Не знам како се снабдени во ист гејт. Јас од Солун ги земам, и мислам дека се малку потрајни од нашиве.
Здраво девојки. Парфемчето Vibrant Leather го користев редовно до пред 2-3 години, сега неможам да го најдам, дали знаете каде може да го има преубав е...
Violet blossom e floral & vanilla scented. А е виолетово шишето и е копија од alien mugler. Не те сфаќам што мислиш под тоа дали се краткотрајни на продажба? Дали не ги има константно во продавниците? Или дали кратко траат? Бидејќи јас ги земам од Солун овие парфеми, ама немаат некоја огромна трајност. Можеби повисоките шишиња од 90/100мл се потрајни, ама ниските шишиња не се трајни P.S gardenia е со ванила ноти претежно (според фрагрантика странава а е со виолетово шише) И Twilight mauve ама нема ванила ноти
Дали се краткотрајни на продажба, дали се цело време доспатни за купување или ги менуваат? Веќе кога сме и кај долготрајноста,така и мислев поголемите шишиња и поскапите дека траат повеќе. Не сум пробала никаков парфем од Зара,но не знам….по некоја логика така сфатив. Мислиш се поразлични во Зара во Солун?
Искрено за кај нас не знам, бидејќи јас купувам се од Зара во Солун. Многу ретко одам кај нас во Зара ама од тоа што земам поголемите шишиња се потрајни, ама не е тоа некоја вау трајност. Со оглед на тоа дека се копии од други парфеми, боље најди од кој парфем се копии и земи таква копија ама од лорис или рефан, бутик де парфумерие
Да го пофалам Zara deep garden, копија е од Good girl. И доста трае со оглед дека е Зара и плус 30мл се 7е во Солун. Спојлер: Deep Garden Исто и Zara Red Temptation, според интернет треба да е копија од baccarat rouge 450. Не сум го мориснала ниту оригиналот ниту други копии од тој парфем, не знам колку е веродостоен. Ама има добра трајност и убав е ако некој сака amber/woody notes Спојлер: Red temptation
Добро бе, само на мене ли сите парфеми од Зара ми мирисаат на машки??? За женските парфеми зборам. Неколку пати одам , ги помирисувам и буквално сите ми мирисаат на машки, си викам ај затната сум па следната пат ќе пробам пак , и следниот пат пак исто!!! Два пати се прснав со едни, незнам како се викаа, првите пет минути убаво мирисеше и после пола саат трујам на машки парфем, на алкохол некако. Ова истото ми се дешаваше и со парфемчињата на Економик.
Не се сложувам дека сите мирисаат на машки. Точно е дека сите овие што ги прават по копии на niche парфеми може да мирисаат унисекс. Еве ти предлози што не мирисаат на машки: Sultry Pear, Applejuice, Femme, Orchid, Captivatingly Paris, Fashionably London, True Amore.
Дали некој го користи Applejuice и да му трае?Многу убаво ми мириса ама мислам дека додека излезеш од дома веќе не мириса