Youtube БРАВО!!!! Многу интересно имам само некои забелешки знаши тоа за позадината сите ви ко кажаа,светлото малку подобретего,на лист пишувајтего текстот па пробјте неколку пати без снимање и неколку пати со снимали,а не да ви текнува текстот додека снимате.Инаку многу добри во следното видео можите нешто за ноктите да направите
Youtube Па се сложувам со мислењата на другите девојки... да се потсреди позадината, да не се смеете до толку (мене лично не ми пречи многу али кај другите иритира), малце повеќе да извежбате пред да снимате и да... ПОУБАВО БИ БИЛО ДА ЗБОРУВАТЕ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, А ОДОЗДОЛА ДА ИМАТЕ ПРЕВОД... барем мое мислење Во врска со идеи имам многу, на пр. за шминка, за коса, за нокти... иначе супер сте, имате многу убав глас, поздравче.
Youtube Мене ептен ми се допаднавте.Со оглед на годините што ги имате, добро се снајдовте со говорот на англиски, бидејќи едноставно понекогаш на некои луѓе им е тешко да се снајдат и да говорат на мајчиниот јазик, а не па на странски јазик.Дури и срамежливото потсмевнување воопшто не ми е иритирачко, туку напротив, ми измами доста насмевки додека го гледав видеото и ми беше симпатично. Честитки за првото видео! Секоја чест за храброста да застанете пред камера и да бидете природни и иако претпоставувам сте имале трема, воопшто истата не се почувствува.Само напред! Фризурата ми се допадна.Понудивте брзо, едноставно и лесно решение за скротување на долгата коса и верувам дека секое наредно видео, ќе биде уште поуспешно и погледано. Од мене имате :up:
Youtube Незнам зашто некои имаат проблем со англискиот јас дури мислам дека предобро го зборите и двете, имате доста течен и добар акцент а помали сте, така да браво за тоа. Јас имам само 2 забелешки. Тоа хаосот под итно да го средите, срамота е малку да ви биде толку несредено, барем пред камера изгледајте дека сте педантни и уредни, за да давата убав впечаток Убаво извежбај што сакаш да кажеш и не се смеј изгледа како на нас на ни се смееш, подсмеваш. Направете концепт и едно 3-4 пати извежбај пред огледало и снимете една пробна да видите како е идеата. Инаку океј сте, продолжете посредено со добри идеи :up:
Youtube Hipster и Gea фала ви многу на подршката! Инакѕ еве сега направив ново видео и кога ќе го ставам ке го постирам тука
Youtube еве го се става на јутјуб. за едно 20 минути ќе се стави само незнам зошто, кога ги цртав ноктите не ми се концентрирала камерата ама се на се мислам многу е подобро од претходното. цепак сакам да ми ги кажете вашите мислења
Youtube Чекај,збунета сум,на крај на видеово ако добро гледам пишуваше alittlemiracle, a каналов ви е acandymiracle? Инаку,супер е.
Youtube ми се допага второво видео,јас не сум способна да правам вакви интересни нокти сама ..прекрасни сте..само напред,ви посакувам срека и цекаме нешто ново
Youtube Биг биг лајк Ова второво видео ви е попрофесионално од првото, не ви напишав забелешки за првото видео бидејки повеќето од нас исти критики ви дадоа, а се гледа сте ги послушале, посредена ви е собата Многу сте убавки, убав акцент, течен англиски браво. 22 години имате? Според профилот на фемина да, ми изгледате за помалечки затоа Мој предлог бидејки сте одлични, а и сакате ова да го направите во слободно време и да се промовирате, направете си на блоггер блог. Ставате си туторијали, слики и нема подобра промоција од ваш блог, плус на тој начин ќе добиете многу поголема гледаност бидејки штом зборите на англиски не се вашите планови македонци само да ве гледаат па преку форуми да се промовирате само. А плус ако имате гледаност па со јутуб и блог ќе си заработите мож нешо Со среќа нека ви е, очекувам нови видеа, ќе ве пратам.
Youtube Светлото ви е лошо овој пат. Лакчињата требало да ги ставите од десната страна а не постојано да го криете видикот. Ете толку лоши критики. Слатки сте ( или слатка си.... ), англискиот - одличен .... браво. Мене на ваши години врв во компјутерското познавање ми беше Фрее Келл
Youtube Го видов и новото видео, туторијалот за нокти. Многу ми се допадна. Гледам дека не се лутите на критиките што ви ги даваат, туку се трудите да се поправите. Тоа ми се допаѓа. Едвај чекам ново видео.
Youtube хаха мнг сте слатки , го гледав првото видео уште кога го постиравте БРАВО ! Иако не е се совршено тоа ќе биде подобро со тек на време , зборувате доста солидно англиски а не ми изгледате на 22 годишни но како и да е браво и за тоа. Имате подршка од мене !