Дали сте слушнале и дали има некој искуство со оваа организација? Станува збор за организација која нуди патувања со попусти и нуди заработка, по систем на зачленување на нови членови. Член сум неколку дена и можам да кажам дека мојот заклучок од сето ова е дека станува збор за измама. Се плаќа членество кое го префрлаат во вид на поени за патувања, а всушност патувањата се изгор скапи. За да имаш поени за патување мораш да имаш членови кои се зачленуваат, а не се кажани многу работи. Ајде кажете дали сте слушнале и сте биле поканети на презентација?
Не сум, но имаше во Штип нешто слично на тоа, божем даваат некој награди, а всушност се плаќаат. Не знам како стигнуваат до нашите „приватни“ информации, но се што е промоција од непознато потекло што би кажал Сергеј, само игнорирај. Така да ниту ќе бидеш измамена, ниту ќе се каеш за истото тоа.