1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Yves Rocher козметика

Дискусија во 'Лице' започната од smiley-32, 13 октомври 2011.

  1. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    Јас имам производи од yves-rocher прекрасни се.Карминчињата се многу долготрајни, по цел ден не се бришат.Вреди за тие пари.
     
  2. Marmalade

    Marmalade Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Јас овој мирис го имам,супер е за тие пари,свеж и многу долго трае.И гелот за туширање од истиот парфем е супер,остава долготраен мирис по туширањето.Ми пратија и некои гратис производи со порачката -крема за лице органска,млеко за чистење лице и уште еден гел за туширање,и некои тестерчиња.Другиве производи ич не ги биваше-на кремата за лице и истекуваше рокот,а млекото ич не ја вадеше шминката.
    Друго што не ми се допаѓа -испорака чини 250 денари!!!!па за тие пари до не знам кој град ќе одам во државава и ќе се вратам,не пратка од центар...а за гратис достава мора цех од 2500-3000 да се направи ,што е премногу.
    И испаѓа тоа што е на попуст ,уствари си го плаќаш со доставата.
    А и доставата е друга приказна.Ме прашаа по тел кога ми одговара да стигне пратката и нормално си израчунав кога ќе бидам дома да им отворам и да платам.И што се случи?Јас на работа,пратката стига еден ден порано од договореното,моите дома зачудени зошто да плаќаат 2000 ден за некоја пратка....Ми звонат одма на тел и ми викаат еден поштар носи пратка и ни бара пари,што е работата?
    Од такт се извадив....плаќајте викам па кога ќе дојдам ќе се разбереме.
    Глупости,а да немало никој дома,или да не отвореле,или да немале пари во моментот....брука жива,може ќе требаше и да доплаќам за повторно праќање...
    Затоа договор треба да си е договор.Крајно непрофесионално.
    Сметам дека се несериозни некако за таква фирма....имаат и мала понуда а и цените не им се баш ефтини.Поштарината скапа,нема можност за плаќање со картичка...
     

    Прикачени фајлови:

    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Отворија продавница на Yves Rocher во Сити мол?
     
  4. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Отворена е продавница во С.молот , и се наога дијагонално од Карфур,на другиот крај на приземје.
    Јас бев мината недела ..имав нарачано некои работи,и да ги видам пред да ми стигнат :lol: :lol: наместо да отидам пред да ги нарачам..
    Има се што има и на страната на интернет..само што кога се купувало од продавницата не се добивало поклон-изненадување за порачка над одреден износ..како што следува доколку се нарача онлајн...
    Се на се суперквалитетна козметика .. а парфемите се :* :* - Француски шик..до еден.
     
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Јас го имам парфемчево...
    [​IMG]

    ...преубаво мириса, многумина ме прашуваат каков парфем имам ставено.
    При крај ми е, па кога ќе шетам во City Mall задолжително ќе влезам во нивната продавница да видам дали го имаат.
     
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Производи од yves rocher

    На моја огромна среќа,веќе не ја малтретирам баба ми секој месец да ми праќа парфеми,тоалетни води,гелови за туширање,млека за тела итн бидејќи конечно и кај нас веќе има специјализирана продавница за овој бренд која се наоѓа во Skopje City Mall.

    Еве ви линк од официјалната страна на yves rocher Македонија,http://www.yves-rocher.mk/shop/.

    Дали ги користите овие производи колку сте задоволни и кои производи ви се најомилени?

    Јас сум препрепрезадоволна,веќе 2 години сум зависничка од овој бренд,посебно од геловите за туширање и млеката за тела.Имаат долготраен и јак мирис,целата облека ми мириса на нив и пиџамките исто.

    Оваа колекција ми е најомилена.Мх мх мх.Кога ќе си се истуширам со гелов,па млекото,па на крај се ќе зачинам со парфем.Мераци!

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    :inlove: :inlove: :inlove:
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Производи од yves rocher

    Немам користено ништо од овај бренд, заприметив дека го има во Сити мол, кажи ни како се движат цените, зошто изгледаат како малце поскапички. Би сакала да пробам барем некој производ зошто изгледаат примамливо и исто квалитетно :)
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Производи од yves rocher

    Па ви ставив линк,има дел од производите и цени,мене најубава колекција ми ја нема овде,но сепак имаат убав избор.
    Па имаат нормална,прифатлива цена.Обично геловите за туширање и млеката за тело им се околу 600 денари,тоалетни води,зависи кои како,имам една од кокос околу 500 денари,обично другите подобрите им се 1.800-1.900 денари.
    Имаш и од 200 денари гелови за туширање.
    Имаат многу добар шампон против првут за само 180 денари.
    Друго,хм,па незнам,не ми текнува,провери си,и плус се ептен љубезни. :)
     
