You Нова серија со главната ѕвезда од тв серијата "Gossip Girl". Интересна криминална, драмска серија. Што би направиле за љубов? За брилијантен менаџер на книжарница, кој поминува низ патеки со аспирант женски писател, ова прашање е ставено на тест. А шармантен, но непријатно здроби станува нешто уште повеќе злобна кога писателот станува опсесија на менаџерот. Користејќи ги социјалните медиуми и интернетот, тој ја користи секоја алатка што му стои на располагање за да биде близу до неа, дури и да оди толку далеку што ќе ги отстрани сите пречки - вклучувајќи ги и луѓето - што му стојат во патот за да дојде до неа.
Ја изгледав првата епизода и позитивно ме изненади, ветувачки почеток имаше. Јас Дан од Gossip girl не го сакам многу многу ама океј ми беше во првава епизода, се трпеше Ќе видиме како ќе се развива понатаму, ама ми се допаѓа психолошкиот аспект на серијава.
Серијата има мал милион фелери, но се гледа, затоа што е лесна, интересна и глупава во конкретен момент.А тоа богами, не е лесно да го скоцкаш заедно. Плус има некој црн хумор, колку за да ја зачини. Аматерско сценарио. 1. Ја следи сегде и никако не може да ја примети.Гледаат право во него и не го приметуваат.Тотална безвезална сцена. 2. Гвеневир Бек е толку мила особа, истовремено растурикуќа кога секоја ноќ има секс со различни ликови на приземје , со отворен прозор.Ниту еднаш не погледна дали некој ја гледа. Прелошо. 3. Главниот лик ги лупа со чекан по глава, мислиш парче нема да остане од таа глава, за по 15 мин да станат како влакно само да му скубнал. 4. Што е со старата девојка која се враќа? Пак ли истото ќе го гледаме... Сва среќа, не е претежок и ликовите се слатки па ќе ја гледам следната кога ќе излезе.
Солидна серија што опфаќа (во екстрем) интересна психолошка тема: самопрогласени "nice guys". Има доста дупки и нелогичности во дејството, Бек е како оние стереотипни не баш интелигентни ликови од хорор филмови на кои гледачите изнервирано им викаат „не прави тоа, не оди таму!!!“ (најсмешно ми беше што сè прави пред огромен прозор без ни обични факинг завеси ), ама сепак ми се допадна. Доста напната и со доста иронија/црн хумор. Најмногу ми беше крипи и жално за Пако, детево од дисфункционална фамилија со пороци и семејно насилство имаше само социопат и убиец како заменска родителска фигура, од која на крај научи во умот да оправдува и убиство ако е „потребно“. Видов интервјуа со глумецов (Penn Badgley) во кои напоменува на фановите да не го романтизираат неговиот лик Џо и колку е неоправдливо сè што прави во серијата, дури одговарал и на thirst tweets од обожавателки во кои викаат дека им е кјут, би сакале таков дечко и сл. Интересно и многу свесно од негова страна, но и загрижувачки дека е потребно такво појаснување...
Ја гледа ли некоја втората сезона? Лесна серија но те тера да ја гледаш, особено првата сезона која ја изгледав во еден здив. Од втората сезона сум до 4та епизода, засега немам некои преголеми импресии, дејството на некој начин се повторува, се чека завршетокот. Воглавно, не е лоша, те привлекува но се согласувам дека доста ,,грешки" постојат.
Вторава сезона, последните епизоди ми беа ... Спојлер: спојлер Значи самата на себе си бев лута, што поверував дека Joe аkа Will, се променил на крај... Тоа бетер станал... Многу ме изнервира, ама па од психопат и што да се очекува, можеби и најдобро што така заврши.. Остани психо до краја Читав низ други форуми, некои шпекулации, дека жената која чита во дворот е мајка му или Beck.. Хм, останува да видиме
Втората сезона катастрофална, поголема утка немам видено. Баш убав беше ликот на Love, ама крајот...ја упропастија работава и немам поим зошто воопшто ќе има трета сезона. Серијата одамна изгуби поента.
Дај боже гледаноста не нула, во минус да им падне со таков милкинг. Приказна 0, ликот на Џо го расчеречија начисто. За другиве да не зборам подобро. Не верувам ни дека ќе ја гледам, одвај ја завршив вторава не пак да продолжам да им ги гледам глупостите.
Ги изгледав сите од 1ва сезона и 4ри епизоди ид втора сезона Кај да ги гледам другите освен Нетфликс? Овуе ги гледав на серијеонлине.нет
Стигнав и ја до втора сезона. Лесен филм, не нешо особено напет, но да те подзамисли како уствари не ги знаеш доволно луѓето околу тебе, особено оние кои мислиш дека ги знаеш цел живот. It works!
Вчера. На Нетфликс ја гледам јас, сигутно и по другиве страници ја има или ќе ја постават денеска, утре.