Е па супер, се надевам дека ќе бидат интересни и откако ќе го ставиш видеото на јутјуб прати ни линк.
Јас решив да пробам дали ме бива за правење туторијали и еве што испадна Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=Oknj0CRtygs&context=C49957bfADvjVQa1PpcFPFRz0GZjgb6xqCrwJxTnQ4Mm8-h7UYI6o= Мене не ми се допаѓа многу,но мислам како за почетник е добро.Снимено е од камерата и затоа малку е матно.Сакам искрено да ми кажете што мислите,бидејки многу ми значи вашето мислење
Cacy мене ми се допадна Само камерата навистина е лоша Така да подобри ја камерата и се ке биде прфект
Супер е Баш дека почетник е добро ама можеш и на македонски, твој избор а за првите девојчиња, изгледа се откажаа...
Фала Прво планирав да биде на македонски,но потоа се премислив,бидејки мислам дека ако видеата бидат на англиски ќе имам поголема гледаност и повеќе луѓе ќе ме разберат
не се откажав. снимав ново видео и ќе го ставам на јутјуб. јас ќе се извинам што ме немаше но има причина и за тоа. сега сум на распуст 2 недели и се надевам дека ќе надокнадам. линкот ќе биде постиран тука
Јас имам пар забелешки. Имам забележано и на блогот па и на twitter-от има некои грешки граматички и тоа ептен очигледни. За видеово дека ти е прво си возбудена сигурна сум, така да работи на тоа да ди бидат течни и правилни речениците и збори малку погласно и појасно Chocolatelover кратко ама слатко Се подобра и подобра си, ми се свијаше музиката во позадина. Гледај следен пат нешто друго да ни преставиш, подлого
Девојчиња почнав да ја следам темава со многу ентузијазам и се разочарав, изгледате одлично ко за 13 годични девојчиња, англискиот ви е одличен, ама некако ме разочара што не останувате доследни на зборот. Ве разбирам и јас бев некогаш 13, започнував со ентузијазам ама по два три обида спласнува еуфоријата. Имам еден предлог, обидете се да снимите еден ден кога ке бидете послободни повеке видеа па да имате на лагер и да не мора да ви се лутат постариве дадички, и помладиве, кои сакаат да ве следат. Аха уште нешто ме зачуди, каде е другарката, ко да остана сама или? Се надевам ќе продолжите без оглед на сите коментари, негативни се разбира.
стварно немав многу време имавме тестови и портфолио асесмент и моето кученце ми почина. ете ако стварно беше тоа толку важно
Миличка, навистина ми е жал за твоето кученце, ама кога сакаш да те следат мораш да бидеш професионален, мислам дека идеата што ти ја дадов со повеќе видеа наеднаш ќе ти помогне во вакви ситуации. А да знаеш дека се надевам летово послободни ќе имате многу повеќе видеа, оригинални сте, имате одличен однос пред камера, имате идеи и желба се разбира. Се надевам дека нема да ве разочараат сите овие коментари, сепак е само почеток, но очекувам дека ќе биде многу повеќе и многу подобро. Ете за да се оддолжите искористете ги велиденскиве празници и направете неколку видеа па постирајте повеќе од едно неделно. Идеите нема да се исцрпат, кративни девојчиња сте. Стискам палци за вашиот успех!
Јас го избришав видеото,бидејки размислив подобро и сфатив дека тоа не е за мене.Ќе продолжам со блогот но не и со видеа...Се извинувам
видеово е многу поубаво и по професионално направено од претходните две за наредно може да направиш како да се налакираме или да како да се нашминкаме за велигден