Новиот лосион на Јанг Дерм ми се допадна не е агресивен не ја суши кожата,не е леплив има пријатен мирис,а заприметувам добро ја отстранува нечистотијата од кожата,затоа што колку и да ја чистам од шминката со млеко со сапун со влажни марамици на крај кога ке поминам со овој лосион на памукот се заприметува дека ги отстранува и последните остатоци од шминката кои не успеале да ги отстранат претходните производи.
пред 4-5 год ги имав користено кога прв пат почна лицето да ми се исфрла.. ах кој ѓавол ме натера да ги пробам од тогаш мислам уште полошо само ми стана лицево, поцрвено поисфрлано.. ужас ми беше. Веќе никогаш не би земала ништо од оваа фирма!!
Пред некое време користев лосион Young Derm.. ништо специјално за да паднеш на газ, ама сепак помагаше
Досега ги немам користено нивните производи затоа што сум немала потреба.Лицето ми е премногу чисто(ај да не испади дека се фалам) немам мозолчиња,имам само пеѓички.Е сега сакав да си купам од нивната пудра,па сакав да ве прашам дали е тешка и дали покрива? И колку пари е? Порано знам дека беше,околу 60-70 денари,а сега?
Ако може некој да ми каже колку чинат лосионот за чистење лице и кремот за длабински третман на акни и каде можам да ги најдам.
Пудрата е поскапена 103 ден ја земав пред една недела.Не е тешка, ја користам сега во лето но не е многу покривна. Сега за пеги незна колку ќе ги покрие јас ја користам за изедначување на тенот. Лосинот е мислам дека беше 110 ден, а кремот мислам дека беше 103 ден + - зависи од маркетот.
Јас ја купив подлогата за пудра и сум задоволна. Немам воопшто потреба од пудра затоа што е одлична замена. Лесна е и убаво изгледа. За лице без мозолчиња е сосема доволна. Тие што сакаат да покријат нешто, ќе имаат потреба и од пудра.
Beaty ме интересира дали мирисот на пудрата е ист како на старата или поубаво мириса?(ако ја имаш користено старата) мене ич не ми се допаѓаше како мириса Инаку од оваа фирма имав еднаш една пудра ама јок,не е за мојата кожа,повеќе беше како за нормална и сува кожа,и ја имам користено кремата за лице за преку ден,не беше многу лоша ама тешко ми мирисаше и немаше којзнае што ефект,за пола саат,саат пак љ'снуваш како силица
^ Ја имам користена старата, но сега новата многу поубаво мириса бидејќи има екстаркт од камилица и полесно се размачкува. А инаку мене подобра ми беше ноќната крема отколу дневната бидејќи и јас имам мрсна кожа и ноќната не ми ја мрсеше кожата и беше без мирис. Сега во ноќната ставиле екстаркт од чајно дрво ќе ја земам деновиве па ќе пишам резултати.
^ Ме интересира дали мислеше на оваа крема. Читам на страната на Алкалоид, кремата се нанесува само на проблематичните делови - мене искрено повеќеми одговара така, отколку таа зелената, која гледам се нанесува на цело лице. Мислам дека ако ја нанесувам на цело лице уште повеќе ќе ми се мрси, па затоа оваа би била идеална. Е сега, ме интересира дали е многу мрсна самата крема? Како и да е, планирам да ја земам деновиве, само чекам да најдам погоден термин за да излезам, а да не акам по жештиниве. И како што разбрав - таа со зелено е дневна, а оваа која ја имам постирано погоре е ноќна или? Too blonde.
^ Have no idea,пред некое време ги гледав,ама само ги гледав,оние старите производи ич убаво не ми мирисаа,а што новите мирисаат поубаво,тогаш вреди да се проба.
На таа мислев. Таа со екстрактот од чајно дрво (сината) е ноќна. Инаку ја имам користено ноќната пред да ја сменат амбалажата и бев повеќе задоволна за разлика од дневната која беше помрсна и не се впиваше бргу и имаше одвратен мирис. Само на образи не ја ставав бидејќи таму ми е нормална кожата. Ке ја купам деновиве па ќе видиме резултати.
Taa пудрата им е добра, поготово за тинејџерки е супер, лесна и убава е, јас сум ја користела ко помала, не ми го нафрлаше лицето, за тинејџерки мислам дека е идеална, па и за повозрасни, што немаат што да кријат
Ја купив кремата за длабински третман на акните, 180 и некој денар плус - ми свирнаа ушите, очекував сто и два-триесет денари, ама тапа. И мирисот е катастрофа - какво манго, какво чајно дрво, мене ми мириса на ментол, многу остар мирис, ама ако се покаже како ефективна би го занемарила грдиот мирис. И да, не е мрсна, брзо се упива и го смирува црвенилото, ама мааалку ми ја подзасуши кожата. Дефинитивно е за мрсна кожа, со право можам да кажам - дури и за помрсна од мојава.
Јас сум таа истата која прашуваше за пударата.Е купив 70 денари.Ама искрено воопшто не ми се допаѓа,многу грдо ми мириса дури и ми се згади А и брзо се рони.
Сите ја испофаливте нијансираната крема, мора да ја купам и да пробам. И плус за 100тина денари ефтина е Некој имаше напишано за 70 ја најде... Каде то во кој маркет/аптека? Јас во Веро ја видов околу 100 беше
^ Пудрата е 70. Подлогата за шминка е 90-100 денари, во аптеките е обично стотка, низ маркетите нешто поефтина и одлична е за комбинирана или мрсна кожа. За нормална не е, за сува никако - си пишува и на самата тубичка дека е само за тој тип на кожа (мрсна).
до сега не сум ги користела, али еве гледам дека доста луѓе ги користат и се океј. јас користев нивеа ноќна и дневна крема, за убаво лице и за против мозолчиња али ништо од тоа, кремата ич не ми одговараше на мојата кожа. сега користам на орифлејм, од таа колекцијата pure nature или тинејџерската pure skin, имаат разни креми, маски, гелови за чистење на лице, и тоници.. многу ми одговараат на кожата и брзо делуваат, многу сум задоволна
Денес ја купив подлогата шминка бројче 5 и ептен се изненадив,ептен ми е по мерка,немам коментар,сега на ред е ноќната крема со екстракт од чајно дрво.