благодарение на @LollySky која ми покажа неколку производи од оваа марка со многу прифатливи и ок декларации, решив да одам на мисија во нивните продавници. Најнапред бев пријатно изненадена што поголем број од производите имаат подобрени формули без парабени и силикони (особено балзамите за коса) некои шминки се комплетно супер (не ми се веруваше), а видов и линија био (органска) сертифицирана од екоцерт. Бев сигурно 20 мин. во продавницата и ги разгледував декларациите (продавачката сигурно помислила дека не сум арна) ама верувајте ми од она што го знаев јас за оваа марка додека живеев во Рим, до она што го видов денес многу е сменето на подобро. Секако ова не се однесува на сите производи голем број на креми и серуми содржат силикони, ама голем број се многу подобрени и тоа ептен ме радува. Ако сте заинтересирани може да ви направам листа на супер производи со прифатлива декларација без силикони и нафтени деривати. Само вие изразете желба. Поздрав.
@Biodevojka, дали ги погледна декларациите на рол-оните? Мислам дека видов алуминиум во нивниот состав, иако наведено е дека наводно нема штетни состојки. Моментално имам еден при рака, па би ти фотографирала за да погледнеш во соодветната тема, доколку има потреба нели.
Мислам дека има, баш една феминка ме праша па на лице место ги разгледав и и пишав дека има, ама еве ако сакаш сликни декларација и прикачи ја во соодветната тема.
Кои производи од декоративната козметика ти се допаднаа најмногу? Го утепав од разгледување онлајн каталогот, нешто ми има фатено окце, ама сакам да чујам и твое мислење. http://www.yves-rocher.mk/shop/category.aspx?catid=253
Здраво драга, она што со сигурност ти тврдам дека е супер е: оваа беше на попуст во сити мол на 50% ако не се лажам потоа сенките во прав од истата линија како пудрата (ги нема во каталогот кој ми го приложи во линк, ама сигурна сум дека ги видов во Сити Мол). Пигментирани сенки во прав. Потоа имаше и моливчиња за очи ама не ми текнува од која линија беа, евентуално кога ќе одам следен пат да видам па да ти кажам. оваа сенка е скоро комплетно природна има само еден парабен друго се е ок, без силикони без нафтени деривати. Од линијата Couleurs Nature За кармините не можев да најдам декларации, ама следен пат ќе го побарам нивниот каталог со декларации (мора да го имаат) или ќе ги исконтактирам лично во фирмата за да ми ги пратат. Има едни моливчиња за уста од линијата Couleurs Nature би требало да бидат природни ама не успеав да ги разгледам, немаше декларација. нешто друго ако те интересира слободно пиши. Поздрав п.с. Инаку да искористам и да кажам дека кремот за лице кој го купив е фантастичен, Навистина многу ми се допаѓа, го користам еве недела дена, ама некако ми прија (уште е рано да се говори за ефектот секако ама вака на прв поглед е супер). Цената му е 799, а јас го начекав на 20% попуст и го платив околу шесто и нешто денари. Без разлика на тоа што е ноќен јас го користам и наутро.
Еве ги и за кармините, мене од линијата grand rouge ми се засвиѓаа неколку нијанси за билниот и Grand Rouge Ти фаќа нешто око? ))))
Првиот и третиот уште на почеток видов дека имаат microcrystalline wax кој е нафтен дериват. За вториот се израдував на почетокот дека нема нафтен дериват, ама се излажав затоа што го видов при крајот (пак има microcrystalline wax). Штета, ама во сите три има нафтен детиват. Вториот кога го разгледував од почетокот имаше синтетички масла ама си велам ај ништо страшно барем не се нафтени деривати и оп ете го...Јас лично за себе не би ги земала, меѓутоа секако ти одлучи сама за себе. Поздрав. п.с. инаку бев пак во нивната продавница и за жал сенките во прав тие што се минерални 100% природни ги повлекле од продажба, да си пукне човек од мака а сакав да си земам две за проба. За карминиве фала што ми постираше ти декларација, прашав ама немаа каталог со декларации за да ги видам. Остануваат само тие другите сенки како добри (ако не ги змениле во меѓувреме).
Јас неодамна се запознав со овој бренд и производите кои до сега сум ги пробала ми се одлични . Особено ми се допаѓа сетот на гел за туширање и лосион за тело од малина и пеперминт, новата колекција за нега што ја имаат.
Јас употребувам Yver Rocher..дали шминки дали за хигиена..буквално се..јас лично сум супер здоволна..а вие што користите?
Дали некој има користено шампон против првут на Ив Роше? Го земав и вчера го пробав прв пат, ме интересира дали конечно ќе се спасам од првутот...
Кои денови имаат попуст? Отприлика беше вторник - Сити Мол, среда - ГТЦ но сега ја затворија продавницата во ГТЦ. Како е со попутсите во Сити Мол, доколку ги има според денови?
Dobiv na poklon pafrem od ovaa kozmetika go potrosiv sea sakam da kupam ist takov. Kaj tocno vo gtc i city moll ima nivni proizvodi ?
Дали имате користено некои од пудрите? Ми треба за нормална кожа. Купив крема од камилица и млеко со тоник за чистење и ок ми се, меко ми го прават лицето. Па ако се добри и пудрите да ги пробам.