и се надевам дека ќе го видам во финалето, мене ми изгледа како на многу скромна личност. Антонио има убав глас реално, ама досаден ми е... Аднан и Тарик ми се некако лабави, не ми изгледаат премногу посветени и заинтересирани. Highway ми се некако интересни, поуникатни ми се од 9 Control кои што се типичен бој бенд. Ми се допаднаа последниов лајв, ама кога ја пеаа онаа евровизиската, многу лошо ми звучеа. Како и да е, слабо сезонава.Уште не можам да го преболам Никола што го исфрлија, човече каков талент е човекот!
Овој Амел јас го знам од друго талент шоу на времето пред повеќе од 10 години на ОБН имаше талент шоу и тогаш со своите 13 години бев заљубена во него. Не гледам Х фактор, само на фб ми излезе во луѓе кои можеби ги познаваш Аmel Curic и онака името и презимето ме вратија во детството. Отворив да видам, кога тој на х фактор бил сега. Мислам дека и на тоа шоу беше омилен, и победи на крај. еве