^ Огромни акни, разранети од постојаното „копање“ по нив. Или пак, акна после ерупција - кога уште недосозреана ја ископаш демек да извадиш сѐ што се насобрало или уште се собира внатре. Како сакаш. Ме интересира колку паринки е сега лосионот Јанг Дерм? Одамна немам купено, а сега нели сменета формула, сменета амбалажа. Не знам дали да го земам, се разликува ли од претходниот? Ужасно се исфрлував од старата верзија. Се плашам да не се повтори истото. Послаб е од претходниот или ?
Името си кажува: Young Derm. За млада кожа е, земајќи во предвид дека лосионот за чистење лице и производите против акни се наменети за целна група - тинејџери кои најмногу ги имаат овие проблеми. Тоа не значи дека и постари лица не можат да ја употребуваат.
Јас го купив околу 120, ама мислам дека можеш да го најдеш за поефтина цена. Во Зегин ми се чини е најефтин. Инаку, и на другарка ми и се исфрлаше лицето од лосионов, од оној стариот. Ама мислам дека немаат ништо сменето во составот, само амбалажата им е нова Мишела, а ти да го пробаш оној од Генера? Јас пред некое време тој си го купив. Убаво мириса и некако не е толку јак како овој на Јанг Дерм, а освен тоа не содржи алкохол.
Па да ти кажам право Ана, баш и таков лосион ми треба, без алкохол. Јас уште го користам оној Лимес - ти го имам спомнувано еднаш - и повеќе од одличен ми е, ама веќе е при крај, а не сум во можност да нарачам пак. Си мислев дали да земам Хлоракол, Дермогал или овој Јанг Дерм кој највеќе ми фаќаше око. Ама ептен ме плаши таквата реакција, немаш поим какви акни ми се исфрлаа - никогаш не сум имала такви во животов. Мислев дека и формулата му е сменета, зашто слушав многу коментари од типот демек лосионот сега бил нешто поблаг отколку претходно, ама сепак ефективен нели. Нема да биде воопшто лошо, доколку некоја ги има користено и постарата и поновата верзија, па да направи мини-рецензија. Како и да е, Генера да го барам низ поголемите маркети како на пример Тинекс? Или пак во Космо?
Го има и во маркетите, јас ми чини од СП го земав. И доста е ефтин, некаде околу 80 денари беше, а 250мл е
London-girl јас не дочекав одговор од феминкиве и си ја купив да ти кажам право 2-3 дена ја користам и убава е Ја купив таа од камилица што е за комбинирана кожа и ок ми е не светам во лицето веќе кај т-зоната така да ти ја препорачувам
Еве и јас да споделам искуство за подлогата,ја користам веќе 2 месеци пред пудра и мн сум задоволна,не е магична не ти го прави лицето стакло ама мн го изедначува тенот,за почисто лице мидлам дека е доволна само подлогата наместо пудра,плус ми се допаѓа што има ув фактор на заштита што е топ за летово.Иначе денес го купив лосионот со плаво тој што е и кремата што се става навечер на проблематични места,ама не знам што да користам како дневна крема затоа што кожата ми е комбинирана и страв ми е ако ја ставам другата крема од истава линија што е и за дење да не ми го исуши лицето.Ве молам споделете искуство ако сте ја користеле.Поздрав
Одам пред некоја ден во парфимерија со намера да си купам пудра на Јанг Дерм и продавачката ми дава подлога за шминка, јас и велам а пудра нели има а таа ми одговори дека е исто се зачудив а претходно читав на форумов дека не е исто има разлика. Ја земав подлогата и ме праве многу бела земав 6-ка но со камена пудра е добро. Но јас си останувам со желбата да земам пудра на Јанг дерм планирам да проверам низ другите парфимерии и во Зегин, а претходно сакам да ве прашам вас постои ли пудра на Јанг дерм или само подлога има. еве најдов слика од пудрата а кај нас ја има ли во ова пакување, во новата амбалажа де А исто така барав и на страната на алкалоид (еве линк http://www.alkaloid.com.mk/young_derm-m.nspx) и во производите на Јанг дерм нема пудра само подлогавава ја има. Навистина се чудам има или нема пудра на Јанг дерм низ Македонија??
Ја нема веќе пудрата, повлечена е од продажба и на нејзино место е нели подлогава за шминка. Не е иста, пудрата не беше толку течна како подлогата, јас како што се сеќавам, ама не е лоша. Јас периодов си ја користам наместо пудра и одозгора ставам камена. Супер е, дури и мајка ми се заљуби во неа и ја фаќам како ми краде секое утро.
ја користамYOUNG DERM кремата за проблематична кожа и искрено не сум нешто задоволна(3месеци и никаков резултат),сега си земав здравје мислам дека повеке ми одговара
иииии ??! ти користи ли ? јас пред неколку месеци имав чиста кожа , но сега имам проширени пори по образите кој би ми го препорачале вие ?