1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Yulin 2015 China

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од AnaKlarc, 17 јуни 2015.

  1. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Дали има некој запознаено со оваа манифестација да речам. Во последно време фрчат најразлични статуси околу тоа што се случува во Кина. Да мислам дека беше Кина, земјата која мачињата и кучињата служат како доручек. Јас незнам што баш точно е оваа дека убиваат многуу многуу животни за некој фестивал и што точно се случува. Ама сигурна сум дека е грозно. Ако некој е запознаен со ситуацијава молам нека објасни...
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.596
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Кога видов темата искрено немав за ова слушнато ама еве сега малце разгледав што е.
    upload_2015-6-17_21-13-38.png
    Еве најдов и петиција против „фестивалов“ - https://www.change.org/p/president-...china-stop-the-yulin-dog-meat-eating-festival
    Безразлика дали ова е традиција, дали има некое поголемо значење никој нема право ова да го прави на ни една друга жива душа.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Да навистина е безмилосно, но и некој не сожалуваат објавуваат статуси и објави само за повеќе коментари и лајкови
     
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.552
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Ова е годишен фестивал во Кина што претставува јадење на кучешко месо.Убиваат преку 10.000 кучиња.
    Тие болни умови,веруваат дека ако кучињата поминат низ голема тортура повкусни ке се.
    Затоа ги закачуваат за автомобили и ги влечат,ги удараат,има ја требат кожата на живо и ги варат живи.
    Страшно...
    Затоа има петиција да се прекине ова ненормално однесување.
     
  5. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    и треба, нема никаква разлика од кучињата од Кина и или од некоја друга држава, законот за животни треба секаде да важи, дури и тука е за никаде,тие кучуња спаѓаат во ДОМАШНИ животни што значи не се за јадење, како шо си замислувате колку е гнасно животно да јаде човек,и секој би реагирал, исто е и со нив кога ги јадеме , и не оправдувам пошто јас сум таква особа што кога ќе помислам дека јадам нечие тело стварно ми се згадува .... Помислата дека паштетите ги прават од пилиња и тоа целите здробени сосе све и крилца и ноџиња и клуновии.. уууууу... бљак
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Е добро де, кај нас пилешкото и свинското се ко за доручек па што... Пилињата и прасињата не се греота колку кучињата?
    Јас обожавам кучиња и за мене не постои помило животно, самата си чувам куче и ги ранам сите во околина. Но да се свртиме на другата страна, тоа што за нас е неприфатливо кинезите да јадат кучиња... Зошто?
    Муслиманите не јадат свинско, на нив им е чудно како останатите религии јадат. Во Индија кравата е свете животно, а амеркинцине говедско имаат за добро утро. Кинезите и Виетнамците ете кучешко месо сакаат и сега што?
    Не бидете лицемерни, од една страна јадете пилешко, свинско, телешко, а од друга се грозите од тоа што кинезите јаделе кучиња оти греота биле САМО кучињата.
    Се сложувам и грозно е, никогаш не би пробала кучешко месо, но неможам да им судам и да потпишувам петиции затоа што е лицемерно. Што е кучето повредно од пилето или од прасето, само затоа што е мекано и поубаво изгледа?
    Луѓе чуваат и прасиња и пилиња како домашни миленици, а други луѓе ги јадат...
    Согледајте ја малку реалноста, дајте ако не да потпишуваме петиции и против живинарските фарми...
     
    На christinnn, daylight, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    јас сум против и за сите останати животни, несакам ни свињи ни кокошки да јадам... а не пак да ги убивам...
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Мимс се слагам донекаде дека е лицемерно,греота се и они,прва ќе ја потпишaм петицијата за затварање на сите фарми на светов ама ова во Кина е зло од други димензии.
    Прва работа им крадат миленичиња на луѓе! Никој тебе не ти ја зима кокошката од двор за да ја скува негде. За бездомните да не почнувам :(
    И втората најбизарна работа е што ги мачат пред да ги убијат заради некое глупо суверение дека така ќе биле повкусни!
    Ми се гади од човештвово проклето! Си плачам три дена по ред ;(
     
    На pamelche, anuskaNESTLE, 1209 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Страшно.....
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Истото сакав да го кажам Еди. Мене најодвратно ми е тоа што крадат домашни миленици, кучиња што се како дел од некои семејства, за после да ви ги послужат во ресторан. Никогаш нема да ја заборавам приказната на една девојка на која ѝ го украле златниот ретривер, а после го видела како го дерат жив. И слики имаше. Луѓе, ќе повратев! Не е работата дека сме лицемерни, јадеме месо, а се залагаме за тоа да не се убиваат кучињата. Чувам куче и знам како е да си го сакаш како член од семејството. Некој да ми ја украде за жива да ја дере, ми се чини со голи раце ќе го задавам! Можам само да замислам како им е на оние семејства на кои им го украле кучето, луѓе буквално се плашат да ги шетаат нивните миленици на улица.
     