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.388
    Допаѓања:
    8.331
    Пол:
    Женски
    Гледам ги користите парфемите на ивес рошер, ги меркам веке некое време, но незнам колку се трјани па ајде малку повеке околу трјаноста :) Инаку многу убаво мирисаат повекето од нив :inlove:
     
  10. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Најбоља е! :inlove:
     
  11. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Кажете ми дали ако се пријавам за каталог да ми стига треба да плаќам нешто ? Може е глупо прашањево ама што да правам. :)

    Кажете ми какви се шампоните за кафеави прамени и златни прамени,дали се добри,ако некоја од вас ги има пробано?
    Благодарам однапред девојки. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • ppr04680.jpg
      ppr04680.jpg
      Големина на фајлот:
      26,4 KB
      Прегледи:
      480
  12. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    И во оваа тема да прашам искуство со пудрата има некој, од другите производи сум задоволна се мислам дали да ја земам, дали ке ми одговара имам нормална до комбинирана кожа :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • 22503.jpg
      22503.jpg
      Големина на фајлот:
      18,8 KB
      Прегледи:
      416
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Колку чини и дали го има во продавницата во ГТЦ, знае некој? Би требало ванила да биде една од главните ноти, според називот :?:
     
  14. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Ова е нешто совршено, цел ден трае. Јас ги добив на подарок за роденден и презадоволна сум
     

    Прикачени фајлови:

    • 52291.jpg
      52291.jpg
      Големина на фајлот:
      20,7 KB
      Прегледи:
      581
    • 75733.jpg
      75733.jpg
      Големина на фајлот:
      24,2 KB
      Прегледи:
      578
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Предобра козметика која вреди за секој даден денар.
    Шанпонот за волумен е одличен, како и маската за обоена коса, а имаат пристапни цени, 300 мл за 165 денари.

    Дома ги имам и anti-age шампонот за ревитализација и опоравување на косата, како и оној наменет за мрсна коса, кога ќе ги испробам ќе напишам збор-два.

    Преубави купки и гелови за туширање, кожата ја оставаат чиста и нежна, немам зборови за тој квалитет.
    Авон и Орифлејм се 10 чекори поназад со квалитетот на Ив Роше.

    Парфемите им се убави, ненападни, лесни свежи, но од тие што сум ги мириснала и користела, за жал, не можат да се пофалат со некоја особена трајност.

    Оваа хидратантна крема е совршена. И мирис и квалитет и се` по список.
    [​IMG]

    Лабелата им се исто многу добри... со еден збор вреди да се инвестира во одредени парчиња.
    Дел од производите се со забегани цени, но голем дел прилично достапни. :)
     
    На Lella, joy1 и angelina1 им се допаѓа ова.
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Од Yves Rocher,омилен ми е овој тоник за лице. Не е воопшто агресивен,не содржи алкохол и не ја суши кожата. Нежно ја чисти. Има пријатен мирис и содржи органски одгледувана камилица. Без парабени и други хемикалии е. Прекрасен е. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 85016.jpg
      85016.jpg
      Големина на фајлот:
      10,7 KB
      Прегледи:
      407
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.865
    Допаѓања:
    81.114
    Пол:
    Женски
    Го користела ли некоја шампонов да ми направи мини-рецензија ? :)
    [​IMG]
    Обично ми годат шампони на база на камилица, а овој го мислам веќе некое време и никако да се решам да го купам.
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.575
    Допаѓања:
    40.003
    Пол:
    Женски
    Производи од yves rocher

    Какви им се пудрите да не знаете и колку се покривни?
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  19. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Карина8 јас неколку имам потрошено, ама од Германија ми ги носат.
    Гледам го има и на страната на Yves Rocher Mk (1349 ден.) веројатно го има во продавницата во Сити Мол.
    http://www.yves-rocher.mk/shop/item.aspx?itemid=528
     
    На karina8 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Јас го користам веќе еден месец,ако не и месец ипол...незнам точно. Шампонот е одличен,прекрасна ја прави косата.Не сум плава,бринета сум и ми дава прекрасен златен сјај на косата,нежна ми е,мека...а да не зборувам колку прекрасно мириса на камилица,мед...некоја мешавина убава.Откако ќе ја измијам со него косата мирисот ми трае се додека не ја измијам пак косата . Сега,откако го пробав,мислам дека нема да можам без него,прекрасен шампон.Се става по малку,многу прави пена. :)
     
    На UnordinaryOne и Mishela им се допаѓа ова.