Боби растури, генијален е. Црногорскава група слаба нешто беше. Ива како Ива... тивка, се губи. Магдалена - нема коментар, можеби најсилен кандидат на Жељко, жими неа ја погоди. Сам си е виновен што си ја пропушти Плешко... Амел е одличен, Масимо има многу зрели, талентирани и спремни кандидати. Ангелиниве беа многу подобри од претходниот пат. Се спремиле доста добро. Илија си е стандардно добар. Баш специфичен глас и начин на пеење. Ќе биде жестоко вечерва. Само да не се направи катастрофална грешка како вчершната.
Искрено, прв пат да ми се допадне некоја група како звучи.На почетокот не очекував ништо посебно од ниту една група, ама 9Control ми се дефинитивно најдобри и ми се фаворити. Исто така, ми се допаѓаат настапите на Ива и Магдалена.
А зошто не вечерва не пееја Давид, Нина, онаа мајката и мислам дека имаше уште некој. Пропуштам ли јас нешто? Да не се испаднати? Што стана работава?
И мене не ми е јасно една работа.Зошто секоја вечер настапуваат различни кандидати?Зошто не настапуваат сите заедно во една вечер? Или дека не го гледам редовно, туку само површно, па сум пропуштила нешто или навистина оваа сезона е целосна утка?
Едни испаѓаат други се враќаат. Направија да пеат во две вечери само да се праќаат повеќе пораки и за да заработат повеќе. Сега и некоја Даниела се враќа. Некако ми е безвеза оваа сезона.
Не знам дали слушнавте додека Снеже им правеше интервју на Рома Сијам и ги праша какво е чувството да се биде дел од шоуто а да не се натпреваруваат едниот и рече исто како тебе икс трактор.
Мислам дека дечкото се викаше Илија, ја пееше песната на Норвешка - Fairytale. Мене воопшто не ми се допадна. Сакаше да биде оригинален, да не го копира изведувачот на песната, меѓутоа испеа многу млако. Песната е весела, и би требало да ја изнесе на весел начин. Желко даде убав коментар во врска со него. А, девојката што пееше по него, не знам како се вика, преубаво испеа, толку млада, а каков моќен глас. Сега за сега немам фаворит. Снежа навистина ме нервира. Ако мора да се зборува на српски зошто тогаш не научи да зборува убаво. Кој ја избрал и годинава да биде водителка не ми е јасно.
Задоволна сум што испаднаа Анџелините Доста им беша 2 емисии дури и премногу... Се изненадивв што Даниела се враќа интересна е Немам некој посебен фаворит до сега.Магдалена многу ми се допадна а Црногорската група ми беа катастрофа
Лајвот од вчера многу слаб,како што реков послаби пејачи има,сеедно ми беше кој ќе испадне.Амел ми беше најдобар,без сомнеж и може да го ставам Боби покрај него Водителкиве се прави кокошки,која од која полоша...Само Аца супер Не ми е јасно зошто луѓево толку ја гласаат Ива,како што гледам ке отиде далеку а девојчево е ужас. Јас сеуште не можам да верувам дека Никола испадна и ќе жалам многу време .. Но добро,тој е единствениот што има свои песни и има добри преработки и тоа ќе му остане,познат е во Хрватска а другите сите ќе бидат заборавени,освен победникот,и после ако добие некоја песничка И не ми е јасно зошто имаше judges houses,можеа сите да ги пуштат да пеат,глупости Еве нешто од маестро Никола и неговиот бенд,уживам во неговиот глас Не ја сакам Лана дел Реј и нејзиниот досаден глас,ама песнава како да не е нејзина
Катастрофа, на секои пет минути реклами, водителите се за никаде (посебно Снеже). Амел и Магдалена најдобри.
Годинава ми е предосаден Х факторов и само заради Боби гледам кој има совршен глас. Сакам шоуво да му помогне за да си изгради своја кариера. Другиве сите ми беа досадни, дури и Амел кој на повеќето им е фаворит и истиот имал и свој албум или пак дека премногу си ја сакам Лејла од Хари, па ми ја уништи песната.
Па мене Македонците ми се супер, од другите така некако повеќе ми се допаѓаат Амел и Магдалена, факт е дека сите знаат да пеат и се добри на свој начин, освен Нина која не знам од која причина, ама навистина многу лошо звучеше на последниот настап. Водителите некако ми се премногу несериозни, не знам зошто така се однесуваат како на зафрканција се да им е ... минатиот Х фактор мислам во секој случај беше подобар, па ќе видиме понатаму како ќе се одвиваат настаните
По толку барање ја најдов темава епа вака ... Желко незнам во кој филм ми е влезен... Од неговите најјака ми е Магдалена абе царица е,ама некако не е таа што беше во ќуката на судиите и во аудицијата. Александра ги има нашите момци и посебно сум горда на Боби брачедот. Но мене ми се допаѓа Илија абе душиче е па како пееше во ќуката на судиите па тоа 5 дена без престан го слушав. Давид ми е исто така одличен ама мн се притресува пред камери. Јас мислам дека Масимо има мн јаки кандидати пеат растураат!! 9control ми се број 1 за нив сум,со нетрпение ги очекувам! А Тарик и Аднан ми се интересни многу но ништо посебно иако на youtube растураат... И така јас кај секој член си имам кандидат фаворит ама 9 control ги издвојувам ... Снеже ми е мизерија бе ... Многу се брука,ама она ми е таква цел живот откако знам за неа
Х Фактор оваа година ми се чини има подобри кандидати од лани. Споредени со Илма, Харис па Лукијан Алекса Тамара брррр ужас. Фаворит немам, сите ми се добри но никој до сега ми нема фатено уво и не сум го преслушала два пати. Глупаво е малку што бркаат еден враќаат друг, во ниедна друга емисија не правеле вака, враќаат само еден и готово, колку души вратија овде до сега, 3-4? Па и со гласањето што сторија? Прво гласајте после чујте ги како пеат. Глупости. Магдалена е супер кандидат, глас има многу добар и моќен. Верувам ќе дотурка до топ 3. Од менторите Масимо е најсупер и мислев ја има најјаката друпа но отиде Никола за жал. Од групите сум пријатно изненадена, сите звучат подеднакво добро иако овие двајцата што се, Аднан и Тарик се двојат. Тој битбокс ми е одвишоооок. Овој што пее има супер глас но штом го слушнам тупц тупц кога му се умешува у пеењето ауууу не знам, тотално непотребен. И што е работава што има два лајвови, еден во недела еден понеделник? Се е испомешано годинава, само повеќе пари да соберат. Жално. Уф.
Досадно ми е шоуто пред се ради водителите кои знаат да напраат се одколку спектакл во најавување, поставуваат некој провокативни глупо провокативни прашања до кандидатите, Снеже ме вади од такт искрено. Друго се ми е океј и жири и има добри таленти.