И јас мислев дека не се чуствуваат ама сум грешка. Можеби зависи конкретно за кој мирис станува збор но на пример за Gardenia и за Red temptation , имам добиено комплименти после 6-8 часа откако сум ги ставила. Исто и тие што се со имињата на градовите Дубаи, Парис и тн. мислам дека се добри, само ги имам тестирано а ракавите на блузите ми мирисале цел ден после тоа. Инаку, многу ми се допадна Field at nightfall мислам беше, ако некој има искуство со него нека сподели оти сакам да го земам.
Fields at nightfall e најдобриот парфем што го имам. На облека трае цел ден. И многу комплименти имам добиено за него. Нема да згрешиш ако го земеш
Се надоврзувам на мислењево, преубаво мириса и стварно долго трае. Тој и Violet Blossom ми се далеку најдобри
Дали го има кај нас Splendid Bronze?Гледав рецеинзии дека е dupe na Alien од стариот batch пред да го купи и реформулира L'oreal.
Има и друга верзија на alien?? Не знаев, јас го имам оригиналот и ако сакаш можам да ти препорачам копии од лорис и таа другата продавница до лорис. Таму има многу добри копии што се доста слични до оригиналот. Има од Зара еден виолетов Violet blossom, што викаат дека е копија ама не сум го купувала.
Го има мислам. Тие колекции не ги укинуваат. Овој од Зара го фалат ептен како доста приближно слична копија на старата верзија на Alien пред да го реформулираат. Тие што го имале пред реформулација се жалат дека е доста послаб сега. Update: Ги имаат вратено од оваа колекција во долгнавести шишиња. Во Солун ги има за кај нас не знам провери.
Имам користено Field at nightfall и White Jasmin што го нема повеќе. Одлични се и двата, се осеќа мирисот дури и од ко ќе напуштите просторија. Само јасминов не можам да го најдам веќе.
Е па тоа е проблем и, искрено, нешто што ме трга од идејата да одам да купам парфем од Зара. Не сакам да земам некој шо ми се свиѓа и да не можам после некое време пак да го купам. Живи глупости.
Nekako kako vo city moll da ima pogolem izbor otkolku vo east gate ili taka mi se cini? Inaku Hipnotic Vanila go zemav posledno, preubav e i trae
White Jasmine го има сега во сити мол. Инаку препорака од мене - Amber Fusion преубав унисекс парфем.
Јас го земам од Солун пошо ми се чинат тамошните парфеми потрајни. Додуша овој е секако многу траен од каде и да го земеш. Го имам видено и кај нас. Поим неам за цена. Јас како да го земав мојот за 15е или 17е. Ама не знам стварно
Хмм јас земам мали заради полесно носење. Немам приметено разлика во милилитрите, но имам приметено дека квалитетот во Солун и во Скопје не е ист. Кај нас се помалку трајни