Правдата е задоволена,ми олесна што Ива испадна. Сега кој и да победи сеедно ми е.И двајцата се извонредни. Ама мојот фаворит,вистинскиот х-фактор одамна испадна и сеуште ми е жал што не е тука а тоа е Никола..
James Arthur -глас за кој не е потребна матрица,гитара..повеќе од доволно. а после него... Jelena Rozga-балканска работа:малце нога,газ,провокации,песна со безврска текст(читај:без текст) и тоа . Инаку,Боби и Амел-сосема заслужено.Било кој да победи нема да ми биде криво.
Мислам дека веќе се знае победникот. А и заслужува човекот. Боби е одличен ама да победи пак македонец шанса нема.
Боби со Show must go on УБИ !!! Амел заслужена победа, некако така осеќам а и вреди човекот стварно. Ива добра беше, подобра од Магдалена вечерва. Магдалена многу лош избор на песни, лош микс, не ми се свиѓаше ич. Highway ме изненадија, предобри вечерва, посебно со песната од Artic Monkeys. Јames Arthur ме стопи, уживав, само колку сакав да сум таму сега, да го слушам во живо..ахх <3
И јас прв пат гледам оваа година и тоа сега пуштив читајки Ве на форумов... Минатата година не испуштив ниедна емисија, ама годинава... Ова е финале??? И јас не верувам дека две години по ред ке победи Македонец!!!
Јас ни лани не верував, па се случи. Овој Амел има глас, ама некако антипатичен ми е, има малку мутава фаца.
Сакам боби да победи, убаво пее, скромно момче, а амел веќе имал учествувано во друго шоу. Ама и колку да е добар боби, нема шанси да дозволат да победи уште еден македонец, така да амел секако ќе победи
Леле па оваа Розга па веќе аман. Не можам да ја слушам, толку иритантен глас и иритантна појава... А зошто ја форсираат толку, стварно не ми е јасно. Донесле ѕвезда од светски ранг, а после него оваа кокошкава крека. Која споредба, односно, нема споредба. Туку, вака-така, нашиов може пак да победи. Да ви кажам, последната песна од Меркјури ја испеа страшно совршено. Браво за нашиот Боби. Сакам да победи, нормално, ќе ми биде многу мило ако и оваа година победи наш ама и Амел ако победи, нема да ми биде криво, ќе биде заслужено.
не бе кaквo oчигледнo тaмaн рaбoтa. Пoише се, и плус екстрa креaтивни сo висoкa дoзa нa уникaтен стил .
@RainBow Абе Босанец, такви се, ама некако весели се, некако не е злобен Амел (Маид лани ми беше по малку). А Боби цела дискографија на Бон Џови му ја знае и му ја испеа.
X factor ќе нема смисла ако повторно победи македонец и Боби е добар ама Амел според мене треба да победиии..❤
Мислам дека требало некоја помоќна балада да одбере. Убава си е песнава, ама нежничка. Иако добро си ја пее, само мислам дека повеќе ефект ќе имаше со нешто појако.