Staro e moevo od lanskite novogodisni, sekoja god drugi vadat. Ama siiiiite do sega preubavo mi mirisale, a sostavot im e ist samo razlicen miris imaat.
Спојлер Ја имав тоалетната вода пред неколку години, па решив да се почастам со сетот Лосионот и тестерчињата се подарок. Многу уникатен специфичен мирис има колекцијава, добивав комплименти дека мирисам на лето и плажа Од брендов имам користено порано уште нешто, не беа лоши, имаат и добри парфеми, ама мислам ко оваа линија што е уникатна ниедна друга не е. Monoi? Баш у темава пишувам сеа за ова Ако мислиш на него, го пробав само двапати, убаво е, но не можам баш да кажам како и дали негува, скоро го земав. Мирисот е сон Ама па сеа на жешково не ми се мачка толку, понатаму би го употребувала.
Мене многу ми се допаѓа мирисот на таа колкеција, баш е летен. Само па специфичен е, мирисни тестер од тоалетната вода, ќе знаеш како мирисаат и другите производи. Сите викаат дека мириса на лето, плажа, suntan lotion.
Од маслата кои ги имаш/е? Можеби треба тоа сувото да се проба. Она традицоналното ми се гледа премногу мрсно, ја па немам навика масла да употребувам, ова во сетот со светките интересно ми се виде, ама на лето масло.. Инаку преубав мирис продуктиве, апсолутно Следно мислам пилингот би можел да се проба. А и тој маслен е.. Не остава мрсно вајда?
ова го имам мрсно е ама се впива брзо,мириса преубаво,хидрира и малце ако си исончана дава мн убав сјај на кожата
Дали е траен мирисот, особено на тоалетната вода ме интересира? И како би го опишала? Има нешто како ванила, кокос и сл. Барам парфен што баш така лртно, привлечно мириса, да не е тежок а сепак да трае, па некако ептен ме влече накај оваа колекција
Тоалетната вода ја немам.Го имам спрејот за тело и убав е, ама не е мн траен.Мириса на некоја егзотична ванила и тропски цвеќиња.Баш баш летно
@Mrs. right Го имам јас лосионот за тело и маслово со светки. Малку јакичко мириса, бар мене така ми мириса и мн специфично. Еднаш ставам и седам во дневна, кога почна мојов маж леле што е ова, вака ли се става дезодоранс, ау како мириса јако..го гледав бледо па кога ми текна дека од лосионов му мириса мене баш ми се допаѓа, ама ете он ич не го бендиса @WhiteCat33 Ако сакаш така поинтензивен мирис, земи си го маслото.
Ме изнасмеа со маж ти зошто и мојов е таков еднаш вака ставив од seventeen лосионот леле што мириса вака јако ова не е за дома
Познато ми е за жал.. Зашо машкиве (не сите но добар дел) имаат проблем со убави интензивни мириси? Зар толку им сметаат? За чудо за овој не искоментира негативно, дури ок бил, пријатен и свеж ама за некои други.. *** Си ја пробала ти или некој друг колецијата со малина и минт? Лосионот ми фаќа око. Спојлер Имам користено тој со кокос, па не беше баш нешо посебно, не ми се зима повторно. И шо друго иам користено, спреј за тело со ванила, една тоалетна вода исто наводно со ванилест мирис и лабело мислам на berries имаше мирис, ова од порано, баш одамна. Не ми се бендиса нишо тогаш освен Монои на кого еве му се враќам пак и лабелото беше солидно. Спрејот смрдеше на алкохол, а тоалетната лимитирана беше тогаш, потсетуваше на некој мирис што се става у шкаф против молците Кој ми е крив што земам на слепо.. Парфемите од тестер ги имам мириснато, убави им се, женствени и нежни. Ти мислам задоволна беше од еден и го фалеше.
Мажи ич не сака јаки парфеми, а јас па немам мака, ај тоа, па и кога ќе почнам да ставам, крај ми нема, само ме кара Ја немам пробано таа со малина...одамна се немам подновено со нивни производи. Купувам како луда и после оди дотроши се..жена Јас овој парфем го фалам, редовно си го користам