Леле ќе ги задавите девојчињава да можете,не ги притискајте.Почанле,значи имаат намера да прават такви видеа.Не ја форсирајте работата.Сигурно и тие си имаат обврски.Дадете и негативни критики,ама не претерувајте.Тука сме за подршка.
Македонска работа... Воопшто да не се покажело разбирање. Па девојчињата сигурно си имаат обврски со школо, иде тромесечје и нормално е да се посветат малку повеќе на тоа (претпоставувам). Што сте такви одма да напаѓате? Двете видеа им беа супер, ако направат ново ќе го гледаме и тоа ако не никому ништо. Нема валда да ги убиеме ако не постираат ново видео... Девојчиња супер сте, така продолжете, имате моја поддршка
Ее девојки као што ви реков претходно кје напраам channel .. Си напраив само незнам дали да зборам на македонски или англи ски шо мислите вие? Мн кје ми значи вашето мисленје
Мислам дека поубаво би било да збориш на македонски.Затоа што ако се нафаќаш да збориш на англиски треба перфектно да го зборуваш,и да биде правилно и разбирливо,точно граматички,точно да изговараш зборови. Па ако се нафатиш и ако мислиш дека би било поубаво англиски зборувај англиски,ама јас сепак мислам дека би било подобро да зборуваш македонски.
Важи И ја мислев на македонски ајде денес или утре кје го напраам видеото КОа кје го поставам на ЈУтјуб кје ве известам во групава и кје ви даам линк
ТАДАМ!! Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=p2tcmzyWUDM&list=LLRHLOVnbHI1wGRSxXE4iPHA&feature=mh_lolz Гласов ми е Се надевам дека кје ви се допадне И да сеуште сум детенце иам 12 години затоа иам онаков ангелски глас
супер е видеото, мислам дека малку ти фали светлина, некако темно ми делува, поубаво е да снимаш на дневна сетлина и зборувај во еднина бидејки сама снимаш
Фала Снимав на дневна светлина и уште ставив и ламба И пак беше темно.. На некои моменти сум се задткала
Ми се допаѓа видеото, ама интересно ми е што не си сигурна при зборењето, а и светлината. Мислам дека е подобро да го снимаш 2-3 пати (на различно нокте) и кое е најдобро да го прикачиш. И акво со камерата од компјутерот ли снимаше, бидејќи не е јасна сликата. Со среќа, се најдобро!
Стефи имам замерки и да не се повторувам за светлото, многу девојки ти го кажаа тоа, следен пат пред прозор снимај, гласот ти звучи како да си исплашена, грешиш зборови.. А, да и немој многу да се шлакаш од страна со лаковите, биди повеќе прецизна Ајде прво видео ти е, знам како ти е али следното (ако го има) очекувам подобрување
Јас мислам дека најдобро ти е англиски. Да те разбере светот. Само најпрво треба текстот убаво да си го извежбаш точно граматички чисто и правилно да изговараш зборови, и ќе ти биде топ. И да, како што кажаа феминките погоре, светлото подобри си го. И се ќе биде океј. Мислам, и вака е, ама си кажа ти дека ти значи нашето мислење, па да го кажам моето де. Само напред и со среќа срцка.
Kje го има се надевам следната недела или за време на викендов.. Фала за советиве премногу ми значат!
фала фала ама мене нешо слабо ми иде англискиов но кје се потрудам барем ако во видеото не зборувам на англиски кје напишам подоле превод
Ах, да заборавив. Лакчињата подотвори си, мислам полабаво затворени, оти вака глупо изгледа додека ние чекаме да ги отвориш лаковите.
Со оглед на тоа дека ти е прво видео, супер ти е. Само малце подобри си го светлото за да можеме подобро да го видиме тоа што сакаш да ни го покажеш, биди посигурна во себе додека зборуваш, зборувај малце погласно, можеш да си ставиш превод доле на англиски, ако сакаш можеш да си спремиш текст и да си знаеш што треба да кажеш (меѓутоа зборуваш македонски, така да не мора)... Како што има забелешки, така има и пофалби Сакав само да кажам едно браво за тоа што си се одлучила да правиш туторијали бидејќи не секој има храброст и плус имаш 12 години. И да, ми се допаднаа ноктите и сакав да те прашам дали ќе продолжиш да правиш туторијали за нокти или и за нешто друго? Мислам какви идеи имаш? поздравче
Фала многу!! Да кје правам.. Имам во план викендов да напраам велигденски нокти Се надевам дека кје ви се допадне и кје ве известам