Young Derm производи

Дискусија во 'Лице' започната од Muffin.Love, 18 април 2012.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    81.663
    Пол:
    Женски
    Подлогата за шминка е супер!
    Пријатно сум изненадена од неа, навистина. :D
    Мириса на свежо и чисто. :mm:
    Ја зедов од локална аптека за 105 денари, немам појма каде ја наоѓате за 60, алал да ви е. :doh:
    Инаку, зедов 5ка. Да сум си земала 6ка мислам дека ќе ми беше апла пудра и ќе беше уште посупер, ама за почеток нели, одлично е. :D
    Ми беше страв, да не случајно испадне многу темна 6ката, а оваа ми се совпаѓа со тенот потполно.

    Е сега, ме интересира дали ставате нешто, обично кремче пред да ја нанесете подлогата, или пак почнувате одма со подлогата, па ставате пудра? :^)
    Самата подлога/крем, како и да ја наречам :D , е доста течна, ама и тонирана и мене ми делува како поблага верзија на пудрите, па малку шубе ми е да ја мачкам на „голо“ лице.
    Не верувам дека би имало негативни ефекти, ама сѐ додека се работи за моето проблематично лице, шубе ми е и ме интересира мислење.

    П.С. Со малку коректор, нит камена ќе ми треба, нит бутур. :devil: Мислам дека го најдов лекот за мојата Т-зона со светлечки ефекти во било кој период од годината, а богами и спасот од секојдневното користење пудра. Дај Боже, овој прв впечаток да не ме за*тиииит*ебе гадно, бидејќи стварно ќе се откажам од Јанг Дерм, аман. :wasntme:

    Еј, да, ме интересира дали некоја го тестирала и кремот од истата линија.
    [​IMG]
    Поплаки, пофалби - добредојдено е сѐ! :wasntme:
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    Колку пари е подлогата за шминка?
     
  3. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    ^
    Во Еурофарм е 100 денари

    Инаку задоволна сум од неа,дава слаба покривност но е добра за преку ден воопшто не делува тешко на кожата има и пријатен мирис.
     
  4. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас го земав лосиончето, ново е, барем како што памтам старата линија немаше алое вера, а овде пишува дека има. Го ставам само на бубуљичките, а го чистам и цело деколте/врат и грб. Прв впечаток ми е дека е многу, многу поблаго лосионче од Хлораколот што за лице е супер. Ама за мојата летна алергија во форма на ситни бубуљички особено на деколте и раменици до сега Хлоракол беше спас, па не сум сигурна дали и ова ќе делува. Инаку го купив 117 денари од Зегин.
     
  5. Beaty

    Beaty Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    294
    Мишела јас ја имам користено и дневната и ноќната крема. На почетокот имав резултати и од двете но со текот на времето кожата како да ми се презасити и престанав да ги користам бидејќи немаше ефекти.Јас бев позадоволна од ноќниот крем бидејќи по не беше масен и побрзо се упиваше. Дневниот крем е по масен не се толку бргу впива за разлка од ноќниот и не приметив толку резултати. Бај д веј подлогата за шминка ја наоѓав во тинекс за 60 ден, но тоа беше во старото пакување не би требало да ја поскапат заради промена на пакувањето. :?:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти кажам дека еднаш по грешка мајка ми купила 6ка,толку забележала жената,тогаш не ставав камена врз неа бидејќи немав потреба,6та ми е иста со течна пудра Незнам ти колку време ја користиш ама јас мислам дека ми ги суши и бубулиците,или може јас така си мислам
    кремот го користев само ноќниот и што да кажам освен пофалби,јас го користев некаде месец дена и не осетив никакво презаситување ама кога ми се потроши од пуста мрза не купив пак.
    Во однос на нанесување на пудрата ( јас така си ја викам подлогата) не ставам прво крем,што знам,лесно ми се размачкува и прав крем ми е.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  7. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.555
    Допаѓања:
    4.325
    Пол:
    Женски
    Девојки дали пудрата од ова колекција е добра ? Се мислам која пудра да ја земам дали ова од Young Derm или да барам некоја друга ? :)
     
  8. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    А што е разликата на подлогата со број 5 и 6? Ја купив оваа со број 6 и некако ми има црвеникав пигмент и не ми одговара.Е сега незнам дали да ја купам 5?
     
