Не е траен, нажалост. Ама е копија од Chanel Chance. Побарај ја како копија од Блум или Парфумерие, потрајни се а нотите се слични
Пишува дека е сличен со Mont Blanc Signature или Christina Aguilera Definition...од првиот имате копија во Boutique de la Parfumerie пробајте си, а и проверувајте си на fragrantica може ќе најдете нешто слично. Нормално нема да е исто но можно е да има ист вајб.
И мене не ми се погодени некако, а толку ги фалат. Не ги иам користено само коа идам у Зара ќе се прснам со некое и ниедно не ми е по мерак. Не знам што е со мене проблемот, дали до мене е или пак стварно не ми се по вкус. Не ми мирисаат на машки, туку некако невпечатливо, онака мех, обично, а може па и преголеми очекувања иам. Исто и Економик безвеза ми се и сите ко да се исти, ко да имаат иста мирисна нота и тоа не ми се допаѓа, а за трајноста па ич муабет да не праиме, водички обични.
Сите се слични ако ги пробуваш оние цветните, бидејќи некако иско се копии од други познати парфеми. Нотите им се слични. Јас ги купувам баш тие што удираат на машки парфеми како fields at nightfall бидејќи таквите за чудо траат над 6-7ч. Вајда затоа што се јаки. А другиве немаат трајност
@Selena01 Ја па нејќам на мене парфеми што асоцираат на машките или оние унисекс шо се, сакам малце поженствени и поблаги мириси. Не некои тешки и загушливи ептен ама па не ни преслаби. Инаку за водички викав за оние Економик, овие од Зара знам дека викаат сите дека не се трајни ама ваљда потрајни се отколку овие другиве. Еве последниот пат прснав малку на раката еден од Зара, искрено појма неам кој беше не забележав и за чудо траен испадна, може едно 5 саати го осеќав, задоволителна трајност за тие пари ама пак мирисот ок ми беше ама само ок па не би го зела, нешо не ме привлече баш. Ај препорачај некои така поблаги, есенско - зимски поубави, повпечатливи ама не и прејаки. Под прејаки, не мислам на трајноста туку да не се загушливи. Знам дека малце пребирлива сум ама ти ги знаеш нивните парфеми, ќе идам ќе ги побарам може ќе ми се допадне некое, не дека сите ги иам мириснато, по некој само. Оние со ванила шо се, се осеќа ванилата или не баш? Обожавам ванила ама сигурно пошо не е чиста ванила претпоставувам не доаѓа толку до израз ама како и да е, ако ми е убав, небитно е тоа, битно да ми се допадне.
Од тие со ванила новите 2 сигурно се како унисекс, hypnotic vanilla да го пробаш другите не би ти се допаѓале. Можеш femme да го пробаш.
Не знам за ванила новите, мене ми се допаѓаат ама не се баш женствени иако имаат ванила. Види го deep garden, gardenia (копија е од black opium), red temptation (копија од baccarat rouge ама е потежок, може да те гуши), lighty bloom i orchid се полесни можно да ти се допаднат. Од Зара конкрстно сега нема да ми текне ама побарај копии од Chanel Chance, Valentino voce viva, Nina Ricci love in Paris, Tresor Lancome, lancome Idole, alien mugler. Овие се многу classy и се предобри за есен/зима. Ама зависи и од вкусот. За некои од овие имаат dupes Zara, некои од Рефан/парфумерие ги купувам. Во Авон имаш многу голем избор на парфеми со ванила ноти и не се скапи
Јас го имам orchid, на почетокот е преубав и трае. Ама отпосле доаѓаат во израз малку кисели ноти. Зачудувачки мене не ми се допаѓа а луѓето околу мене го сакаат
Дали поскапите парфеми држат повеќе? Јас најдов еден што многу ми се свиѓа, најдов и на кој парфем е копија, ама оргиналниот веќе не е во продажба, па се мислам овој од Зара да го земам.
Купи го наливен од Рефан. Премногу траат, п р е м н о г у. Јас од Зара не сум специјално задоволна ама да признаам и не сум користела одамна. Може се подобриле.
За малите знам дека не држат толку, ама овој е од тие ко коцка и помислив поради тоа што се поскапи, може се и подобри? Ти благодарам на идејата за Рефан, проверив сега, ама го немаат и они. На Ботега Венета е оргиналниот, и кога се продавал, кој знае колку бил достапен.
Не мора да значи. Во принцип цветните, полесни парфеми имаат помала трајност од потешки, гурмански парфеми. Јас имам доста од Зара парфемите и сум задоволна особено од колекциите со високи шишиња. Новите не сум ги пробала, тие од ванила. А ако сакаш конкретно некоја копија од некој познат парфем, оди во парфумерие, Рефан или некои од Економик (иако моментално Економик некако немаат таква јака трајност како некогаш).