Што мислите за производите на Young Derm и како делуваат на вашето лице? Почнав да ја користам пудрата, а лосионот и кремот за акни веќе подолго време ги користам.Имате ли некои други совети за како да се ослободам од мозолчињата? Поздрав.
Мене ми одговараат,прекрасни ми се и лесни,јас го користев до пред некое време лосионот ама го потрошив,ќе купам пак,мене ми одговара,сега ја имама кремата за акни,мада немам акни ама ги суши мозолчињата и тоа многу,верна сум им на Јанг Дерм
Young Derm proizvodi Ги користам лосионот и кремата за акни. Ја користев белата крема, но во последно време ја заменив со сината, поефикасна е. Ги користам секојдневно, на целото лице. Одвреме-навреме ми се појавуваат мозолчиња, најчесто во ПМС, но со кремата многу побрзо ми заздравуваат отколку порано. Пудрата не ја имам користено, не ми одговараат нијансите, но знам луѓе со добри искуства, кои само неа ја користат. И ми се допаѓа што не се воопшто скапи, ни лосионот ни кремчињата
Young Derm proizvodi дали само може да ми објасниш на која сина мислиш? бидејќи мојата е во сино темно пакување,дали зборуваш за нејзината ефикасност или твојата е друга ?
Мислам дека за истата зборуваме ( третата на сликава) Порано ја користев белата (втора на сликата), но откако ја заменив со сината забележав многу подобри резултати.
Мене ми беа овие првата, пубертетска колекција, се` имав, и беа онака... Океј. Ништо посебно, не сум нешто воодушевена. Пудрата е ѓубре. Лосионот беше најдобар и евентуално белата туба со крем, дневниот. Дури не си појдов на козметичар не средив ништо, така што не можам на кремиве да препишам некое којзнае какво дејство или ефикасност.
Сакав да испробам со нивните производи. И спомнав на мајка ми и ми рече никако! Таа користела кога била девојче (тогаш ги имало цели колекции само во Рубин Кармин) и ми рече воопшто да не купувам. Предизвикувале предвремено стареење на кожата, биле доста штетни.
^ прв пат ми текна на производиве одкако прочитав во едно интервју на лила филиповска во кое имаше изјавено дека ги користи производиве и ај си земав лосион. не беше скап од космо го смав 70-80 денари и бев задоволна. Инаку другар ми имаше проблем со акни и дерматолог му ја препорача баш оваа линија и лицето малку му се среди. Сеа па читам по форумиве дека имале жива дали е точно незнам
Како до чисто лице? Девојки писете мислење за јанг дерм колекцијата///дало го чисти лицето од црнки,флеки проширени порички.........многу ви благодарам
Мене ми се корисни бидејки јас имав проблеми со мозолчиња од јадење нездрава храна. Иако со тоа престанав тие останаа, но со Јанг Дерм лицето ми е како бебешко газе.
Јас имам доста проблематично лице, доста масна кожа подложна на акни и иритации и иако немам некои посериозни проблеми со акните сепак ми требаше лосионче колку да ми го доведе лицето во нормала. Е кога почнав да го користам лосионот беше баш весело - од речиси чисто лице, со по некоја бубуличка, си добив супер-нафрлано, абе пченка станав. Тоа беше пред речиси четири години и од тогаш го немам купено лосионов пак. Не знам што ќе да беше, очигледно не ми одговара и искрено, баш ми е жал. Не плукам по производите на Јанг Дерм, да се разбереме. Само сакав да споделам искуство. Инаку ме интересира какви им се пудрите. Покривни, трајни, има избор на нијанси? И добри се за комбинирана - мрсна кожа, или да не ги чепкам.
пудрите и не се толку лоши, мајка ми ја користи број 5 ама ја нанесува после подлога бидејќи и е сува кожата
Порано секојдневно ја користев пудрата, но наслушнав многу лоши критики за неа. Сега користам друга пудра, но неа ја купувам за друга намена, незнам колку имате приметено, но ги суши поткожните бубуљици. Многу ретко ми се појавуваат, но кога ќе ја намачкам со пудрата, 2/3 пати на ден, утре дента веќе ја нема, како да се лупи.
Досега од оваа фирма ја имам користено само пудрата и не сум многу задоволна. Читајќи и слушајќи ги негативните критики околу нивните производи, не би сакала да пробам некој друг производ од оваа фирма.