Неможам да се сетам на точната цена, ама толку е 140 - 160 горе доле, што е неспоредливо со старата цена од 80тина денари. Не ми се свиѓа новиов, како гола вода е. Многу е поблаг од стариот - барем мене така ми делува
Новиот лосион на Young Derm го купив пред еден месец од аптеката Еурофарм 120 ден. а исто толку беше и во Зегин.
Јас денеска купив за 127 денари. Значи седум денари поскапо од тоа ти што си платила. Ај седум денари не се ништо, лошо ќе беше разликата да беше 70 денари. И овој понеубаво мириса од тој претохдниот, другиот поубаво мирисаше. А за резултати ќе видиме дали ќе ми исчезнат црнкиве од него.
Јас го купив лосионот за 145ден. во локална аптека и разликата е многу очигледна. Не сум задоволна. Само амбалажата ми се допаѓа, мирисот ми е како на сјај за садови, а и некако е поблаг во јачина од другиот. Кога ќе исцицкам бубулица и ќе ставам лосион, не ни пече, што не беше и со минатиот. Искрено ќе се замислам дали ќе го купам следен пат. Исто ја најдов и подлогата, бр.6 и ми одговара на исончаново, има мал црвен пигмент, ок е.Малку е лошо што е за мрсна и комбинирана кожа, ама јас ќе ја нанесувам со малку крема и нема да користам пудра. Мириса прекрасно на камилица и е многу лесна. Во парфимерија за 120 ден. ја најдов.
Дали е ефикасен кремот на Јанг Дерм со чајно дрво,брзо ги засушува мозолчињата?Последно време нешто ми се изнафрли лицето па би сакала да го пробам,ако некој го користи ќе го замолам да сподели мислење.
Јас го користам, речиси и ми е при крај и во план ми е да си купам пак од овој, ама овој пат и од зелениот. Онака, да видам каков е. Мирисот на почеток ми беше малку остар и чуден - нема ни „М“ од манго. Ама се привикнав, сега дури убав ми е, иако е прилично остар, пак ќе повторам. Ако имаш сува кожа, подобро немој да го купуваш, зашто го суши местото веднаш по нанесувањето. Не очекувај фамозни резултати за рекордно време, зависи од акните, мозолките што ги имаш. Мене некогаш ми поминуваа за недела дена, некогаш за два-три дена. Битно кај мене имаше ефект, задоволна сум, АМА ми прави многу црнки. Сепак со добар пилинг ќе ги средиш и црнките, јас така правам. Подобро тук-таму некоја црнка отколку цело нафрлано лице.
^ Нормален тип на кожа имам со по некое мозолче,но овие дена ми се нафрли повеќе со ситни мозолчиња,ако го купам овај крем мислам да го ставам само на мозолчињата,ја имам подлогата малку ми е сува за мојата кожа посебно ако не ставам под неа хидратантен крем,ај ке размислам дали да го купам кремот,фала за одговорот.
Одговара ли подлогата за нормална кожа? Ве читам дека повеќе е за мрсна, и малце се двоумам дали да ја земам, затоа да си прашам... И, колку нијанси има?
Си пишува на неа дека е за комбинирана и мрсна кожа, ама ако под неа ставиш кремче нема толку да ти го суши лицето. Вреди да пробаш и онака не е многу скапа. Инаку ја има во 2 нијанси, 5ка и 6ка.
Пудрата одговара на секаква кожа, другарка ми отсекогаш си ја користи, а има сува кожа. Само подлогата е за комбинирана и мрсна кожа. Инаку, да се поправам - НЕ би го купила повторно кремов. Спојлер Цела брада и тук-таму по т-зоната имам црнки. Ама не такви обични црнки, ами поткожни, големи, глупави. И по образите имам, т.е. секаде кај што имав бубуличка ми се направила црнка. Мачкав директно на бубулицата и очигледно го пресушил кремов местото и ми се намножиле ко зајачиња. Страв ми е да ризикувам со зелениот, искрено, па ќе си се вратам на претходниот што го користев. Барем ми ја вадеше гнасотијата надвор, а не со црнки поткожни да се справувам сега. Си го повлекувам зборот за црнките од претходниот пост погоре, овие сега нит се вадат, нит бутур. Ако копам, пошто поткожни се - лом ќе се сторам. Леле ужасии.
јас ја купив подлогата,нијанса 5,светол тен имам,секогаш ги земам пудрите нијанса ванила нешто така,ама подлогава ептен ме прави бледа,не ми одговара,а 6ката знам дека ќе ми биде темна,не знам дали да ја земам и 6ката па да си ги мешам?