Алкалоид добар трик направија, пудрата ја преименија во подлога. Како и да е, им успеа и мислам дека многу повеќе се користи подлогата, отколку порано пудрата. Ја имам, и добра е, не одлична ама користи.Преку ден да не го мачам лицево со пудри, ставам подлога, малку коректор и терам.Е сега, некои делови од лицето ми ги прави суви, ама небитно. И ми мириса на сјај за миење садови од лимон.
Ќе ми кажете какви призводи имаат овие од јанг дерм , ги имам загледано по аптеките ама не сум се заинтересирала.Инаку ми треба нешто за мозолчиња (инаку лицето ми е осетливо и не ставам се на него )
Jaс сакам Сефора да (ми) каже, нормално, ако има информација, кога ќе ја пуштат во продажба онаа пената за чистење лице која таа ја фалеше.
ЈА користам подлогата за шминка и над неа камена пудра и некако поубаво ми е вака отколку коа ја кростев само камената над лицето. Некад знам да ставам и само подлогата ама џабе не покрива доволно си треба и пудра ...
Mishela и majicka пената ќе биде за околу три месеци. Се надевам барем. Моето шише е празно, што значи се фрлам на барање нешто ново до тогаш.
Со душа чекам да ја пробам и навистина се надевам дека ќе ми биде по мерка. До тогаш ќе си терам со тоа 3 во 1 на Авон, го имам во залихи. Коментари за дневната крема? Ме интересира само, дали го остава исто оној ефект на засушување и затегање на кожата како и ноќната крема (онаа со екстракт од манго) и дали се прават многу црнки? Немав баш убаво искуство со ноќната, на почетокот беше сосема во ред, додека не приметив дека со поминувањето на секоја акна ми се прави црнка на истото место и тоа голема, поткожна. Не користев ништо друго тогаш, сигурна сум дека е од кремата и баш ми е жал, искрено. Ми треба дневно кремче и баш ме интересират коментарите околу овој на Јанг Дерм.
^Ако е оваа таа со манго и камилица, тогаш ја знам. И нека ме поправи некој ако грешам, но поентата не и е да суши бубулички. Барем така мислам. Знам дека лечи од кратери како моите , ама ако некој има повеќе искуство нека ти објасни повеќе, затоа што мене кога ми појаснуваат формули, се исклучувам тоталка. Мене лично оваа ми одговара, е сега секое лице е различно. Јас не бев свесна, но имам осетливо лице, а комбинирана кон сува кожа. Искрено не знам за кога е намената, но јас не ставам креми навечер, само пред шминкање и на мене е одлична. Не светам, брзо ми се впива во кожата и пудрата не ми се растекува. Со останатите креми кои ги користев (најчесто Сатва додуша) многу светев и се исфрлував се повеќе и повеќе.
Некој го има пробано млекото за тело од Young Derm? Баш пред некој ден го видов во Космо, а доколку некоја има искуство, кратка рецензија ќе ве молам
Во право си Сефора, на сликата е кремот со екстракт од манго и камилица и во право си дека улогата не и е да суши бубулички, туку да го ублажува црвенилото и да ја регулира секрецијата на лојните жлезди. Е сега, јас само оваа ја имам испробано и не знам дали така треба, ама секој пат кога ќе нанесам од кремата ми излегува нова бубулица. А исто така не сум задоволна затоа што не видов никакво ублажување на црвенило. Сега планирам да ја земам кремата за длабински третман со масло од чајно дрво, па ќе видиме.
Девојки, изгледа јас не сум се изразила убаво, а зашто ме мрзи да си го препрочитувам постот, ќе си кажам пак. Јас всушност го имам тој крем за длабинско чистење, еве овој. И на почеток ми беше супер, ама по одредено време приметив дека со поминувањето на секоја акна ми се прави длабока „сочна“ црнка. И престанав да ја користам. Има некаков матирачки ефект, ама и на позадината од тубата си пишува дека „екстрактот од чајно дрво ги суши акните, го отстранува вишокот мрснотија и благо дезинфицира...“, а екстрактот од камилица ублажува црвенила и воспаленија, па дури и помга во заздравувањето на раничките (од акни) на кожата. Пред некој ден пак почнав да ја користам тук-таму на некоја акна и добро е, ете гледам коричката ми зараснува и се лупи сама од себе, ама се плашам да не пак ми се направат црнки и затоа сега ќе следам ситуација, па ако се покаже океј - ќе продолжам со користењето, барем додека да ми се потроши. А ме интересираше каква е таа зелената, што ја имам постирано во претходниот пост, највеќе ми беше битно дали е мрсна и дали колку е хидратантна. Оваа за длабински третман ако ја нанесам на цело лице ми го затега и ми ствара неугодно чувство - се прашував дали се случува истото и со таа со зеленко. Тоа беше целата филозофија, ама не знам дали јас сум се изразила погрешно или Сефора така ме сфатила. Како и да е - кажам што имав.
Епа јас те разбрав дека во претходниот пост кажуваш за таа зелената крема, а и после постот на Сефора... и ете дојде до недоразбирање. Како и да е, јас за таа зелената крема пишав погоре во мојот пост. Јас лично не сум задоволна, ама затоа Сефора е задоволна. Зависи од кожата. Не е мрсна и не ја затега кожата, а за хидратантна е, го освежува лицето.
Леле кој знае од кога ги немам користено производиве на Јанг Дерм. Сега има и подлога за шминка и пудра или? Имам бел тен (блед) кој број од пудрата би ми одговарал? Имам чисто лице, ама пудрата или подлогата која е подобра да си ја купам?