Оффф, Жељко, зелко една! Луѓе, не знам дали некој го запази настапот на Жељко. Прво песнава му е... Ај да не го коментирам за песната, и така не слушам баш балканска музика (со некои исклучоци, во кои не е музиката на Жељко), ама настапот? Му доаѓа типкава, го отвара послужавникот и KINDER SURPRISE! Играчка - синтисајзер на која Жељко го има солото на својот живот! Боби беше добар, нешто како проблем да имаше на почетокот, секако, не бива без проблеми, нема да биде тоа-тоа. А овој X-Factor многу песни од Тоше се пеат, лесно може од глава да им се акне на луѓево (на Давид веќе му се случи тоа, Боби си го бара...) Магдалена - не знам, од толку песни на светов најбезвезни за живи настапи да се бираат... 9 Control - добри се они стандардно, само не знам со песниве што е... Се читаме подоцна пак!
Мене пак целава сезона ми е досадна. Цело време се трудат да направат нешто интересно, некое шоу, ама џабе, не им успева. Оваа сезона и кандидативе не им се нешто баш, ама како и да е мислам дека Боби нема да победи.
Се согласувам со Теа, вторава сезона далеку поблед впечаток ми остави од првата. А и некако ми се чини како пребрзо да ми помина, особено лајвовите Иначе омилени ми се 9 control, Амел и Боби ќе ми биде драго било кој од нив да победи.
Highway - ова ли е легендарната Do I Wanna Know од Arctic Monkeys? Лелеее, што ќе правам што ич не сум во тек со новава музика. Како и да е, добри беа, иако дечково има доста чуден глас. Мислам, си има длабок глас и тоа е убаво, но на моменти не звучи пријатно, можеби поради тоа што нема контрола баш над својот глас, ама во секој случај можеби најдобар настап до сега од нивна страна. Ете ја Ива пак со жалопојките нејзини. Сега разбирам зошто не пуштала глас, малку во ганглија ме удира кога ќе запее со полн глас. Не, не и не. Не обожавам женски вокали, јас си сакам машки глас само да слушам, жени многу крештат, а кога не го прават тоа се само досадни. Амел - ... Тоа е тоа. Ако победи - заслужено ќе биде. Се сложувам дека оваа година беше некако подосадно. Побрзо помина се', за разлика од лани кога ги гледавме постепено низ секоја етапа како минуваат. Сега како само да избрале, како да кажам, полупроизводи и тука ги презентираат и ги претвораат во готов производ. Немаше суров талент оваа година, ако ме разбирате што сакам да кажам. Сепак е талент шоу, а не шоу во кое доаѓаат да се натпреваруваат искусни или школувани гласови. Како и да е, бидна... Е сега, овој дечково од групата што водителски ја „менуваше“ нашата Снешка (патем тука некаде се на интелектуално ниво), ме интересира како е тој помалку феминизиран од Давид, на пример, бидејќи сите таа маана на Давид му ја најдоа. (Инаку мене и Масимо ми е феминизиран, ама дали тоа го прави помалку вреден како уметник?)
Навистина. Оваа сезона премногу брзо „летна“. Мислам дека минатата сезона траеше со векови. Како и да е, гласам за Боби, неговиот глас е извор со енергија и емоции. Не е ништо полош ниту Амел. Напред момци!!!
Ланската сезона ја пратев од почеток а оваа не, ама оваа година има далеку поквалитетни вокали. Лани освен Даниел и Илма, па и Маид другите беа чист просек
Како бе финале денеска. Како на трчај-мочај ми помина оваа сезона. Ајде што е,тоа е. Лани како повеќе да беше публицитетно. Како и да е ,си гласав јас за Боби. Традиционално секоја година,си го подржувам нашето
Браво Боби! Секако дека Ива проаѓа. Како за мој инает ова. Ајде пријатно и за Магдалена. Квалитетот мора да се отфрла, тоа е непишано правило. Наместо Ива да си оди... Ај, многу се нервирам.
Браво за Боби одличен беше со првата песна, само како бе луѓево ја гласаат Ива не ми е јасно. Ај да имаше глас некој вау ќе разберам ама вака... Магдалена која пее одлично испадна. Не ми се верува. Амел одличен како и секогаш, само искрено следни што сакам да испаднат се или Ива или црногорскана група Highway кои не ми се допаѓаат нешто нај нај
Стварно Ива има интересна боја на глас ама ништо не покажа до сега, баш шептачка како што ја нарекуваат по интернет Ако победи ќе биде брука.
Оваа година нема никаков предизвик во шоуво. Лани ги тераа да менуваат стилови, да се трудат, да изведуваат некоја кореографија, да бидат различни. Оваа година ги поддржуваат само во стиловите во кои прв пат се појавиле, сите стојат во место, ништо не се случува. Не се чудете зошто не е интересно како лани. А дека има поквалитетни вокали годинава - така е. Ива ако победи, не знам... Нема збор со кој ќе можам да искажам кое незадоволство ќе го чувствувам.
Минатата сезона мене ми беше далеку поубава и поинтересна и жирито ми беше поубаво. Оваа некако набрзина помина, се набрзина, наеднаш
Не очекував дека 9control толку брзо ќе ги шутнат,сакав да ги слушам повеќе ама песната ги зезна многу.За Магдалена ми е жал,Ива заслужуваше да летне место неа.. Девојкава со рецитирање се провлече до финале,страшно.Ако победи шоуто ќе го допре дното. Амел браво,најдобар и најмногу заслужува да победи дефинитивно ! Highway ми беа многу добри,не знам зошто сите очекуваат да звучат слично како АМ или не знам веќе што,дечките се уникатни иако не се некои вонсериски вокали.Најмногу ги сакам заради изборот на музика цело ова време.Боби си е стандардно добар Во секој случај сите се подобри милион пати од Ива.