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    419
    И јас чекам мислење околу бојата на подлогата.. се мислам дали 5ка или 6ка да земам
     
  10. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Девојки значи вака,исти се немаат никаква разлика,и двете се подлога за пудра,едната е посветла другата потемна,е сега се тоа зависи од вашиот тен.
     
  11. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    419
    6ката да не е многу темна? Затоа што пудрите порано им беа многу темни. Затоа ми е страв да не се и сега такви

    п.с. за 100 ден. не е страшно и да згрешиш ама сепак да си прашам ;)
     
  12. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Мене подлогата ептен ми се погоди.Има 2-3 недели како ја купив и си ја користам како замена за пудра.Со малку руменило добивам ептен убав изглед,буквално како порцелан делува лицето.Дури и некои скапи пудри не ми одговарале волку на кожата .Штета само што нема малку потемни нијанси зошто сега после одмори мене и 6 ката ќе ми биде светла,а сега ми е таман зошто веќе имам некоја боичка на мене.Во секој случај многу позитивно ме изненади производов :)
     
  13. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    не ми е баш јасно како ја користите „подлогава“ дечки?
    прво крем, па подлогата или незнам како :D ќе сакате ли да објасните? и дали прекрива црвенило од акни? благодарнооост :*
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    81.663
    Пол:
    Женски
    ^ Многу е течна и лесна, немаш потреба од крем пред нанесувањето на подлогата. :)
    Всушност, самата подлога е како тонирано кремче.
    И значи - не покрива акни и флеки, нема никаква покривност, ама црвенилото (зависи колку ви се познава) го прикрива посолидно за разлика од другите кожни неправилности. :)

    Мене петката ми е одлична и е со жолт подтон, а шестката еве, спомна некоја девојка дека имала црвеникав пигмент, па проценете си според тенот која ќе ви биде подобра.

    Оние кои имаат чисто лице без акни и слични знаменитости :D мислам дека ќе им биде одлична замена и за пудра. Не тежи на лицето, ма право кремче е и супер мириса. :)

    И не ми е јасно едно - од тие кремите против акни - која е дневна, а која е ноќна крема?
    Малку во недоумица ме ставивте. :D
     
  15. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ^ Јас кога купував таа ме праша,дневна или ноќна,исти им се пакувањата само пишува на нив,прашај си најубаво.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Јас не сум задоволна од лосионот. Воопшто не ми помогна за ситните брунчиња што ги имам на деколте и раменици, тоа ми е и послаба алергија од сонце така да може не ни требаше да очекувам. А и 2-3 бубуљички на лице што ги имав воопшто не ми ги исуши во рок од 2-3 дена колку што го користев. Со Хлораколот деколтето ми се чисти за 3-4 дена. Мислам дека лосионов е ок за оние со помрсна кожа, како лосионче за секојдневно чистење, стварно е нежно плус сега има и алое вера така да би требало да е ок, без прекумерно да ја исуши кожата.
     
  17. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    419
    Лосионот има подолгорочен ефект. Не е како оние течности што ги суши веднаш акните (тие ја сушат и оштетуваат и кожата околу нив). Лосионот го регулира излачувањето на маснотиите во порите.
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Супер, само јас немам масна кожа и ми треба нешто побрзо и ефикасно. Јас секој лосион што содржи алкохол го користам директно само на бубуљичката, ако го поминам цело лице тогаш утредента имам лишаи и ми се лупи цело лице. Затоа и викам составот е супер, се гледа дека е нежен лосион што не ја суши многу кожата, ама вака за по некоја бубуљичка тука и таму не го препорачувам.
     
  19. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Колку пари е подлогата?
     
  20. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    419
    околу 100 ден. (105 мислам поточно)