Пошо ги разредуваат. И плус, знам дека сите тврдат дека се исти парфемите, ама во зависност од увозникот и од каде се внесува парфемот, некои се направени за low class држави. Пример Диор во Англија ќе е со подобар квалитет од Диор во Македонија, затоа преку роднини нарачувам парфеми, има голема разлика во квалитет. Купив Guerlain парфем тука, 6000 и нешо, трае колку еден од Зара.
Има логика ова шо го збориш за разредувањето. Ама зашо тука у Scm потраен, а тој од Солун помалце траен ме чуди малку. Обично нели од Еу земји ко шо викаш поквалитетни ко да се, пример парфемите на грчкиот фри шоп. Не дека Грчка па некоја земја е, таман работа ама сепак. И да, тука не се исплати да се фрлаат толку пари за парфеми кои не се трајни ко тој твојот на Герлан, 6к за парфем шо ќе испари за саат и нешто.. Е сеа и друга работа има, тоа што зависи па и до кожата колку ќе се покажат ко трајни. Знам дека не траат исто на сите дури некои и не ни мирисаат 100% идентично кај различни луѓе.
Јас имам приметено различна трајност од Зара парфем од Солун и од кај нас. Може е сугестивно, ама мислам дека има логика и тоа што го пишаа погоре дека секако квалитетот се разликува во град во Шпанија, Германија, Солун па кај нас. Е сега зошто кај тебе се покажало обратно, хм поим неам. Можеби е и до конкретното пакување.
Ама тие од Солун се покажале како потрајни така? Не, немав ја вакво искуство со помала трајност на парфемот купен од Солун туку @Mateica. И ја се чудам зашто така испаднало.
Мислам дека е тоа заради што ги менуваат парфемите, можеби тој од Сити Мол бил постара верзија и појака од тој во Космос што е можно да е понова и послаба верзија на парфемот. Јас го имав од кога излезе и потоа кога го земав повторно капачето не кликнуваше како во првата верзија. Обично на поскапи парфеми ги прават капачињата убаво да се затвора парфемот но и на некои поевтини(зависи до тоа колку се трудат, тоа го имаше на постарата верзија на коцкастите парфеми). Веројатно и после некој период ги заслабнуваат и во јачина и со послаба амбалажа.
Иста душо и двата се 80 мл мислам не сум сигурна. Иста милитража...шише се исто. Тој од Солун помалку трае.
Јас си имам купено Зара парфем од Истанбул и овој од Сити Мол во Скопје немаат додирна точка. Овој од Скопје ми е како кисела вода.
Е, па тоа не е океј. Ама стварно! Таман после толку гуглање и истражување најдов нешто што бев сигурен дека ќе го купам, отидов во Зара и - го нема! )))))) Ама стварно не е фер. Ич не сакам непостојаност во производство. Исто ми се случи и со парфем од Ваикики, и сега немам појма како да најдам сличен на него.
Те разбирам скроз ми се има случено со Авон што укинуваат цело време и сега не можам да најдам ни сличен. Еве ќе ти помогнам. Можеби нема да е скроз ист парфемот но како што кажуваат бил копија на Lost Cherry ако го бараш Cherry Smoothie. Имаш копија во Refan, Boutique de la Parfumerie, Loris...провери во Parfen исто. Оригиналниот од Том Форд е прескап и читам не бил траен. А на тој од Waikiki провери ако најдеш по нет на што е копија може ќе најдеш по овие што се на точење сличен.
Побарај Carolina Herrera very good girl (розова штикла со светки - некои од копиите колку да видиш дали таков вид на парфем ќе ти е по кејф) или ако те води патот до Солун. Можеби таму ќе го најдеш овој од Зара или пак во Солун во Сефора порабај ги парфемите на кајали (burning cherry) вторите не се прескапи, а викаат дека се исто доста слични со некои од попознатите
Па финтата е што само акордите можам да ги најдам на турскиот сајт на ваикики, и тоа е сѐ. Никако да најдам сличен на него. Единствено сега да пробам да ги препишам акордите и, според тоа, да барам копија... Сигурно има, ама која е? ))) TOKYO RED е, инаку, парфемот што го барам од Ваикики, а го укинаа.
Искрено јас кој и парфем да го ставам не го чувстувам после 15тина минути. Инаку овој е добар, солидно. Има така некој пролетно овошен мирис, свеж, нежен.