Сум испуштила неколку ако те интересира некој можеш да пишеш тука , нареден пат ќе гледам да не се случи ))
chocolatelover-само 2 видеа имате сега така? Бидејки другите не ми ги отвара. letstalkfashion-браво девојко,имаш талент Јас немам храброст на направам. Инаку сите вие што сте пробале сте прекрасни и со секое ново видео се подобрувате. Направете повеќе видеа и задржете се до англискиот јазик. Бидејки Македонскиот јазик редко кој го знае од другите држави и нема да имате гледаност. Англискиот јазик го знаат скоро сите така да ќе имате повеќе гледања. објавувајте линкови тие сега што имаат видеа,сакам да погледнам повеќе од вас. И една забелешка до сите..некој ставале видеа и после ги бришат е тоа ми е без врска..ич не ставајте кога вејке го бришете. Само народ залажувате,без врска.
Letstalkfashion- одлична си девојко, и секоја чест за одвоеното време и трошење декоративна козметика - само за да ни доловиш некои потези и техники, и се надевам дека твоиве вештини и труд ќе вродат плод, па еден ден ти ќе не средуваш, зошто да не Во последново видео, ме интересира што беше она (како коректор) што го стави на крајот, на носот и кај очите и зошто?
Зашто да немаш храброст, ајде пробај колку повеќе толку подобро. Ако не пробаш нема да знаеш дали можеш да успееш во нешто или не. Пробај сними едно , нормално на почетокот сите сме смешни ама погледни ги видетаа на некои што се познати (првите) и ќе видиш дека како поминува времето се се подобри.
Ти благодарам многу, иначе се извинувам сум заборавила да спомнам неколку производи на крајот . Иначе тоа е highliter pen .
А која му е намената? Јас се извињавам ако е смешно прашањево, ама освен основните средства и потези, незнам друго да нанесувам и не сум вешта во шминкање
Се користи доколку сака да се постигне сјај , шминката да изгледа природно а сепак да го има оној glowing effect ,да се истакнат јаболчниците, носот,дасе постигне ефект на поголема усна ... Има различни видови highlighteri ќе напишам за нив поопширно на блогот. Овој е од Essence и го купив за да го пробам , но според мене не е најдобра опција постојат мнг подобри , иако не е лош за парите 175 ден...
Започнав со едно видео за туторијал за нокти,меѓутоа имав многуууу тестови,па си го забораив пасвордот на профилот,а незнаев да правам,па затоа се враќам и очекувајте од мене видео наскоро <3