Youtube за храброста сепак ова е ваше прво видео ама кога веќе го објавувате во јавност треба да биде добро сработано.Имам забелешка на позадината нели треба да се среди и јас по дома си снимам бјути видеа(чисто од досада) и внимавам на позадината колку да биде видеото по професионално да кажам ама добро гледам и другите го имаат истово забележано верувам за наредното ќе се потрудите.И гласот да,не викам дека треба да бидете некои оратори ама сепак треба да звучите мило и без закочување и смеење* бидете озбилни ама сепак насмеани погледнете ја девојкава и потрудете се во следното видео да звучите вака http://www.youtube.com/watch?v=0HuBP7C-sYs Поздрав и се најдобро девојки
Youtube Мене сте ми супер. Единствена замерка ми е да ја смените позадината или да ја потсредите оваа. А во наредното видео би сакала да видам некој туторијал за нокти. И да, секоја чест за храброста! Продолжете понатаму.
Youtube Целосно се согласувам со тебе. На брзина го снимивме видеово, бидејки требаше да одам на тренинг. Следниот пат ке биде многу подобро, ви ветувам!
Youtube Супер сте Само имаше некои зборови што незначат тоа што вие го мислите например section (незнам дали така се пишуваше )И да можете да направите за нокти најубаво.
Youtube Фала многу на тие што се искрени. Елика фала ти следниот пат ќе напишеме и ќе навежбаме што да збориме во секој случај фала ти можеме за нокти да направиме имам нешто во предвид
Youtube Прекрасни сте,само напред мислам дека со тек на време и ќе се подобрувате.Мене искрено,многу ми се допаѓате,и двете сте многу слатки и мили и имате стварно многу убав глас. Само продолжете и видам неколку идеи: -вечерна шминка -некој вид на плетенки пример рибина коска -туторијали за нокти Само продолжете!
Youtube се согласувам,мене пример ме нервира шо се смеете..добри сте само поозбилни бидете и барем ставетеја кам каде што нема ништо да се гледа позади,да е средено ..ви посакувам мн срека
Youtube Девојчиња мене сте ми супер, многу сте ми слатки со текот на времето ќе се усовршете и да не бидам клише, ама внимавајте на позадината.
Youtube Браво ! Имате заслужено subscribe од мене ) И јас долго време сакам да направам канал, ама има многу beauty gurus во моментов, и само десеттина кои се навистина популарни..
Youtube Браво имате и од мене подршка . Ама имам и некои замерки да не се повторувам со марама и јас сакав тоа да ви го напишам. Не се потсмевајте додека снимате бидејќи нервира, средетеа позадината и мислам дека ако зборите на македонски ќе ви биде уште поубаво, а за англиски можете превод да ставите. Знам дека ви е прво видео, се надевам другите ќе ви бидат уште поубави. П.С:Мислам дека некако насловов на темава не е убав Би можеле да го крстите „Туторијали за девојки„ или сл. а не Јутјуб
Youtube вака сега. мене ми сте симпатични и слатки. баш и не ми пречи смешкањето,но би можеле да го намалите. за позадината веќе сите кажаа,нема смисла да се повторувам. уште нешто. не ми се допаѓа вашето држење. воопшто не изгледа убаво. би можеле да го исправите грбот- ке изгледа по убаво и самуверено. барем при снимањето. поздрав,очекувам ново видео наскоро ..
Youtube Фала ви на сите позитвни и конструктивни критики и пофалби се што кажавте сте во право и ќе гледаме во следното видео да биде подобро земајќи во предвид сите работи што кажавте позз
Youtube Девојченца топ сте! Браво за идејата, храброста и одличниот англиски, се изненадив колку вешто и течно зборите, со оглед на зборчињата и фразите, многу повеќе сте од одлични. И вчера и денес Ве гледав бидејки сте крајно мили и слатки за око и уво и едвај чекам нешто ново. Само напред!
Youtube Јеј...браво за вас девојки Да не се повторувам со останатите, истите критики ги имам и јас ама верувам дека во иднина ќе се подобрите. Сепак, уште сте на почеток. Ќе ве следам