Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Yves Rocher козметика

Дискусија во 'Лице' започната од smiley-32, 13 октомври 2011.

  1. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Да толку го земав од Гтц мн добро вади шминка од лице и очи,се мијам прво со него после го поминувам со миц.вода Лореал и на памукот нема ништо чист е :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  2. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    Најдобриот продукт на Yves Rocher за мене. Во комбинација со маслото од арган е полн погодок.
     

    Прикачени фајлови:

    • hamam.jpg
      hamam.jpg
      Големина на фајлот:
      41,6 KB
      Прегледи:
      416
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Пред некое време ги пробав млекото и тоникот за чистење сува кожа од јасмин и прекрасни се. Немаат минерални масла,парабени и бои. Многу се фини за ептен сува кожа и темелно чистат шминка и нечистотии. Малку јак ама пријатен мирис имаат.
    Иста цена имаат,двете се по 399ден.
    Дефинитивно би ја пробала и кремата и гелот од истата колекција.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  4. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    Се заљубив во козметиката на Yves Rocher, денес се почастив со лосион за тело од ванила и не можам да се изнаситам на мирисот - трае и трае и трае... :inlove:

    Дали некој од вас ги има користено геловите за туширање, како овие на сликиве подоле?
    Би сакала да ги пробам, па ме интересира ваше мислење доколку некој ги пробал... :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 87592.jpg
      87592.jpg
      Големина на фајлот:
      23 KB
      Прегледи:
      196
    • 02093.jpg
      02093.jpg
      Големина на фајлот:
      22,4 KB
      Прегледи:
      195
  5. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.922
    Пол:
    Женски
    Некој дали го има пробано шампонот за осветлување на косата?
     

    Прикачени фајлови:

    • ppr04678.jpg
      ppr04678.jpg
      Големина на фајлот:
      26,2 KB
      Прегледи:
      106
  6. Madalina

    Madalina Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Сакам да им ги пробам кремите за лице, а и прозводите за тело им се примамливи, особено лосионите и пилинзите. Ги има некој пробано?
     
  7. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    Јас го користам лосионот за тело од органска ванила, и претходно имам пишувано дека е НАЈУБАВ на свет и дека не би го сменила за ништо. :inlove:

    53108.jpg

    Можда понатака би го пробала и од маслиново масло или од кокос, али сега за сега ванилава ми е незаменлива.
    Кремите за лице и пилинзите им ги немам пробано, али во иднина се надевам ќе биде пошто се сакам да пробам од нивнава козметика. :)
     
    На joy1 и Madalina им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Девојки, ми треба предлог за некој баш пролетно-летен парфем, со елегантен и свеж мирис на чисто.
    Некој неутрален, како Light Blue на D&G. Сакам малку да сменам, мирисав неколку парфеми и тоалетни води во YR, но уште повеќе се збунив и не знаев што да одберам.
    Ми се допадна една тоалетна вода, мислам дека се викаше Evidence некако, ама не знам колку би била трајна на кожата, со оглед на тоа што е edt, а не edp.
    Долчето ми трае по цел ден, не дека очекувам ист квалитет од YR, но да биде нешто пристојно.

    Се мислам меѓу парфемот и тоалетната вода, ама ми требаат и други предлози на вакви слични мириси. :)
     
  9. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    @Mishela Comme une Evidence го има и во edp варијанта и е еден од најпопуларните парфеми на YR. Моментално, овде е на 50% попуст, значи 50мл. за 17€. Флорален, малку сладникав (за мој вкус), но сепек дискретен и погоден за секојдневен парфем со пристојна трајност. Лично повеќе ми се допаѓа Comme une Evidence Intense верзијата (white foral).

    Инаку, не би рекла дека дека има било што заедничко со Light Blue. Овој ми е ептен цитрусен, барем кај мене цитрусните ноти се најдоминантни и може поради тоа и никогаш не разбрав на што се должи големата популарност на LB. Како и да е, од YR има и Comme une Evidence l'Eau и овој е цитрусен (можеби овој си го помирисала?!), но сепак не наоѓам многу сличност со Light Blue во средните и основните ноти.

    Од аспект на трајност, а и формула за мене најубави се Tendre Jasmin, Neroli и Vanille Noirе , поточно целата Secrets d'Essences серија.

    Еве и линк со дизајнерски smell alikes на Light Blue. Можам да потврдам за Lanvin Eclat d'Arpėge, за другите не знам.

    http://www.fragrantica.com/board/viewtopic.php?id=17982
     
    На ivancekitty и Mishela им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Не, не дека Evidence има нешто заедничко со LB, далеку од тоа :lol:, малку погрешно сум се изразила додека сум куцала набрзина, туку единствено тој ми привлече внимание како за купување, иако е малку повеќе цветен за мој вкус. Јас сакам поелегантни, чисти и класични мириси, затоа лајт блу-то ми е омилен.
    Мириснав неколку по препорака на девојката таму, ама некако не се пронајдов. Некои ми беа потешки, некои чудни, а овој ми остави фин впечаток, ама имам чувство дека ќе ме бркаат пчели поради слаткастиот цветен мирис. :lol:
    Intense е со малку подрвенасти ноти, така? Ќе го мириснам пак, сакам вакви мириси.

