1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Yulin 2015 China

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од AnaKlarc, 17 јуни 2015.

  1. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Нее јас не велам дека постојат за да страдат, сакам да кажам дека одобрено е само неколку вида на животни смеат да се јадат за човекот да се прехрани ама не и да ги измачуват само затоа што можат, тоа е веке злоба, никое животно НЕ СМЕЕ да биде измачувано, еве некој спомна за свињите... свињи и ние чуваме, ама ги гледаме како очите, секој момент да имат вода и храна И голем простор, ама не и да ги тепам да ги мачам, замислете никој да не јаде свинско и тие само да се множат и после што ќе биде!? Една некаде околу 10-13 опрасува....нормало не е убаво од мајката да ги зимаш децата за продажба но некои ги чуват негуват за после кога ќе порасти човекот да си обезбеди месо, да има и месо да внесува, секако потребни ни се тие состојки од месото.... исто и кокошки, или овци,кози што ти знам таму.... ааама тоа е легално, се знае зашто служат, а кучето е како дел од семејството, чувар и другар.... ааа момичката што рече не се христијани... сите треба да знаеме дека без разлика која вера сме треба да ги почитуваме законите за животни, и запомнете дека одредени се јадат како риба, не секоја се јаде, птици, не секои се јадат ,.... и сега само затоа што се друга вера не значи дека ќе оправдувам, башка они ги имачуваа, тепаа, ги дереа И ТОА ЖИВИИ, тоа не е исправноо,ве молам...
     
  2. BigMisterP

    BigMisterP Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2015
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    101
    Ти си вегетаријанка?
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Не сум, затоа и не се чувствувам компетентна да му кажам на кинезот да не јаде куче кога јас јадам и пиле и прасе и теле.
     
  4. marija.980

    marija.980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    662
    Пол:
    Женски
    И jас jадам месо.. ама ние тоа пиле,прасе го чуваме го храниме па потоа го убиваме ама не го мачиме вака.
    Добро ако толку сакаат кучешко месо нека ги чуваат во фарми па потоа да ги убиваат ама не на ваков начин да ги измачуваат.
     
    На Olli28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Дрн-дрн јариња тема.
    Се збори за хипокризија во смисла: зошто не е ок да се јаде кучешко а е ок да се јаде телешко, а не се збори за хипокризија во смисла ме интересира за кучињата во Кина, а не прашувам за луѓето во Кина, уште повеќе ме интересира за луѓето во Кина, а прашувам за луѓето во Македонија...

    Тоа е таа логика...

    И уште кога ќе видам некој ми го спомнува Бог и како тој ги создал животните за оваа или онаа цел.... :rofl:
     
  6. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Луѓе што се деси со фестивалот се одржа???
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Да , и тоа цела недела
     
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Одвратно ми е ова.
    Значи одредени животни сакале ние или не, се едноставно дел од синџирот на исхрана и до негде се потребни за правилен развој на човекот.
    Знам дека има вегани, вегетарјанци и дека и така може да се преживее, ама неминовно е да имаат многу помалце енергија и послаб имунитет. Значи едноставно на тој принцип сме изградени.
    Ама кучиња? Сериозно? Значи не можам да сфатам. Традиција, историја се, се океј, ама кучиња...
    Можи и пандите убав вкус имат, ај да ги јадиме. |(
    Значи нема смисла.
    И уште повеќе ме револтира дека им ги крадат домашните кучиња на сопствениците, и јас како сопственик на куче се ежам од глава до пети. Во состојба сум да убијам човек ако ми го укради кучето, а не пак да го испечи и да го јади!
    Само се надевам дека за другата година ќе се вклучат повеќе луѓе и организации во ова и дека ќе се одложи глупиот фестивал еднаш засекогаш!
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Бар со хуман третман да се убеа тие животни што се „дел од синџир на исхрана“. Телето го одвојуваат од мајката веднаш кога ќе се роди, го маваат со стапови, му кршат коски, на крај го бесат наопаку и му го расекуваат вратот. Телето се дави во крвта додека не умре. Тоа нормално е? Или пак кокошките да ги третираат како предмети. Свињите ги удираат со стапови, им кршат нозе, на крај електрошок им маваат. А, убивањето на кучиња во Кина е секојдневие. Кога ќе видиш ефтина кожа, знај дека таа кожа е кучешка. Односно се’ што потекнува од Кина и е од животинско потекло, нека пишува на декларацијата што сака, производот е од кучешко потекло бидејќи поефтино им е.
     
