Јас имам светол тен и во Тинекс кога бев само 6ката ја имаше и ја земав и таман ми е. Чим 5ката ти е светла тогаш 6ката ќе ти одговара.
Ја земав денес подлогата за шминка, и мислам дека е истата пудра што ја користев пред 13 год. само со ново пакување...Самостојно не би ја "носела" на лице затоа што ме прави бледа како крв да нема во мене (број 5), далеку од тоа дека дава природен изглед, но кога ставив пудра врз неа ми делуваше совршено, бар како за прв впечаток...
Не сум единствена што мисли дека е истата пудра, само сега им е полога. Баш ги споредив и со пудрата, имам една неискористена ни до пола, огромна сличност. За мене е пребледа да биде само пудра, кај јас бледа, со ова плус како вампирче. За подлога, може да кажам дека не е лоша, но сепак мислам дека нема некоја посебна разлика од кремот што си го користам. Не дека е ужас, далеку од тоа, но искрено очекував повеќе.
Значи,целиот состав на подлогава,бб кремов,пудрава што и да е .. е одличен! И многу добро се прилагодува на кожата. Барем на мене И како што кажавте погоре дека е истата пудра од предходната линија што ја имаа,да истото и ја го мислам,само сменето пакување и малку подобрена од предходно Спојлер А,инаку каде би им биле пудрите тогаш? Нијансите,значи уште од кога ги користев тие пудрите ми беа ужасни бледи,розеви..никакви. И сега ми се такви.. Од кога фатив повеќе боја изминативе два месеци ми треба потемна боја на пудра фала богу,ја земав 6ката со надеж дека ќе биде бар малкуу потемна. Ама не баш. Пак сум пинки во лицето Во комбинација со друга потемна пудра одат добро,инаку самостојно вака ноуп..
Подлогата ја зедов и јас пред 3 дена и можам да кажам дека е одлична и перфектна за моето лице. Иако е само подлога за шминка, подобра е од пудрата Young derm која исто така ја користам и е премногу бледа, додека подлогава е потемна и повеќе одговара. Во секој случај многу задоволна.
Пред неколку дена ја зедов подлогата за шминка број 5, од Зегин. Супер ми се погоди бојата, а и мирисот ми е одличен. Вчера имав ставено и имам позитивно мислење, сега со тек на време ќе се покажи. Мислам дека за скромната цена од 100тина денари, вреди да се проба.
Дали некој имал лошо искуство со подлогата за шминка на Young Derm? Откако ми се изнафрла лицето ептен, заклучив дека од неа е, затоа што тие денови за првпат ја ставив. Сега не се осмелувам да ставам повторно, иако првиот впечаток за подлогата ми беше супер.
Можно е да ти е од неа, и на моја другарка и се случи истото. Подобро прекини да ја користиш, воопшто не помислувај. И јас ја купив, бр.6 и добра е. Идеална ми беше кога бев поцрнета после одмор, ама сега веќе ми падна бојата и малку ми е потемна, т.е со црвен пигмент ми доаѓа. Над неа користам и пудра, многу сум задоволна, се ми покира убаво и всушност ми заменува коректор. Додека пак од лосионот сум скроз незадоволна, едно големо НЕ до него. Воопшто не помага и нема никаква функција. Алкалоид, шејм он ју, ги расипавте производиве со новиве промени. Спојлер освен Бекутанот фала богу..
Јас ич не сум задоволна од нивните производи. Порано немав ниту една бубулица, ништо, никакви знаци дека ќе ми се исфрли лицето некогаш. И еден ден ја купив пудрата на јанг дерм 5та. Како што ставав така лицето се полошо и полошо ми беше.И потоа ајде ќе ги купам лосионот и кремата против акни што им е. Резултати .
Епа и јас ќе бидам една од тие што го смениле мислењето за подлогата. На почетокот прекрасна, но со тек на времето и користење од скоро еден месец лицето ми стана за нигде. Ми излегоа многу многу бубуљици, просто неверојатно. За време на менструација не ми излегуваат толку многу наеднаш.
Ja сум задоволна од подлогата ја имам 6та, ленса пудра, покрива доволно. Имам 16 години и мислам дека ваква пудра ми треба и да преубаво мириса. ЈА имам и целата колекција зза акни, но најзадоволна сум од лосионот кремата не ми се допаѓа. Lea Кремата е далку подобра, но највеќе за акни ми помага маста од чајно дрво на Ројал.
