Јас сум задоволна од пудрата. Не покрива нешто којзнае колку а фала богу и не ми треба за тоа. Ако имате лице со многу мозолчиња не би ви ја препорачала бидејки ке се разочарате, не ги покрива.
Ја имав користено целата колекција дневната и ноќната крема,лосионот,гелот,пудрата. На почетокот имаше резултати не ми се толку исфрлаше лицето но сега и да користам и не исто ми се фаќа. И затоа ја баталив.
Ги користев лосионот и пудрата пред 3-4 години и тогаш бев задоволна од нив.Едноставно престанав да ги купувам и ги сменив..
јас ја имав користено подлогата ама некако не ми се погоди мене..пошо јас неставав пудра само на подлога бев првата недела добро беше ама после почна многу лицето некако да ми се поти.. кај мене имаше негативен резултат..ама сепак ако сакаш пробај ја сите имаме различни кожи.
Често го користам лосионот за чистење на лице, а порано го користев и гелот за акни кој ми беше многу ефикасен. Сега не можам никаде да го најдам, најверојатно престанале да го произведуваат. Да не го има видено некој?
Пред некој ден ја купив подлогата за шминка, ама за комбинирана/мрсна кожа, и можам да кажам дека е супер ! Чак што више, и не треба пудра да ставам xD
Е вака, значи јас ја земав 5ката за комбинирана/мрсна кожа со екстракт од камилица ли е што ли е, и баш добро ми се прилагодува на кожата. Кога ќе одиш да купиш, прашај ги продавачките која би ти одговарала на тебе
Во ред значи јас влегов во продавницата и прашувам какви креми има за мојата возраст-тинејџерка бев тогаш . Жената ми ја подава кремата Јанг Дерм најверојатно бидејќи тогаш имав неколку мозолчиња. Ја користев подолго време по со време почна да ми го суши лицето. Никогаш повеќе не сум ја пробала иако кога се ближи тоа време во месецот ми се јавуваат околу 7 мозолчиња одеднаш.
Сигурни ли сте дека се работи за подлога? Истражував малку на нивниот сајт и како што гледам се работи за производ „пудра“, а не за подлога. Еве линк http://www.alkaloid.com.mk/young-derm-t ... .-6--.nspx
Девојки досега ја немам користено оваа пудра па кажете ми дали е добра значи лицето ми е чисто немам ни мозолче ни ништо и дали треба да ставам прво подлога па потоа од пудрата