1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Yulin 2015 China

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од AnaKlarc, 17 јуни 2015.

  1. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Светов оди во многу погрешен правец. Се плашам дури и да помислам на што се ќе бидат спремни луѓево за десетина години.
    Гледав на youtube видеа и сеуште сум под стрес, како што кажа Olli28 сега уште повеќе ги засакав кучињата.

    За тие што велите дека ова што се случува во Кина за време на фестивалов е сосема нормално имајќи во предвид дека секаде во светот се убиваат животни, исто така треба да имате во предвид и дека оние животни чие што месо ние го конзумираме не се убивани по подруми во нечистотии, влечени на улици и продавани на отворени пазари, тоа се животни кои се одгледуваат во фарми кои се стерилни, легални, контролирани од ветеринари и разни санитарни инспекции.
    Значи немам никакво право да кажам дека би ги затворила сите фарми во светот бидејќи и самата конзумирам месо, впрочем на човековото тело му е потребно месото како прехрамбен протеински продукт, ние не сме тревопасни суштества (со исклучок и секоја чест на вегетаријанците и веганите).
    Никој не им забранува да јадат кучешко месо тоа е точно, и ќе продолжат да го јадат без разлика на тоа дали ќе се одржува или ќе се забрани фестивалот, но поинаква би била целава приказна доколку одредена раса на кучиња би се одгледувала и размножувала на фарми, исто како што кај нас се одгледуваат свињи, крави, кокошки...
    Освен што е страшно тоа што ги мачат и тепаат пред да ги убијат, уште погрозно е тоа што кучињата ги земаат од улици, некои од нив се стари, некои болни а да не зборувам за тоа што ретко кое е вакцинирано. Откако ќе ги убијат и очистат, месото стои на сонце со часови додека не се продаде и приготви. Читав статија која вели дека драстично се покачува бројот на заболени од беснило, пред некој ден гледав на вести и некој нов тип на грип се шири во Кина. Ова е озбилна закана за светското население од здравствен аспект и мора да се прекине...
     
    На pupi.girl, Olli28, AnaKarenina и 2 други им се допаѓа ова.
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    https://action.hsi.org/ea-action/action?ea.client.id=104&ea.campaign.id=32130&ea.tracking.id=sharefb потпишете дека сте против со едноставно внесување на име презиме и е-маил адреса, јас се потпишав.
    Оваа традиција ми е една од најгрозоморните. Се знае какво месо треба да биде конзумирано и истото е сертифицирано, за разлика од кучешкото кое ако биде конзумирано може да предизвика појава на разно разни болести.
    Преѓе гледав видео на јутуб, солзи ми дојдоа... ;(;(;( кучиња наредени во кафези, наредени на штандови за продавање со цел да бидат изедени ! Па во едно видео еден Кинез вика дека никој не може ништо да му рече зошто во Индија никој не би изел крава, зошто е свето животно. Индијците ќе им се лутатн а Англичаните ако изеле говедско месо, така да ист им бил случајот. Според мене во никој случај не е ист, зошто говедското месо е одобрено за јадење, кучешкото во никој случај не е. Исто гледав и слики од мачиња. Кутри животни нека ги депортираат подалеку од Кина и мачиња и кучиња и глувци.
    Кинези со испрани мозоци се надевам дека ќе ви го забранат тој грозен фестивал и дека ќе ви дојде паметот. Отров да ви се стори !
     
    Последна измена: 20 јуни 2015
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Во суштина човекот е најголем ѕвер меѓу сите животни на планетава.Кај нив тоа е традиција како што кај нас се колат прасиња и јагниња.Искрено не гледам разлика меѓу нас и нив,само што кај нас нема таква масовност.Ама затоа имаме Пифтијада ,Најголема пастрмајлија најголема плескавица.Со што ние се разликуваме од нив кога сме месождери.Само што кај нас е завиткано во целофан.
    А да оправдувам ваков фестивал или слични на него,не оправдувам.Ама кога погледнам дека денес имам коковче за ручек или печено бутче која е разликата меѓу мене и нив.Е да ,мене не ме фотографирале кога сум им го одземала животот.
     
