X Фактор Адриа 2015

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Snow-Queen, 15 јануари 2015.

  1. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.764
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски
    Мене па баш водителите Антонија и лепотанов ми го праат шоуто интересно.:D
    Ќирито ми е мноогу подосадно за разлика од минатата година, кандидатите исто така подобри.
    Николина и Снешка наша не би да ги коментирам, па поготово со оние глупите прашања што ги поставуваат, дно дна.|(
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  2. skorpija123

    skorpija123 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.624
    Несакав Јелена да испадни, баш има добар глас
     
    На Juuuuulie, angelche16 и Arthur им се допаѓа ова.
  3. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.312
    Пол:
    Женски
    Нина - овој пат добра беше, конечно после толку време
    Тарик и Аднан - сеуште не ми се допаѓаат како дел од шоуво, не ми се за тука
    Ива - има некој тап, тивок глас, ме успива. Ќе видиме ли нешто подинамично од девојчево или само ќе ни шепоти цел X-Фактор?
    Илија - стандардно ок
    Боби - како и секогаш одличен, глас вади - ненормално нешто, да се згрчиш од страв да не исфалшира
    Црногорци - не ги бива луѓево. Некако не пеат, туку се дерат. Или не си погодиле песна или не знаат едноставно да пеат.
    Јелена - лоши песни бира последниве два пати, според мене. Квалитетна е како вокал, малку и ја форсираат, ама лоши песни.

    Генерално некако лоши песни изведуваа вечерва. Тема - љубов и тоа е се' ок, но тоа не значи дека треба или само балкански песни да се изведуват или само нови странски. Можеби грешам, можеби не е во мој стил музикава што ја изведуваат, можеби јас не сум во тек со новиве трендови, ама во уво не ми влегува.

    А за водителиве не знам што да кажам. Хрватицава на сцена - meh, дечково е ок, Снеже си е Снеже, мислам дека истото што се коментираше и лани важи и оваа година. Тоа е една легенда (во лоша смисла), а сега делува толку изгубено, чудо. А Николина е жив промашај; шири некоја безживотна енергија, како баба да седи во бекстејџ. А да не зборувам колку ми пречи што ќе постави прашање и во сред реченица ги прекинува. Лошо...

    Го пишав вчера текстов, а заборавив да го пратам, ама тоа ми даде можност да кажам дека сум доста изненадена што во дуелот изгуби Јелена и не се зазема жирито за неа. Ама како што реков - лош избор на песни последниве пати и тоа е тоа.

    Ќе видиме вечерва...
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.420
    Допаѓања:
    9.612
    Пол:
    Женски
    Да гласаме за Давидче :D:*:D:D
     
  5. malecko5

    malecko5 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    1.141
    E znaci poveke ne mozea da se izblamiraat ovie od x factor...ja vrakaat Daniela i posle ja isfrlaat zosto im trebase ova? :-\
     
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.225
    Допаѓања:
    91.837
    Пол:
    Женски
    Публиката гласа за жал и според најмалку гласови затоа баш она.
    Мислам дека и минатата сезона имаше една таква случка со една членка само што ја повратија во натпреварување ја исфрлија гласвоите од публиката.
    Предобра ми е Даниела и криво ми е што излезе,криво ми е и за Јелена и Никола кои за жал излегоа а беа премногу добри ....
     
    На rhcpfan и Rose96 им се допаѓа ова.
  7. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Се повеќе и повеќе ме разочарува оваа шоу и одамна сакав да прекинам со гледање ама ај кога почнав ке одам до крај...
    Немам коментар за луѓето што гласаат,глуви ли се или што е проблемот..Јелена што според мене беше еден од потенцијалните победници (најмногу доликуваше за такво нешто) ја шутнаа,а најдобар глас имаше.Ама Балкан...Сега сите најдобри на Масимо ги шутнаа и сакам Амел да победи затоа што ми е најблиску до тоа што треба за х фактор.Изборот на песна му беше лош,ама секако е фантастичен.
    Аднан и Тарик-мене дечкиве сеуште ми се исфорсирани и ако победат јас веќе нема да гледам емисии од овој тип.Песната од Жељко ја почна убаво и кога дојде оној со делот дупси дупси беше смешно и глупаво во исто време.
    Ива,девојката појма нема од пеење,не може уста да отвори глас да пушти.
    Нина овој лајв се оправи ама оние предходните не се за опростување,сепак бев повеќе таа да излезе.
    Од овие на Александра само Боби ми се допаѓа како пее,другите не се ништо посебно.
    За Даниела баш ми е жал,не ми се допаѓаше од почетокот ама девојката стварно беше добра и мислам дека и требаше уште една шанса,се гледа дека Милан не го гласаат.Магдалена исто на почетокот не ми се допаѓаше како пее ама гледам сум грешела,девојката е најдобра од тие на Жељко.
    И за крај да ги оставам двата бенда.
    9 control се стандардно предобри,ептен добар спој.Црногорциве во првиот настап ми беа лоши ама за овој втор фантастични.Па и тој плавиот што пееше најмногу,ептен секси :inlove::$
     
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    Добро мене ли само Аднан и Тарик ми се ПРЕОДВРАТНИ??? Што е со ноа испуштањето звуци? Од кога тоа е талент? Неможам да ги гледам, и не сфаќам како можеда се палат девојчиштава на нив?
     