    За Vanille Noir знам дека е предобар, сум го купувала неколку пати за во зима, ама реално, за овој период малку ме гуши.
    И Neroli звучи примамливо според мирисните ноти, е тој не го мириснав, ќе го разгледам следниот пат. :)
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.014
    ^ Извини, не сум те разбрала добро :D. Да, Intense има дрвенести ноти, но по дефиниција се води како флорален. Искрено, јас розата не можам да ја доловам. За мене е сензуален, пудрест (in a good way), елегантен и свеж парфем.

    За Neroli првата асоцијација ми е оптимизам и сонце. Буквално, подига расположение. :)

    Иако е надвор од темата, ти препорачувам да го побараш и Lacoste pour femme. Нека не те одврати спортскиот дизајн на шишенцето. Парфемот е елегантен, ненаметлив, а сепак свеж и effortless. Не се согласувам со некои коментари на fragrantica дека е old lady парфем. Еве, во линкот погледни ги коментариве, може ќе ти се допадне и тебе. Инаку, овој парфем ми е секогаш сигурен избор, кога не знам што сакам или кога не ми се експериментира со нови мириси, затоа со години наназад го имам на тоалетната масичка.

    http://www.fragrantica.com/perfume/Lacoste/Lacoste-Pour-Femme-669.html
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    @do-re-mi, најверојатно имаме сличен вкус за парфеми :wasntme:, мене истиов овој Lacoste ми е еден од омилените долго време, ама откако го потрошив последното шишенце, никако да го начекам во Космо. Кратко после 8-ми Март прашав, го немаа и ми кажаа дека ќе ме известат ако го добијат. Од тогаш немам поминато натаму, ама добро што ме потсети. :D
    Да ми мине ПМС-от и да ми се врати сетилото за мирис во нормала, ќе одам ќе го мириснам Evidence Intense уште еднаш, па ќе одлучам.

    Не знам дали поради препаративата и декоративата која ја изнакупував од YR последниов период, многу ме фати мерак да си земам и парфем, уште тоа ми остана некупено од таму. :)
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Девојки некоја што била скоро да каже дали го има сувово масло или ако некој го тестирал каков му е мирисот,слушнав дека мирисот на тјара доминирал па се мислам иако фаворит ми беше тоа на Nuxe:) _MG_8986nova.jpg
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    ^ Јас бев пред некој ден ама искрено не ми текнува дали го видов, но штом го има на нивната официјална страна а гледам и дека е на попуст сигурно го има.
    Туку јас да го пофалам ова чудо од перверзија на мирис за бањање, беше на акција 119ден
    capture-d_c3a9cran-2014-02-03-c3a0-22-00-02.png
     
    На rainbowec и Mama25 им се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Претпоставувам дека е за тело, ми се допаѓа како изгеда со светките.
    Мама да не го проба во меѓувреме? И ценичка ако знаеш... :)
     
    На Mama25 и sesilija им се допаѓа ова.
  16. ivancekitty

    ivancekitty Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    6.539
    На нивната страна е 479ден :)
    http://www.yves-rocher.mk/shop/item.aspx?itemid=1059
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Мимс јас го земав пред непол месец и тогаш го платив 512 ден.

    Инаку сувово масло е за тело , да и многу брзо упива, јас сум задоволна и од хидратација летно време не ми е толку сува кожата,кога одам на море од влагата не ми е потребна којзнае колкава хидратација е сега зависи што бараш.
    Што се однесува до мииризбата малку е појак баш и поради тоа нема потреба од парфем,би ти препорачала да го мириснеш пред да го купиш. Мене баш ме потсека на една застарена верзија на млеко за сончање на Копертон од детството и пријатен ми е баш онака летен :sun:

    Еве да видиш кава му е текстурата иако сликиве не се со којзнае каков квалитет:)
     

    Прикачени фајлови:

    На rainbowec и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.717
    Пол:
    Женски
    Мајка ми ова масло го користеше пред десетина година.Тогаш од германија го земаше.Памтам дека и крадев и јас од него баш поради светките.Мене ми е за лето повеке.Иако е со масна текстура не ми е за зима.Може мирисот ме асоцира на лето :)
     
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka, те тагнав овде за да ми кажеш што мислиш за Yves Rocher oпшто? Нивниот квалитет? Користам многу од овие производи наизменично со Alverde (шампони, регенератори, купки, млека за тело итн.), па ме интересира твоето мислење. :)
    А конкретно и еве на пример за шампонот за волумен:
    Yves-Rocher-volume-8-e1436210839616.jpg
    или овој (крем шампон)
    [​IMG]

    Maска за коса
    [​IMG]
    и балзам за суви врвови:
    aqua-dicaprylyl ether-dicaprylyl carbonate-glycerin-hydroxyethyl acrylate/sodium acryloyldimethyl taurate copolymer-prunus amygdallus dulcis oil-avena sativa kernel flour-sodium benzoate-parfum-panthenol-xanthan gum-ammyl cinnamal-butylphenyl methylpropional-cinnamyl alcohol-isoeugenol-hydroxycitronellal

    Ти благодарам, поздрав :)
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ElenaBitola

    ElenaBitola Нов член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Многу убави производи имаат сум користела и пудра течна и коректор баш убави беа а и убав мирис имаа