Девојки да ве прашам гледам ја фалите подлогата од јанг дерм дали има жива во неа, пошто имам слушнато , ви благодарам
Немаат мислам пилинг во Јанг Дерм линијата, ама Докторс имаат пилинг и е доста солиден и ефтин. Кај нас мајка ми си го користи одамна, јас (ко за чудо) го немам испробано, ама чинам Beauchamp пиша пофални зборови во темата за омилени производи, така некако. Прочачкај или прашај ја, ако веќе си решена да си земеш.
Веќе извесно време го користам лосионот за чистење на лицето и сум супер задоволна. Претходно сум пробала многу други, но ниеден не ми ги суши бубулиците како овој. Откако ја променија амбалажата уште немам пробано, бидејќи во аптеката каде што ги купувам сеуште не беа стигнати, а јас секако имав дома два на залиха. Сега сакам да ја купам и подлогата во замена за пудра во теков на летово откако сум исончана, но и тука и на официјалната веб страна на Алкалоид прочитав дека не е за сув тип на кожа, кој што го имам јас. Би сакала да пробам, но се плашам од несакани ефекти... А исто сакав да прашам и дали некој го има користено млекото за тело? Е тоа било за сува кожа, така да можам да го пробам бидејќи мразам премногу масни креми и млека. Која му е цената?
Го има и во поголеми маркети. Баш пред некој ден го видов во Тинекс, цената му беше меѓу 140-160 денари ако добро се сеќавам.
Никако неможам да сватам дали пудрата и подлогата за шминка е едно исто или па ако ја купам подлогата ке треба да купам и пудра?
^Според мене подлогата за шминка се нанесува најпрво, а потоа одозгора се става пудрата. Две различни работи се, ама поврзани.
Девојки мене подлогата ми е совршена, дури и без пудра би шетала, само со неа. Вчера и така си прошетав баш убаво ми беше лкицето, а не ми е нешто чисто. Него под неа мора малку крема да се стави.
^ Mарамке, не мора крема, мислам зависи како си го осеќаш лицето. Јас пробував и со крема, ама ми беше многу мрсно лицето. Пробав и со малку, добро беше, ама дали дека немав ставено камена светнав брзо. Сега си терам без крема и одлично е, не светнувам и без камена, а проблеми некои со исфрлања и немам - и онака си имам проблематично лице. Сега пу,пу,пу - да не се подречам, супер е.
Јас па не ставам крема Мислам, и вака ми е доволно масна кожата, крема уште толку би ми ја измастила. Јас си шетам со подлогава цело лето и гајле немам, пудра немам ставено откако ја купив Не ми ни треба, подлогата е сон за мојава кожа. И не ми ја мрси, што е најважно. И плус да нагласам дека не користам ни камена пудра летово. Значи ја ставам така на „голо“ лице и терам Само што сега бидејќи имам боја фатено, 5-ката ми е малку светла, ама со умерена доза на бронзер проблемот е решен
^ И јас да ја пофалам подлогата, сон е за моево лице, и јас не ставам крема, бидејќи уште повеќе ќе ми го измрси лицето, со камена пудра добра е за денска, ама за навечер со поубава пудра е совршена навистина
А јас да прашам за подлогава, ќе одговара за посува кожа? Цело време ве читам, се со мрсна кожа сте Ќе поминам ли со помада прво да ставам па после подлогава, или и така би ми се направиле суви делови по лицето?
И јас имам сува кожа.Си ја зедов, али под неа ставам Нивеа плавиот крем за лице и не го суши,а ако ја ставам без крема се познаваат суви делови
Во последно време не знам зошто ама многу ми е суво лицето, и пред да ја нанесам подлогава ставам крема некоја и нема проблем никаков
И јас се приклучувам на групата задоволни членки од подлогата на Young Derm. Ја купив пред некој ден и уште веднаш ги задоволи моите очекувања, ама чекав да помине време, да се осигурам дека не е било само лажен прв впечаток. Значи подлогава е фантастична, така убаво ми го измазнува лицето, ми го покрива црвенилото и секоја пора. И што е најбитно Т зоната повеќе не ми свети. Инаку јас ја одбрав 5ката и прво нанесувам малку крема, па малку подлога и на крај пудра. Вака ќе заштедам и на пудра, зашто после подлогата и не е потребно да се стави премногу пудра.... можеби дури 3 пати помалку отколку без подлога. Ја купив 120 денари и мислам дека цената е ептен солидна и се исплатува...па тие 50 мл ќе ми траат можеби цела година.