    На Viktorijaaa5, srhsejbsk и Lella им се допаѓа ова.
  9. Femin4e.mk

    Femin4e.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    аднан и тарик - многу ми се допаѓаат фаворити ми се, тарик каков убав глас има милина да го слушаш, а и битбоксеров е предобар, одличен спој се, не сфаќам зошто толку ви се 'одвратни, форсирани' или не знам ти што..
    амел - дечково ми беше ок се додека не го слушнав како ја пее шпанската песна 'un amor' у бекстејџот со Снеже, толку ме воодушеви од тогаш што почнав да го обожавам човеков
    данијела- со кој памет ја исфрлија не знам..па тие учи немаат (истото го мислам и за никола и јелена)
    нина треба да искочи исто така и милан ..реално најслаби се
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Две работи само..

    1. Земав лист и пенкало, почнав да гледам х фактор и чекав Снеже да постави добро прашање за да го запишам. И на крај искочи дека ништо не запишав .. (facepalm)

    2. Ме изнервира, не можам ...................................................
     
    На Lolo5, crazylady, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Малку надвор од темава, не знам дали го знаете ова наше дете пее на ѕвезде гранда (facepalm) а ми е едно 10 и повеќе пати подобар од нашиве овде. Не знам зошто одбрал таму, баш не ми одговара за таму, повеќе е за на x factor. Одамна не сум слушнала толку добар машки глас. Јас си го слушам на youtube.
    А во врска со x factor добри ми се машката група , 9 control, и Амел ама гледам најискусните испаднаа , ништо чудно и тој да е следен, повеќе за младите се гласа.
     
    На Quincy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Овој пее во Ѕвездите на гранд, ако не се лажам

    Во прилог од последниот дуел на 2цата Македонци.:

     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    Човек да си помисли дека намерно ги исфрлаат кандидатите еден по еден од секој ментор. Еве Масимо помина, со уште еден натпреварувач е останат, а толку му ја утна песната претходниов лајв значи не знам. Чудо ако остане и наредната недела.
    Сега, следејчи, кој? Групите?
     
  14. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.312
    Пол:
    Женски
    Не сум го снимила мислењето што го пишував завчера, ама еве ќе го сумирам мојот главен впечаток.

    Амел беше одличен, Давид е неприкосновен и не знам што им е проблемот што само маани му наоѓаат. Кога ќе покаже агресивност - не чини, кога е мирен - пак не чини, а има специфичен и милозвучен глас, да ти е мерак да го слушаш.

    Искрено, мило ми е Данијела што излезе, затоа што ми беше антипатична уште од самиот почеток. Настапот и' беше лош, од дишењето мислам дека ми ги оштети ушните тапанчиња. Позитивна е и се', ама има иритантна појава и сета таа нејзина еуфорија ме заморува. Освен тоа и манипулациите со гласот и' се иритантни. Криво ми е Магдалена што беше слаба овој пат. Групава 9 Control е можеби најдобра група, ако се земат во предвид овој и претходниот X Фактор. Меѓутоа, не беа доволно добри овој пат. Џастин изгледа како зафрканција кога ќе излезе на сцена, песните му наликуваат на тралалајки и целиот настап му изгледа лесен, ама тоа е само привидно. Сум го гледала во емисии како изведува разни работи и воопшто не е така „наивен“ изведувач како што изгледа на прв поглед. Тој беше преголем залак за групава, ама се извадија.

    Тоа е мое мислење, а другиве што ги испуштив, значи не ми оставиле посебен впечаток. Веќе не се ни сеќавам што пишував за нив. Само знам дека едвај чекам Антонио да излезе.
     
  15. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Абе добро пее дечкото, ама на нив, па и на мене а и на многумина им изгледа феминизирано со тие потези и гримаси што ги прави, тоа е проблемот.
     
    На kjukli и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  16. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.312
    Пол:
    Женски
    ^Сосема си во право. Иако, не сакам од тој аспект да ги гледам работите, туку го оценувам само квалитетот и талентот. На пример, мене ми се феминизирани и дел од дечкиве од 9 Control (не им ги знам имињата, за да посочам конкретно кој), ама сепак си се квалитетни и никој ништо не им вика. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Оваа година не гледам Х фактор, само нашите ги следам и двајцата. Другите натпреварувачи не знам какви се ама нашите се прекрасни, најубаво пеат. Само пофалби имам и баш се гордеам што ја преставуваат Македонија во такво светло. Србите ќе си пукнат од мака оти на секое шоу македонците се врв.
    Браво дечки, газиме!!!
     
  18. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Видеово кажува се :D
     
    На Femin4e.mk, skorpija123 и srhsejbsk им се допаѓа ова.
  19. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.363
    Пол:
    Женски
    ^На Боби не му треба X Factor, него не треба да го оценуваат, коментираат и слично, тој е совршен само му требаше место каде што ќе се просалви.Слушнете како ја пее Полско Цвеќе од Тоше се кладам никој од натпреварувачите не може така да ја испее.
     
  20. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Кој отпаднаа ?? не стигнав да гледам