Лосионот за комбинирана кожа го користам и мене ми помага, убаво ми ја чисти кожата, а сега ќе си ја земам и кремата против акни! ја имам и подлогата за шминка и имам ставено од неа само неколку пати, ич не сум задоволна од неа, ептен ми ја мрси кожата и има безвезе боја (ко паштета е)
Јас ја користам подлогата,5ка нијанса и задоволна сум.Иако не ја прави кожата сосем ,,стакло" сепак доволно ми ѓи покрива акните.Мислам дека е добра за младешка кожа.
Јас користам пудра јанг дерм 6ка и покрива флеки и акни исто така користам и јанг дерм лосион за мрсна кожа и навистина помага.Ја чисти кожата ја затегнува и лицето го нема оној блескав сјај кај мрсната кожа а исто така и спречува акни.
Јас си ги купив лосионот и кремата (не онаа од чајно дрво,другата) и баш денеска сакав да ги пробам и земав да го читам начинот на употреба но не укапирав како треба да се користи. Треба да се нанесе лосионот на чиста кожа (претходно измиена со сапун) или не треба да е измиена? Кој знае нека каже! Многу ќе му бидам благодарна!
И јас исто кремата за акни ја користев подолго време и ми се исуши тотално кожата, парчиња ми излегуваа од толку сува што ми ја направи кожата, а акните не исчезнуваја...нема ама баш никаков ефект
Порано ја користев пудрата, ама не е нешто најнај. Лосионот за лице ми ја затегаше кожата и и даваше некој непосакуван сјај. Кремот за акни од чајно дрво кај мене има ефект само на некои ситни црвени точки, а не на големи бубулици. Се на се, не ми одговараат овие производи.
И Јанг Дерм ги пробав кога имав голем проблем со акните и митесерите во пубертетот, но за жал не ми помагаа, како да не сум ставила ништо. Дури и може полошо. Тој гелот против акни се лигавеше како мрсул и многу гадно чувство имав кога ќе го ставев на лице.
Го користев лосионот и на мене не ми одговараше, немаше промени. Ја имам исто и пудрата, ене ја стои во несесерот недопрена, како паштета е
Јас ја користам подлогата за шминка во број 5 и многу ми одговара. Имам чисто лице, и немам што да покривам единствено ја користам како изедначување на тенот кога не сакам да излезам без ништо на лицето, бидејќи многу ретко ставам пудра.
Мене мајка ми ми ја купи, и ми кажа дека чинела 84 денари, ама мислам дека имаше некој попуст тогаш... Сега мислам дека е поскапа, околу 100 и нешто денари.
Јас пред 3-4 дена ја купив кремата против акни и лосионот.Веќе три дена ги користам и не можам да видам никаква разлика на моето лице,дури мислам и дека ми се вложува малку по малку.Имам акни само во пределот на челото и пред тоа го користев лосионот за акни од Sensilis,но решив да сменам и козметичарката ми препорача од Јанг Дерм.Си мислев дали да одам на третман.И сега незнам дали да почекам дали ќе има резултати од производите или да одам на третман.
Јас ја имам кремата за акни и искрено многу ми помага. Ставам дебел слој на акната пред спиење и оставам да се исуши/Кога ќе станам лицето ми е чисто. Ја имав купено и подлогата за шминка но не ми се допаѓа некако како паштета да имам на лицето.