Што се случува со продавниците на Yves Rocher, многу од производите што ги побарав ги немаат и во двете продавници, да не се затвараат , штета сите производи им се супер а се со нормална цена
Хмм не би требало, јас денес бев во ГТЦ и беа доста снабдени...може така ти се погодило https://www.google.com/search?q=yves+ro ... B432%3B520 Јас го земав шампонов од камилица, во последно време сум очајна да си ја осветлам косата по природен пат, а и општо мн. добро ми делуваат шампони на база на камилица. Имам светла коса, на сонце скоро плава. Ќе го испробам и се надевам дека ќе бидам задоволна
Сигурна сум дека ќе бидеш задоволна,јас го користам и дава преубав сјај на косата.Да не заборавам и мирис прекрасен.
Иако ја имам гледано продавницава со гтц и сити мол,не сум влегла. Но пред некој ден го добив парфемов на подарок,траен е ама не ми се допаѓа бидејки основниот тон е ружа,а мразам парфеми кои мирисаат на ружи. Но сепак го користам понекогаш,и сум горе доле задоволна.
Dali pudrite na Yves Rocher imaat zastiten faktor ,konkretno za kombinirana koza? Se izvinuvam za latinicata od mob sum
Ме интересира дали шампонот против првут дали делува и за колку време има резултати? Јас го земав Head&Shoulders, друго не ми помагаше за првутот ама некако ми е мн агресивен во последно време...па ако е стварно убав да го земам
После извесно време користење на некои производи од оваа козметика можам само да кажам дека се страшно преценети,а и почнувам да се сомневам дека навистина се органски/природни. Шампоните ми предизвикаа првут што никогаш не сум го имала,а башка што треба полна рака да ставиш за да пени,парфемчињата (јоргован) се чиста вода за 1000 денари,трајност од соба до надворешна врата.Мицеларната вода не е лоша ама не е ни некоја научна фантастика иста како и од било која друга фирма,кремите за лице 1300 ден ''позлатени'' не се дефинитивно,чисто преценети,органскиот антипреспирант е гола вода ете ми стои полн,геловите за туширање убаво мирисаат но не пенат како и шампоните. Друга работа страшно иритантна се продавачките што се прават на 3 ипол за печатите и картичките,знам дека си полнат картички со печати за себе ама усул да се немало,па и поглед ко ќе ти упати таа од Сити мол леле мајко. Oчекував многу повеќе,ама не ме воодушеви.
Јас немам многу работи користено од оваа марка...имав еден парфем кој за жал не беше воопшто траен. Шампонот за волумен и регенераторот со сладок бадем ми се прекрасни, па решив да ја пробам и маската со сладок бадем која малку е да речам дека е очајна. Регенераторот повеќе ми ја омекнува косата од маската, а би требало да е обратно. Маската чини 420-430 денари ама е никаква. Оние од Генера или како и да се вика марката се каде каде подобри а се 100 денари. Глобално гледано немам некое специјално мислење за нив, онака ми се 50-50. Да се надоврзам на муабетот со продавачките, мене до сега ми се немаат погодено некои неуслужливи или иритантни или whatever. Ако има по гнасни од оние у Космо јас глава сечам
Има ли некоја од вас користено некој производ од Био Кокос ? Гел за туширање,лосион ..или тоалетна вода? Да сподели какви се,дали вредат или не,зошто сакам кокос ама не сакам за џабе пари да давам.
знаете ли која од нивните пудри е за сува кожа и да покрива доста? разгледував на веб страната ама никаде не пишува за каква кожа се наменети
http://www.yves-rocher.mk/shop/item.aspx?itemid=709 пишува за сува и нормална а колку покрива не знам . Јас од сите досега пробани производи сум многу задоволна .
Вршат ли достава по градови и колку чини ? Не сум од Ск а очајно ми требаат некои нивни производи а овој месец тешко дека ќе наминам во Ск, да знам дали се исплаќа или да си почекам
Јас ја имам оваа и сум многу задоволна засега. Делува помрсно, ама се впива брзо и не прави проблем понатаму во денот. Што се однесува до продавачките, таа во ГТЦ е супер, и навистина од помош при изборот на производи, додека таа во Сити Мол е многу понезаинтересирана, но сепак секогаш била коректна.
Јас сум многу задоволна од Био линијата, маж ми има проблематична кожа па ја земавме од Био линијата со овес кремата за туширање, одлична е, му се исчисти грбот од бубуљици многу, и јас ја користев и ми се смируваше кожата после туширање. Сега користам од Хамамели билка гел за туширање и исто сум презадоволна, деновиве треба да идам да направам нови набавки, немам веке ни шампон ни регенератор ништо немам па да идам да си испазарам не е лошо, а и некое печатче да заработам, ќе треба да се зимаат подароци од кај нив наскоро
Се изненадив од гелов многу добро ја вади шминката. Шампонов преубаво мириса и многу мека ми ја прави косата.
Може да ми пишеш колку пари го купи гелот за вадење шминка. Во Сити Мол сто пати имам поминато од продавницава, ама немам нитуеднаш влезено. Дали цените им се како на Lush?
http://www.yves-rocher.mk/shop/ еве види си ги цените на сите производи,разгледај си. Гелот е 259 ден. http://www.yves-rocher.mk/shop/item.aspx?itemid=218