    На Tanjus, Nausicaa, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.800
    Пол:
    Женски
    ^ @pupi.girl Реално факт е дека ако гледаме така малце дволично иди ако воопшто пополниме петиција. Вистина е дека месото не е здраво ако не е проверено и дека можи луѓето да се заболат и дека ние на кучињата гледаме како на миленичиња ама некои чуваат и коковчиња. ^ @lunicka факт е дека луѓето ќе јадат месо уште доста долго време и неможиме да се крениме на револуција против светот, зошто јас лично потпишав петицијата и поддржвам да биди прекинат овај „фестивал“ е зошто ги измачуваат кучињата за нивниот адреналин, за месото да им било повкусно. Па и тоа има душа, ко веќе си решил да го јадиш фати го и убиј го на најбезболниот начин, а не да го измачуваш. Па аир од измачувано месо да не видат бе.
    За таков грозен чин место „крв да им се стори“ можам да речам само „отров нека им се стори“ . Згора на тоа земаат кучиња од по домовите кои се дел од фамилијата.
    п.с. и на претходната страна има петиција, и петицијата на оваа страна јас ја пополнав од причини кои ги наведив горе, неможиме некој да забраниме да јадат било какво место, ама не смејме да дозволиме да го измачуваат животното БИЛО КОЕ пред да го убијат.
     
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Значи излегува дека нас не ни пречи што ГИ убиваат,туку КАКО ги убиваат.
    Нека убијат не 50000 ,100000 нека убијат ама не со иживување.:^)
    Се заплеткуваме во сопствена мрежа.
    Мене искрено се ми пречи и масовноста и начинот.Ама со потпишување на петиции нема да ја докажеме нашата хуманост кај народ ,кој ова го смета за фолклор.
    Пак ќе кажам човекот е ѕвер ама оди поправи нешто што некаде се смета за нормално.
     
    На kjukli и daylight им се допаѓа ова.
  6. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Те сваќам, знам што сакаш да кажеш ама те молам свати ме и ти, бидували некој тебе од двор да ти го земе кутренцето и да ти го измачува до смрт. Нема ли тебе срцето да те боле. Па и тоа е душа, ако веќе судбината му налага да е убиено, океј ама бар нека не истрпува болка. Тие кучиња се натерани да ја посакат својата смрт како никогаш до сега.
     
    На kjukli, Sunshine.Sunshine, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Апсолутно те разбирам :nod:.
    Само што не можам да ја потпишам петицијата баш затоа што имав јагнешко месо за ручек.
    Не можам да бидам дволична.
     
    На crimson и daylight им се допаѓа ова.
  8. neongirl07

    neongirl07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2015
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Сега актуелна е таа тема, за во Кина. Илјадници гладни и измачени кучиња, од кои најголем дел се бездомни, наместо да бидат земени и згрижени, се ставени во кафези и чекаат да бидат убиени. Навистина жално. И тие се живи суштества, исто како нас.

    #dogs are friends, not food
     
  9. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Зошто така размислувате!? Бог створил одредени животни за човекот да јади, и сите знаете кои се тие,И ЗАТОА не викајте дека никој не им брани кучиња да јадат, затоа што тоа не е правилно,тие спаѓаат во домашни миленичиња НИЗ ЦЕЛ СВЕТ ,тие што,почнаа веке миленичиња да јадат е тие се канибалци со црни души, ај,вака, замислете си дека некое одредено животно кај и да сретне човек, го јаде,и да си речеме, леле ово животно види што ни прави на нас лугето, ќе престане ли некогаш да не јадат!? Ооо никое животно не јаде човек, не ги ниту обвинувајте кучињата кога ќе нападнат некој , дали сте размислиле дека секое живо битие кога чувствува страв се обидува да се одбрани, така сме и ние зарем не? Сите исто функционираме, и не се правете себични затоа што не сте ВИЕ само на оваа планета и оваа природа не ви припаѓа само на вас лугето, тука се и животните, инсекти, риби, птици... ТОА ШТО СЕ БЕЗГЛАСНИ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ПОМАЛКУ ВРЕДАТ!!
     
  10. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    види не е исто јагне и куче, јагнето е од Бог дадено да го јадеме не и куче....
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    97.984
    Пол:
    Женски
    Можеби и @Goticarka да живее таму ќе биде дел од нив, исто и јас.
    Ако не си присуствувала на колење на јагне тогаш не знаеш колку е жално и мачно.
    И на едното и на другото го одземаме животот .И едното и другото имаат душа.
     
