За разлика од поевтините, дефинитивно траат повеќе. Лично немам купувано од Рефан, но за разлика од Авон, Орифлејм и сл, овие од Зара моментално ми се бр. 1 во однос на трајност и комплексност.
Овој трае многу, ама членката имаше пишано дека парфемите многу делуваат како машки. Баш овој е копија од бакарат руж. И не е типичен женски парфем. Знае на многу луѓе да им биде загушлив
Ако сакате ванила ама не она премногу слатка туку елегантна, овој е многу добар. Не сум по ванила парфеми ама овој многу ми се допадна не е загушлив.
Зависи каков тип на ноти сакаш во парфемите. Lightly bloom е многу нежен и типичен girly. Ама не трае, не знам дали го има во Скопје. Јас го земам од Солун Или Orchid, нежен е. А ако не ти се допаѓаат воопшто како парфеми тогаш побарај понежни во Парфумерие или види во ДМ од Ла Риве, BU.
Не знам колку се слични, но овие новиве ги пробав во ист гејт, и искрено не се ништо посебно. Дури се доста загушливи и тешки. Еден од нив (не сум сигурна кој беше) дури на чад од цигари ми делуваше. Можеби ќе одам да дадам уште една шанса. Засега не
Кога сме кај трајноста на парфемиве Zara red tempation втор пат како го земам. Тој од City mall има поголема трајност од овој шо го земав од Cosmos.
Како е можно ова? Па нели исти се. Или така ти се чини или пак нешто ги зафркнале, како што знаат да праат со парфемите воопшто, да ги менуваат и после чуди се што помалку траат. А од колку мл беа, иста милилитража, да не бил тој од Космос поголемо пакување па го разредиле? Не знам зашто ама парфемите кои се поголеми пример 100 мл многу често се дешава да се помалку трајни од оние од 50 или 30 мл.