АХХХ ми недостига стара амбалажа. еднаш многу одамна пред можеби 5 години за прв пат пробав дел од оваа козметика и тоа баш овој лосион за тело од лилјани, да видиш само како мирисаше сите ме прашуваа што парфем користам, а колу беше само мрсен, кожата ми се сјаеше, мирисот интезивен но нежен, има лосиони со интезивен мирис и создаваат алергиски реакции, овој не, оваа козметика е на природна база. Перфекција. Инаку лосионот тогаш го платив 450 денари а 250 мл. јас во мк ја немам сретнато инаку има неверојатен асортиман, имам каталог и ден денешен си плакнам очи.
ДА,кармини и сјаеви за усни супер беа.Тетка ми имаше некои парфемчинња мислам,ама оваа козметичка компанија ја нема кај нас,Швајцарија знам дека има,исто и Германија.Баш во Хамбург кога бев,посетив нивна продавница,имаше многу голем асортиман на производи.
Француска е мислам, ама едно време имаше парфимерија и во Хрватска незнам сега дали има, мислам не, тоа беше пред 5 години, како ми недостига овој лосион аххх...
да....преубави се! Штета што ги нема во нашава мила Македонија (или барем јас ги немам сретнато). Оваа козметика е на природна база, немаат којзнае колку многу избор, за разлика од другите компетитивни компании, но мене многу ми се допаѓаат. Имам шанса, редовно да патувам, и ги купувам нивните производи. Имам користено млеко за тело, путер за тело и многу убав шампон. Од декоративната козметика имав преубав руж, камена пудра и маскара. Имам другарка во Франција, која редовно ми праќа вакви прозиводи, посебно кога има промоции...доста работи можеш да си најдеш.
http://www.facebook.com/pages/Yves-Roch ... 0240124655 Прв пат прочитав сега па ме заинтересира дека спомнавте има на фб,како што гледам има во Мк цените се во денари.
Интересно изгледа а каков е принципот на продавање?Мислам бидејки не сум ги видела во Космо,да не преку консултанти како Авон и Орифлејм на пример? Баш ме заинтересиравте
каталошки,нема продавница, затоа се чудам инаку ќе ја забележав досега. Најверојатно порачки преку фб, ама гледам нема се, посебно лосионот кој јас го барам.
Ми се допадна една маскара 661 ден. Некако ми се гледа скапа ,ама мислам дека вреди за тие пари Една во розево пакување
Се' убаво, ама цениве многу мрснички. Би требало да имаат квалитет штом се на природна база - ама тоа го велат и за производите на Авон и Орифлеим. Мене сепак не ми се даваат толку многу пари за толку малку, еве конкретно 600 денари за маскара, 450 денари за 250мл млеко за тело - ух, ту мач.
сакам да си купам некој добар крем за брчки -немојте да ме сватите погрешно не сум 40годишна,имам 25 -26 и нели секаде велат на тие години треба да се почне со некава превентива-за да не ми се појават, мегутоа имам читано дека кремите против брчки создаваат зависност ако не се на природна база односно дека со годините се појак и појак ке треба да користам ...само да напоменам дека кремите на нивеа ми прават бобулјици, па затоа ги гледав овие, па муабетот ми е некој некој крем да има користено?
Само кој носи од оваа козметика, незнам , баш би сакала млекото да си го нарачам, инаку овој каталог нема многу избор, тој јас што го имам дома има повеќе, најверојатно затоа што се нови кај нас.
И јас сакам да си нарачам, ама незнам што, а и не само тоа, цениве се малце Како и да е, ако некој порача нека ни каже дали му стигнале, и дали е задоволен од производите! Мислам дека 250 денари е испорака
Јас ја користам козметиката подолги години, и во македонија конечно може да се најде, работаат само по нарачка. Иначе сум многу задоволна од сите производи до сега што сум ги имала.. разладувачи за пети,креми за пети,кармини,креонче,млека за тела,лосиони за чистење на лице,ролони,кремовите за лице им се исто така убави и го прават лицето мазно, парфемите им се феноменални само се секогаш поскапи... Е само за сенките за очи незнам какви се зошто ми се скапи да ги купам.
Од оваа фирма имам парфем Преубаво мириса,ме потсетува на Valentina by Valentino. Само уште малку повеќе да траеше Јас го купив од нивна продавница во Софија.