  10. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Значи јас ништо не искоментирав за третманот на животните што се дел од синџирот на исхрана. И јас сум дел од здружение за заштита на животните и се залагам за нив, ги поддржвам сите големи организации за заштита на животните итн.
    Дека животинското месо е дел од синџирот на исхрана е неминовно. Јас не го измислив тоа, туку е така уште од самите почетоци на човечката раса. Во животинското месо има многу состојки, протеини, витамини и др, што ги нема на друго место и не можат да се примат во друга форма. Поради тоа месото е дел од нашата исхрана бидејќи придонесува за целокупната енергија, имун систем, коскен систем, за мускулите, и целокупното физичко и ментално здравје.
    А како се тие животни третирани при создавањето на месото и месните производи нигде не искоментирав и не го оправдав и не сметам дека е нормално.
     
  11. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Едноставно немам зборови, единствено нешто што можам да кажам е дека ние луѓето сме повеќе од ѕверови... (wtf)
     
  12. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Ама сепак, купуваме месо од месари кои вршат тортура врз животните. Пак е некоја поддршка.
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    Дали ти воопшто знаеш што значи поимот синџир на исхрана? Тоа не е еднакво со сите животни што се суровина во месната индустрија.
    Синџир на исхрана е поим од биологија и ги вклучува сите организми што јадат или бидуваат јадени од некого.
    И не е ненормално да се јаде било кое животно зошто нормално е само замислен конструкт од луѓето и во реалноста не постои. Во реалноста, ако можеш да го фатиш и убиеш, можеш да го јадеш. Нема друго правило.
     
  14. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Го мразам ова. Не мора така да ми се обраќаш. Океј?
    Перфектно јасно знам што значи синџир на исхрана и ако сакаш, ќе одделам време да ти објаснам. Мислам дека е совршено јасно во кој контекст е пишано мислењето. И јас имам образование, не ми се прајте паметни.
    Со реченицата која ја имаш цитирано, сакав да кажам дека не коментирав за како се третирани животните кои се користат во нашата исхрана, туку само дека животните се неминовно дел од нашата исхрана.
    Мора да се зафатите за збор и да се правите паметни.
    Како и да е, мислам дека треба да престаниме со разговорот бидејќи очигледно далеку заминавме од темата.
    МОЕ ЛИЧНО И ПЕРСОНАЛНО мислење, е дека кучињата не треба да се дел од исхраната, не оти не е „нормално“ туку од морални и социјални причини.
     
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас денес на фб страната на Анима Мунди прочитав дека фестивалот е откажан, ама не успеав на интернет да најдам некои конкретни информации :?:
     
    На s1a1n1d1r1a1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Наводно официјално бил откажан фестивалот, ама на многу места пишува дека сепак се оддржува само на црно. И има слики каде што се тепани од народот луѓето што убивале кучиња.
    На оваа страната пишува повеќе и има слики од тепаните луѓе.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Уште ли траат овие гадости?

    Видете, јас сум си сештојад, да си кажам веднаш. Тоа значи дека јадам и месо, меѓу другото. Според тоа, ги оправдувам луѓето што јадат месо и разбирам дека во различни делови од светот се јаде месо од различни животни.

    Меѓутоа, воопшто НЕ ГО ОПРАВДУВАМ НАЧИНОТ на кој се убиваат животниве за овој фестивал (во случајов кучиња), како и тоа дека тие кучиња биле нечии миленици. Оправдувам да постојат фарми на кои би се одгледувале кучиња и потоа по светски стандард да им се одземе животот за да се користат како храна (таму каде што е дозволена консумација на храна од кучиња). Не сум длабоко навлезена во оваа тема, бидејќи ми се згадува, но почувствував потреба да го напишам ова.

    @Papillon.Papi, зарем сеуште постојат места каде така ја убиваат живината и стоката? Колку што знам (бидејќи тоа ми е дел од образованието), храната во нашава земја треба да се произведува по HAACP стандарди (бидејќи тоа се дел од условите за влез во ЕУ), па така и животните за храна треба да се убиваат според европски стандарди (без возбудување или страдање на животното) или стандарди како што е HALAL-от.
     
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Далеку сме за влез во ЕУ, прво луѓето, па уличните кучиња и стоката се третирани катастрофа. Луѓето ги третираат како стока, животните бетер од стока. Така да не ми се верува дека храната се произведува по НААСР стандарди. Прво владата не си ги почитува сопствените правила, а "очекува" да влеземе во ЕУ. (мислењево малце оф топик, простете)