Спојлер Ај ќе напишам малку подетално мислење во врска со сезонава. Прво и јас ко другите, не ја памтам баш втора сезона знам дека имаа кринџ моменти и во никој случај не беше иста хемијата меѓу Joe и Love ко меѓу Joe и Beck. Исто, во втора сезона имаше многу небитни споредни ликови. Океј тоа на страна, во третава сезона па кога Joe почна со Natalie и Marienne, сфатив уствари колку се добар пар со Love. Нигде не видов конекција со другиве две жени, да со Marienne може ги поврзуваа исти работи и интереси ама повеќе ги гледав како другари/колеги а не како soulmates. Love мислам дека не е мртва, и некако се надевам дека не е за да го докрајчи Joe. Сметам дека после се, тој требаше да умре во сезонава и тоа баш Love да го убие. Се трудеше да биде добар сопруг и татко ама не испадна ни едно од тие така да не сфаќам зашто секаде кај што читам коментари за серијава, сите го оправдуваат него. Joe два пати ја изневери фамилијата, Love го направи тоа од немоќ знаејќи дека овој се опсесира со други и не ја сака. Така да колку и да се психо двајцата, во случајов после 3 сезони јас сум дефинитивно team Love и искрено премногу се надевам дека ќе се појави во 4та сезона.
Дали само мене превештачка ми е сезонава? Не дека и другите не беа ама само што нешто се решило, сами во друга каша се ставаат. Три епизоди изгледав, станува ли подобра натака?
Втората сезона не ја памтам многу, ама оваа беше... мене многу ми се допадна Спојлер Кој психопат тежок е овој боже мили златен, Париз го фати. За Лав, иако и таа чукната во главата, ми падна жал, и јас како членката погоре се надевам дека е жива и ќе го гони Џо наредна сезона, плус многу ми е убава Тео ми олесна што преживеа не знам зошто не знам што друго да додадам, имаше и толку многу нелогичности во сезонава, но решив не се замарам со мислење што како. Туку, кога беше Лав на оној резортот кога пијана пишуваше на бројот од брат и, нели и врати некој стикер од пица? Што мислите, кој би можело да биде?
Уште две епизоди имам до крај. Ептен бавно ја гледам, на моменти интересна, за потоа пак сѐ во круг, истите каши и приказни. Многу повторувачка што баш не ми се допаѓа тоа. Барем крајот да изненади.
Ја догледав, последните две океј ми беа. Воглавно ништо специјално не ми беше сезоната. Како во круг да се вртат. Спојлер 4та сезона одиме со same old known scenario.
Се согласувам. Првите 2-3 епизоди ми беа добри и баш пишав во темава, на крај ја расипаја веќе. И подобро нека не снимаат 4та сезона, зошто пак истото ќе го вртат у круг. Ќе се појави нова девојка, Joe ќе се опседне со неа и на крај Love ќе ја убие.
Истиот впечаток го имав и јас како членките наназад, втората сезона ми беше скроз мех и кринџ, дури не мислев да продолжам да гледам, ама сега сепак одлучив да ја пуштам новава оти периодов ми требаше нешто онака треш за ладење мозок од работа - и пријатно се изненадив. Спојлер Реално, и Џо и Лав беа подеднакво непоправливи психопати, фатално токсични еден за друг и потенцијално како родители во иднина. Единствено добро што направи Џо на крај е дека го остави детето пред врата кај библиотекарот и неговиот партнер со којшто долго време се обидувале да посвојат, за конечно да се прекине тој синџир на семејни трауми и насилство. Оваа сезона беше супер изведена, сите епизоди напнати, а крајот беше морбидно поетичен во нивен стил, дури и искористената песна (Exile од Тејлор Свифт и Бон Ајвер) совршено одговараше на нивната врска, баш ме погоди онака. Исто и црниот хумор на моменти беше на наредно ниво, морам да признаам дека беше satisfying делот кога Лав го среди антиваксерот, а и она кога одеа на терапија и брачниот советник беше као "you are not murderers"... oh, honey... Мислам дека овојпат следна сезона стварно би немала поента, го сфативме веќе pattern-от на Џо - опсесија со жени додека ги прогонува и се обидува да ги „заштити“, кои потоа не ја исполнуваат неговата идеализирана замисла, му здосадуваат и ги убива - па дури и една soulmate in violence како Лав. Сè понатаму би било повторување и фрустрирачки е како успева да се извлече again and again. A и да, Викторија Педрети ми е естетика и елеганција во движење, а oсобено ја засакав по ова интервју.
Видов најава за нова сезона и се изненадив. Не знам како може да има поента уште да се тегне и продолжува серијава после таков крај каков што имаше претходната сезона. Во два дела ја поделиле. Не знам дали ќе продолжам да гледам, можеби онака од љубопитство ќе дадам шанса па ако оди и ако има поента да се гледа, океј.
Ауу претеризам. Не ми е јасно зошто Нетфликс секогаш, ама баш секогаш, има обижај убава серија да ја расипе ? Немаше потреба од уште една сезона, пак истото ќе се врти.
Ја гледа некој новата? Денес искочила, првиот дел. Според трејлерот ми изгледа ветувачки и малку во друг правец, едвај чекам да најдам време на раат да ги изгледам епизодиве.
Ја гледам јас новава сезона. Немам пројдено многу епизоди ама некако ми се допаѓа засега. Не очекував да ме привлече, ама ете.
Далеку ми е од најдобра сезонава, ама е океј за гледање, барем не е досадна. Некако не сум во расположение за You и само една изгледав од вториов дел. Ама ќе ја завршам зашто интересна ми е промената што ја вметнаа. Претходните две сезони ептен ме сморија, Лав ми беше ептен антипатичен и напорен лик. Ќе има ли уште сезони? Гледам четвртата книга тек сега ќе излезе за некоја недела. Ми нема логика тоа ич, ама и онака после првата книга сите други и се тапа на авторкава, па не е ни битно.
Да, да, секако ќе го дозавршам и вториов дел. Само да останам малку послободна, деновиве нешто кнап сум со време и кога ќе седнам барам нешто лајт да оладам мозок. Ама како и да е, не ја оставам неизгледана серијава зашто Џо ми е најомилен психо лик.
Значи нели ве изнервира последнава епизода? Спојлер: Крај Колку многу ми е криво за Надиа, човече како ја изигра не ми се верува. Ај за Мерием се израдував, ама Надиа го обра подебелиот крај и многу ми е криво .
Да, мене да. Очекував Спојлер да скапе во затвор, а не пак да се извлече. Многу нелогично ми падна, Кејт од толку правење невина, силна, независна, на крај испадна да му ги зачисти убиствата на Џо. Без врска ми беше крајот. Надја исто така како за паметно девојче направи многу глупи одлуки, најде личност во кафез и не се јави во полиција?? Искрено, сама се стави во стапица.
Јас сега ја почнувам, ја изгледав првата епизода. Џо човече, не можам колку ми е контрадикторен, а прешармантен е. Баш е крипи целиот.
Спојлер Леле бебе имаат. Бебееее. Не се изненадив од Квин нешто посебно, си имаше и она таков некој вајб. Интересно е како Џо кога се гледа во друг не си се сака баш, ха.