    На pamelche, anuskaNESTLE, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  11. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Да, не дека не јадам месо, ама тоа месо јас што го јадам е прво одгледувано и убиено на брза рака така што не знае што му се случуа болка и не осеќа до некаде. Не велам дека тоа е океј, туку велам не бива сум го гледала 10 години до мене заедно сме израснале и еден ден туку така го нема излеваш на улица и гледаш како виси крваво цело, или пак живо се вари во казан, значи наистина е грозно и како да го прославиш ти тој фестувал знаејќи дека стотици луѓе воедно и ти го јадиш твоето милениче. Јас мислам дека тоа е исто како да си јадеш брат-сестра...
     
    На Olli28 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Ауууу :puke:
    Јас немав појма дека ги краделе миленичињата и дека ги собирале кучињата од улица како и тоа дека крвнички се изживувале врз нив. Грозоморно!!!
    Јас мислев дека посебно ги одгледуваат тие кучиња што им служат за исхрана.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Kill dogs ?? uh oh, how not ashamed ruthless singular :o:o
     
  14. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
  15. Edie.S

    Edie.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    395
    Пол:
    Женски
    Дечки дај ставајте слики во спојлер! Аманте, стресно ми е!
     
    На jloves и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Навистина, слики во спојлер, ќе ве молам.

    Ова е страшно. Миленик од дома да ми го земат, па и да го малтретираат, кожата да му ја одерат, па и на крај да го јадат, страшно.
    Имаат ли свест овие луѓе?

    Јас се потресов од сликите. На Инстаграм видов неколку фотографии и онака го разгледав хаштагот #StopYulin2015 , немав поим што е, и толку ми требаше да видам две-три слики и да се расплакам.
     
  17. marija.980

    marija.980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    Ова е навистина страшноо абе тие луге се монструми,како така можат на лугето кои чуваат миленичиња да им ги крадат па после да ги убиваат,неможам да си го замислам тоа.
    Ми се иде таму па сите тие монструми да убиjам :@ :devil:
     
  18. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.593
    Допаѓања:
    9.361
    Пол:
    Женски
    Безмилосни кретени.Како можат како.И тие се души, цел живот да ти бидат пријатели и после јади ги.Грев е, кај нас се казнува ако повредиш куче таму ги јадат, во грло нека им застане нека се удават да даде господ.Како не им е жал бе како ;(;(:swear::swear::swear::swear::punch::punch::tmi:

    Пред малку гледав виеда на јутуб.Се изнаплакав, како ги малтретираат, греота.Го влечеа кучето по земја и потоа безмислосно го маваа со стап за на крај да му го збрцаат ножот.Неможам да се изначудам до каде оди светов ;(;(;(;(
     
    Последна измена: 19 јуни 2015
  19. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Ѓубриња, нив треба вака да ги дерат !!!
    Ај да кажеме разбирам што сакаат да јадат кучешко месо, ама што сатисфакција имаат во тоа да ги измачуваат ?! Што луѓе се тие ?! Зарем не им е ни малку жал ?!
    Не верувам дека Хитлер и Менегеле биле толку психопати како што се овие (добро де исто колку Менгеле психопати се).
    Ебати „напредната“ кинеска нација !!!
     
    Последна измена: 19 јуни 2015
  20. Olli28

    Olli28 Активен член

    Се зачлени на:
    28 март 2015
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    345
    Пол:
    Женски
    Откако дознав за овој фестивал на поинаков начин си го гледам кучето, повеќе го ценам од претходно. Не дека не го сакав пред тоа, но повеќе го ценам.
    Не ми се верува до кај е дојдено, па никој со здрав разум ова не го прави, на тие кои ги прават и/или го поддржуваат и се изживуваат дефинитивно им фали нешто...Ова мора да запри.
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.