Ова се дешаваше и лани, подобрите испаднаа први заради vox populi што би рекол Масимо. Од многу демократија ова се дешава. Мене и Никола и Милан ми беа едни од подобрите вечерва. Општо Никола е бог кога се работи за сцена. Мајстор. Милан е одличен но е млад има уште многу да учи. Мене Жељко оваа години ми го има најлошите кандидати. Убедливо. Оваа Нина беше нај крш. Масимо пак ја скраси со нај коментар, ко да пееш караоке. Мене и оној хрватот младиот со плава коса не ми е нешто нај нај во лајвовиве, на аудициите развали ама сцена ми се губи некако. Давидчо не е лош, ама беше и подобар, не му лежеше песнава. Мене бендовите за прв пат ќе кажам дека ми се топ, освен трите девојки кои не се сјајни другите сите се феноменални.
Се фатам јас за некого,одма испаѓа аман..Така лани Младен,сега Никола Луѓево стварно немаат слух,убаво рече и Александра гласаат за изглед а не за глас..Таков е балканот за жал.. Прво целата процедура не им е фер.Два лајвови,во првиот ставени скоро сите со јаки вокали,а вториот според мене се сместени оние поужасните и заради вакви работи ова се случува...Ама од рекламите не можат сите во еден да ги сместат Значи многу ми е криво за Никола,еден од најјаките вокали.Само не знам дали тој ги бира песните или менторите им ги бират,без разлика ,ужасен избор на песни од толку голем избор,само балкански цел вечер со мали исклучоци.Инаку на Никола можеле некои песни на англиски да му дадат,зашто многу може така да се покаже. 9control се стварно фантастични и мило ми е што таква песна имаа,дечките се супер а посебно Фарис вокално ги вади Нина се удави во фалшеви и не знам како не заврши во двобој Не знам дали само мене Аднан и Тарик ми се премногу исфорсирани,голем дел со гласовите што ги имаат можат да ги изедат
Бев запрепастена од вчерашната епизода. Од толку евровизиски песни и хитови, сите се фатија за балкански песни. Детево од Хрватска што настапуваше (никако името да му го запамтам од што не го сакам), мислам дека го згрешило шоуто и дека требало да се пријави, на пример, на Звезде Гранда. На овој Милан што се врати, не знам што му беше проблемот, дали песната не му одговараше, ама се утепа од фалширање, а на сцена никакво однесување. Никола е огромна штета што излезе. Ама тоа е, дека те бива, треба да снимаш плочи - оди си, а ние тука ќе се занимаваме со антиталенти. Јелена беше ужасна со песната што ја изведуваше. Дали имаше некој проблем, дали песната е никаква - не знам, ама ова беше нејзин најлош настап. Башка и нејзе ја бива, и таа треба плочи да снима, ама тоа не е пречка да ја задржуваат во шоуто. Еххх, нашиот чудесен Балкан! Нина веќе е време да си оди. Болна од почетокот, мислев дека минатиот пат тоа е причината што така лошо испеа, ама сега наводно здрава, а ме болеа ушите додека пееше. Наравоучение - не е исто на сцена и претходно. Тие Аднан и Тарик исто така не знам зошто ги вратија. Не ми се јасни. 9 Control беа супер. Јас сум изненадена што се појави воопшто група што добро звучи. За Давид исто така немам замерки. Мислам дека песнава во негова изведба звучи помалку иритантно отколку кога ја пее Калиопи. (Калиопи најверојатно има вонсериски гласовни можности, ама за мој вкус, има неподнослив глас и не ја сакам како изведувач). Интересно е само колку се обидуваат да го обесхрабрат и да му најдат маани на детево. Дефинитивно требаше да има и еден македонски член на жирито. Се надевам не пропуштив некој. Ако сум пропуштила, кога ќе ја коментирам вечерашнава епизода, ќе се навратам. Со еден збор - Бог да чува...
Мене еден од ретките фаворити годинава ми беше Никола, одличен вокал, и навистина ми е криво што излезе, се гледа дека е квалитетен пејач и го бива. Инаку годинава, некако не ми е интересен х факторов, и се согласувам дека е многу нефер со ова двеве елиминациски вечери. И да, вчера најлоша беше Нина, толкаво фалширање, не знам како пројде.
Воопшто не мис е допаѓаше синоќешната епизода Аднан и Тарик ми ја расипаа омилената песна ,значи ептен беше катастрофа ,ептен ми се ту мач 9control - ми е предобри ептен убаво звучат Давид - супер ми беше,очекував дека ќе ја пее Ангел си ти од Тоше И ич не ми се допаѓаа панталоните шо ги носеше Нина - сака да живее на стара слава како што ми изгледа,ептен беше надвор од интонација и баш звучеше како на караоке како што и кажа Масимо Јелена- ми е убава како појава ептен,добро пее но мислам дека песната од синоќа ич не и одговараше,може и подобро таа Никола - жал ми е што излезе ,не ми беше меѓу омилените но добар пејач е светски ми звичи Синоќа не беше негова вечер Милан - нема да го коментирам затоа што нема што да кажам,незнам зошто воопшто го вратија... Се надевам вечерва ќе биде подобра од синоќешната емисија
Најголема грешка на Александра е што го исфрли Боби.Никој од финалистиве не може со него.Кога Полско цвеќе ќе ја испеат вака нека ми се јават