Го обожавам хуморот на Џо. Стигнав до 4тата сезона, ама пресмешно ми е кога си мисли, тој дел од серијава најмногу ми се допаѓа. Спојлер Многу неверојатни и невозможни работи и дупки, ама и повеќе како мрачна комедија ја гледам отколку некоја сериозна серија. Искрено се надевам дека Лав не е жива, при крајот веќе на нерви ми одеше, само удри и убиј, никаков развој на карактер, едноставно досадна до крајност. Добро е што ќе заврши со 5та сезона, иако и 4тва можела последна да биде, станува монотона.
Поради тоа што серијава има доста нелогичности, 5тата сезона ме успа малку првиот дел, па не обрнував внимание додека играв и кенди краш напоредно. Спојлер Поим немав дека Рис е Џо. Воопшто. Ме пукна јако пресвртот што баш ми е мило. Џо или ќе умре на крајот или ќе го фатат и ќе ставен славен и ќе се пишуваат книги за него. Морам да кажам дека првата сезона беше најдобра и најдобро изработена, полека можевме да сфатиме зошто се опседна со Бек. После другото беше нафрлано, со Мариен па врска ми немаше, а со Кејт најбезвезе беше. Единственото добро нешто што го направи беше кога се фрли во реката. И Стивен Бонет (поим немам како се вика актерот, во Аутлендер така беше ), маестрално си ја одигра улогата, предобар, се гледаше дека му е забавно додека снимал. И така, се решив од серијава почна малку на психа да ме мава.
Ја изгледав првата епизода. Мислам дека во последнава сезона сакаат да се вратат на почетоците. Ама ќе видиме како ќе оди. Како и да е, баш ми недостигаше гласот на Џо и неговата нарација.
Добро зошто Бронте/Луис испадна толку неверојатно глуп лик? Имав голема надеж за нејзе после плот твистот. И за Кејт го мислев истото дека е глупа ко за толку моќна жена во минатата сезона, ама оваа ја надмина. Во глобала ми се допадна новава сезона и мислам дека е доволно бидејќи сепак првите епизоди беа горе долу реприза на другите сезони. Само стварно еден куп ликови испаднаа имбецили во споредба со Џо што ја направи приказната малку површна. Инаку најомилена ми остана третата сезона со Лав, омилена љубовна приказна и пар.
И јас се многу изнервирав кога испадна глупа и се сврте против нејзините пријатели. Добра поента дека и кога мислиш дека нема шанси да си како другите девојки, некој дебил сепак ќе те изманипулира ама сметам дека Бронте веќе имаше премногу позадина во врска со него за да одеднаш стане глупа... Крајот ми се допаѓаше и не знам дали луѓе од инат пишуваат, ама сегде по ТикТок видов коментари како навивале за Џо... барем овојпат е фикција, не е Џефри Дамер, ај..
Спојлер: you мое мислење е дека Кејт излезе преголема кучкетина и цело време навивав да умре а за Џо не заслужи да заврши во затвор. Според мене требаше да почне нов живот Хенри без кучката Кејт
Скроз, она веќе беше препаметен лик според сите зкалучоци што ги донела пред дејството на петтава сезона ама ваљда за целта на заплетот одлучиле да ја направат малку нереално наивна. Крајот скроз ми се допадна, почнав да плачам. Хм како не заслужи? Истото шоу ли го гледавме?
Како “да речеме” дека заслужи? Ликот е од најтешките форми на психопати. Спојлер Фала богу, конечно го затворија. Стварно се надевам дека нема да има наредна сезона зошто веќе изгуби смисла, и ова беше ту мач. И се надевам сеа нема пресврт со Бронте да продолжи некако, зашо таква фаца има и она, психо.
Мене последнава сезона ми беше тотален waste of time. Само не сфатив на крај, Кејт умре или ја спаси некој? Делот во последната епизода пред да дојде полицијата тотално безвезен, ко во нискобуџетен хорор филм, каде што убиецот преживува шо и да му направиш Се надевам нема да има повеќе сезони и ќе остане на тоа дека ќе си одговара за своите постапки.
Мене ептен генијално ми беше што последната сезона беше во голем дел фокусирана на реакциите на луѓето што со полна сериозност навиваат за убиец и психопат. Стварно одличен коментар за луѓе што се палат на психопати и се опседнати со true crime (и во помал размер за зголемената популарност на dark romance книги со токсични протагонисти). Цела сезона беше subtle fourth wall break, а крајот беше перфектен, иако имаше некои нереалистични делови за сметка на драматичност. Прејако беше на крај кога рече maybe the problem is not me, it's you. Буквално ве погледна во очи и ви го кажа тоа и уште го браните .