Wow, неможам да поверувам. Боби не оди понатаму???? Баш ме интересира причината поради која не продолжува....Се разочарав.
Сигурна сум дека Давид ќе оди понатака .. Можеби затоа што сепак двајцата македонци не е можно да одат понатака сигурна сум во тоа дека така ќе испадне ..
На аудициите изгледаше добро, ама вчера како да беше сосема друг човек. Изгледа феминзиирано, и има многу геј потези. Уште одма му лупнала славата, па посветува песни на бранителите.
Да машките се 9 Control а женската група се вика АndjeliNЕ Инаку годинешниов икс фактор не ми е толку интересен како лани. Прво криво ми е што едно плаво девојче не помина заради психолошките анализи на Жељко, второ поврзано со Жељко сметам дека годинава има најслаба група за разлика од лани... таа Ива на живци ми оди, којзнае какви врски има. Додека групата на Масимо е стварно јака. Вчера не гледав, после набрзина само ги слушнав тие што поминале.За машките знаев дека од тројца нема да може да поминат двајцата македонци, само незнаев кој ќе помине. А од групите знаев дека ќе одат машката и женската, но наместо фамилијава мислев дека ќе одат Тарик и Аднан.
Ги изгледав скоро сите емисии до сега,вклучувајќи ја и вчерашната и не сум нешто воодушевена од судиите особено Жељко и Александра. Жељко ми е типична српска сељачина,џабе му талентот за музика кога прво тој соли памет за понашање,а го нема. Неговата група е дефиниитивно најслаба заедно со онаа на Александра.Од неговата група единствено Катарина ми се свиѓа. Александра е скроз наопаку жена,сестра и врв ми беше.Тројцата што ги исфрли и беа најдобрите од нејзината група,значи немам коментар....Боби многу повеќе мив се свиѓа од Давид,тој уште од почеток ми е антпатичен а во пеење ми е просечен. Групата на Масимо е најдобра според мене,а и тој е срце човек.Никола ми е веќе фаворит а и секоја чест на девојката како пее. Тончи од времето на операција тријумф не го сакав,ама сега ми е баш супер.Единствено тој не драмеше со донесување одлука од тип,мении је јако тешко и слично..Изборот му беше супер се додека ги пушти тие најдосадните а Аднан и Тарик ги исфрли.Тука малку не ми беше јасно но добро.. Дали некој знае кога почнуваат емисиите во живо?
Јас колку што прочитав денес од следната недела се лајвовите За Жељко можеби е српска арогантн фаца и јас не го сакам ама морам да признаам дека е професионален во тоа што го работи. Да Драма квин е и сака да прави шоу од сё, ама затоа е и одбран он пак да биде дел од Х фактор. Да не заборавиме дека он му беше ментор на Даниел и го донесе до победа. Според мене веќе се знае победникот на овогодинешниот Х фактор - Магдалена Богич, вокал, глас, стас, шармантност, девојкава сё си има. А за Ива мене лично ми е преслатка, толку е слатка и шармантна што ретко кој би и одолеал, она не е вокалиште некое ау ау ама мислам дека човек може да ја слуша со саати со уживање. Чисто за споредба лани Тамара беше таа што не пленуваше со емоција и шармантност а не беше некое вокалиште, па дотурка до 2ро место. Ќе видиме како ќе се покажат на лајвовите
Стварно што е овој нашиов ко на некоја дрога? А не е лош и вокално и добро изгледа ама пренесен ми е некако
Овој Давид подхитно нека си го смени понашањето и потезите, вака како сељак ми личи.Иначе вокално е предобар ама не личи бре вака да се понаша.
Како бе ви се понаша Давид ? Мене ептен ми е срце мислам дека е збунет има трема,ќе се опушти во другите емисии ќе видите
абе девојки кај е девојката од анџелине? нели беа 4? не гледав на почеток, па затоа и прашувам? инаку сезонава нешто слаба, не сум многу многу задоволна, ма да ќе видиме што ќе се случува понатаму....