    Последна измена: 22 јуни 2015
    На Nausicaa, Giovanna, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Pa kinezite ne se hristijani, na niv moze kuceto, gluvcite I bubackite im se od nivniot bog dadeni za jadenje, kako moze taka da kazes Goticarka.
     
    На crimson, lunicka и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  13. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека чуваат свињи како миленици? Јас чував кокошка како миленик и помило и благодарно суштество не постои. Од кога ја земав кокошката до ден денес се чувствувам одвратно кога јадам пилешко.

    Бог ги „создал“ животниве за да страдаат на овој начин?
     
  14. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    20.950
    Пол:
    Женски
    Не знам што воопшто ми требаше да разгледувам слики и да гледам видеа од овој така наречен фестивал на идиоти и бездушници.Не им е грев бе онака да се изживуваат врз невините животинчиња, па и се осудуваат да ги крадат од оние кои ги сакаат и се грижат за нив како дел од семејството.Не знам, не навлегувам во нивната религија, можеби како што ние јадеме телешко, свинско, пилешко тие сакаат да јадат кучешко месо, но не е ова начин.Зошто толку да ги мачат.Не можат да ги одгледуваат во некоја фарма, и по брза постапка без да осетат никаква болка да ги убијат?Мада знам, не е и тоа начин, ниту едно живо суштество не смее да служи како храна за да се задоволат потребите на човекот, али ете.Не дека не јадам месо, вкусно ми е, али што е себично и нечовечки, е.
    Нема некој што ќе ги пријави, нешто нешто било што за да се прекине ова.Како може здруженијата за заштита на животни да се глуви за ова?:x
     
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.573
    Го читам ова и се чудам.Луѓе точно дека јадеме секакво месо (пилешко,јагнешко,телешко итн),но тие животни не се измачуваат и не им прават тортура па ги убиваат.Тие животни се чуваат се хранат и се оплодуваат,а тоа го прават благодарение на човекот.Човекот го прави тоа за да егзистира.Кучето е пријател на човекот.Уште од раните доба кучето било овде.Кучињата се сметаат за интелегентни суштества (немојте да ме сфатите погрешно дека и останатите животни не заслужуваат да живеат итн).Кучињата ги има во разни области во човековиот живот (се користат во полицијата,служат како предводачи на слепите лица итн).Но ова кинезиве што го прават не личи на ништо.Прво и основно ги мачат кучињата а ги крадат од дворовите.Како што некои феминки велат би можело со некоја брза постапка,на која ги одгледуваат кучињата да ги убијат.Но на крај има разлика од ДОМАШНО животно и МИЛЕНИЧЕ.Дали ви е логично некогаш да влезете во продавница и да кажете едно кило месо кучешко,раса лабрадор така малку поизмаченко?Мене не.
     
    На Goticarka и Olli28 им се допаѓа ова.
  16. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Болни луѓе, тие треба да се одерат живи, а не животните!!! Уфф како би им фрлила една нуклеарка, сите да ги снема :@ Каде им оди душата само не знам. Сите јадеме месо, ама никој од нас не се изживува врз животното, да го малтретира и на крај да го убие. Ниту еден нормален човек што има совест не би го направил тоа па каква сака традиција нека им е.
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Болдираниот дел: оти да не е човекот тие нема да јадат и да се оплодуваат, среќа што сме ние тука па да ги затвориме во фарми и да ги храниме и оплодуваме :worried:
    Оххх во колку прекрасни услови ги чуваат коковчињата во живинарските фарми, кравите и офците во фармите, маа мед и млеко тече таму. Ги бањаат, ги галат, ги чешлаат им прават маникир, педикир баш како на Милка рекламата. Ич не ги малтретираат, не ги изгладнуваат, а ги пукаат со хормони и вештачка модифицирана храна за да бидат поголеми и повеќе млеко да даваат. Ич не ги пикаат по 100 кокошки во еден кафез кај што нема место ни да се свртат. Охх така безболно ги убиваат со песнички рецитирање и притоа ги галат додека безболни не им го збрцаат ножот во врат.
    Нормални сте дека верувате во ова? Никад не сте посетиле фарма? Никад не сте погледнале некое видео на кое е прикажано како живеат и како се одгледуваат животните наменети за исхрана на човекот?
    Паа можам да кажам дека е скоро исто како видеава со кутрињава.