Јас ог јанг дерм го имам само она за чистење на лицето.Проѕирно,се става на памук и се чисти лицето.Не ја иритира кожата,ниту ја вцрвенува,задоволна сум. Не дека имам многу мрсна и проблематична кожа,ама од сета загаденост во градов,убаво е да се исчисти.Мрсно ми е лицето,особено кога ќе се изнафрлам со бубулици,ама не ми е многу
Како до чисто лице? Мајка ми ми купи Young Derm за бубилици со масло од чајно дрво. Ми кажуваа дека откако ке помине бубулицата на тоа место останувало црнка и сега ми е страв да ставам од кремата. Па сакав да ве прашам за ваши искуства, кој ја има користено ако може да ми каже како е задоволен од резулатите и за колку време има резултати?
Дали е до мене, или подлогата бр. 5 е МНОГУУУ светла? Каква е 6ката? Ми се допаѓа ептен подлогата, и ептен ми е погодена за лице, а светла кожа имам, само ова е премногу светло за мене.
Како до чисто лице? Ама сепак во право е девојчето, и најдобронамерен совет од мене - сите што ја користите кремава, внимавајте си. Ете, мене на почеток ми одговараше, солидна ми беше. Не делуваше којзнае колку брзо, ама барем ги сушеше мозолките. Е по одредено време забележав дека имам многу, многу црнки, а никогаш не сум имала (освен на носот), па баш околу брадата, над усните и пределот под носот - баш каде што се нафрлав и каде мачкав од кремата. Не користев друго ништо освен неа, па сигурно таа е причината за појава на црнки. Ете, си стои кремата недотрошена, а искрено, ни на крај памет не ми паѓа пак да почнам да ја користам. Уште мака мачам со црнките - нови не ми требаат. Планирам да земам нешто од зелената колекција на Еуцерин. За моево лице, лекот е само медицинска козметика.
Како до чисто лице? Тотално истата ситуација како и Мишела, после напишаниов пост сум 100 посто сигурна дека црнките кои сега ги имам низ целото лице ми се од дневната и ноќната крема на Јанг дерм, и мака мачам со нив, лицето ми е преплавено
Од подлогата на Јанг Дерм повекето се задоволни но јас не сум ич. Кога ја купив си ставив и си излегов, нормално врз неа и малце пудра, мене без неа ми светнуваше лицето за 4-6 часа и тоа не она светнување како лампион, од кога ја ставив и онака кулиркам си мислам немам гајле аха-после два часа кога се погледнав , како зејтин да имав на фацката, но секоја кожа е различна на некој одговара на некој не
Јас сум презадоволна. Мене во комбинација со кремата со екстракт од манго и камилица, и лосионот на Clinique (кој го користам мнооогу поретко) ми делуваа толку добро што лицето комплетно ми се смени. Имав очајно лошо лице. Тоа не беа бубулички, туку кратери и ете сега сум си како што треба. Ја користам Young derm пената за лице. Спојлер Не знам дали е пуштена во продажба Нежно го масирам лицето 30 секунди и потоа ја вадам со вода. Кремата со екстракт од манго и камилица ми одговара многу на кожата. Некаде прочитав дека немало никаков екстракт на манго во кремата. Не треба да мириса, туку внатре во кремата има елементи. Кога почнав да ја користам пената и лосионот, лицето ми стануваше подобро, и мајка ми ме советуваше да прекинам да ја користам сатва кремата затоа што не е за млада проблематична кожа и ми го подметна овој крем. Kолку бев скептична тоа е чудо едно. Продолжив со сатвата, не ја ни пробав јанг дерм кремата се додека не ми се потроши таа, па викам ај да пробам. И магија. Не ми свети лицето, се надополнува со пудрата која ја ставам потоа и најважно од се, не сум исфрлана. Таа што суши бубулички ја ставам ретко кога ептен ќе се појави потреба. Нанесувам, чекам да се исуши и си легнувам да спијам. Лосионот не го сакам ич. Не знам дали делува, но многу силно ми мириса и не можам ни да го отворам шишето а тек па на лице да го носам. И за крај, подлогата ми нема направено проблеми до сега исто. Не ми се допаѓа како ми прилега и не ја користам, ми стои како резерва, но ја користев месец, два и немав никаков проблем.