    Што е разликата помеѓу домашно животно и домашно милениче? Разликата е во изгледот, крзното? Само затоа што кучето е поубаво на изглед и има пуфкасто мекано крзно идеално за галење и затоа што знае трикови кои го забавуваат човекот па затоа повеќе заслужува да живее од прасето? И кокошки и прасиња се чуваат како домашни миленици па ние ги јадеме и што е разликата тогаш?

    Убаво е што сакаме да се бориме да спречиме нешто сурово и брутално.
    Убаво е што сакаме да направиме промена во светот.
    Но немојте да ги осудувате кинезите затоа што освен вегетеријанците сите сме исти ко нив. Не те прави подобар човек само затоа што дирекно не си ја убил кокошката кога учествуваш во нејзиното јадење, замисли да не си ти таа кокошка нема ни да биде убиена.
    Убаво е еднаш ваква петиција да се покренеше против свињокољот во Србија, пастрмалијадата во Штип и слично...
    Да не ме сфатите дека го оправдувам фестивал, тоа најмалку. Почитувам, кој што сака нека јаде, секоја нација си има свои културни навики и обележја но не е начин тоа да се прави така брутално и нечовечки. Убиј го хумано барем, човек си, не биди ѕвер.
    Па и лавиците кога ловат антилопи инстант ги убиваат, не ги мачат полека...
    Страшно колку ние луѓето можеме да бидеме гадови и да се изживуваме врз животните.

    И уште нешто, месото во никој случај не му е потребно на човекот за да преживее, напротив дури и штетно е, така да не е тоа оправдување за да јадеме месо. Совршено добро се живее и без место, ама си сакаме беее, не се правдајте дека ќе умрете без месо. ;)
     
    На Nausicaa, Giovanna, do-re-mi и 5 други им се допаѓа ова.
  18. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
  19. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.573
    Нема да умреме без месо не се секирај ;).Мислам дека нема потреба да се караме,бидејќи (очигледно) имаме различни ставови и мислења кон ова.Велиш дека си далеку од тоа дека го оправдуваш фестивалот.Но молим те кажи ми барем еден фестивал дека се колат свињи,кокошки телиња.Некој што има миленче свиња да му ја земат и да му ја донесат да му ја колат и да ја носат на “фестивалот“ во Србија (или било каде).Ова болдираното.Не знам колку си запознаена но постои нешто што се вика ФАРМЕРСТВО.Како што кажав немам намера да се карам.Велиш дека кои сме ние луѓето да го правиме тоа (да ги храниме итн)епа не знам дали некогаш сте сретнале во дивината теле или крава?Имаме различни ставови.Велиш дека нема разлика меѓу кучето дома и свињата во фарма,епа не знам како би ти било да си го земеш кучето еден ден да одлучиш да си го заколиш и да си го мачеш цел ден да си го вариш и потоа да уживаш во неговото сочно месо.
     
    На Olli28 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Прво - јас го пишав тоа дека нема да умреме без месо.
    Второ - незнам зошто мислиш дека се карам, јас само дискутирам за тоа и е темава да си ги кажеме мислењата.
    Многу добро знам за фармерството и баш затоа го спомнав дека ни таму животните не живеат убав живот.
    За останатото апсолутно се согласувам, тоа што го прават на таков брутален начин кинезите што им ги крадат миленичињата во двор е неоправдливо, никој нема право да ми го украде миленикот.
    Не реков дека нема разлика меѓу кучето ДОМА и свињата во ФАРМА. Затоа и пишав тука на темава дека ако веќе сакаат да јадат кучешко месо барем нека си направат фарми кај што ќе ги чуваат и нека ги јадат, а не да крадат од луѓе кои цел живот се приврзани со нив.
    Точно во Србија исто на самите тезги ги колат свињите но сигурна сум дека не се крадени од луѓе кои ги чуваат како миленици туку тие се одгледани баш за таа намена, за храна, а не како миленици. Тука е разликата што кинезите тоа не го разликуваат.
    За што всушност се борите вие?
    За тоа што се јадат кучиња или за тоа што при тој чин истите се измачувани?
     
    На AnaKlarc, Goticarka, danichap и 2 други им се допаѓа ова.