Од 800-900 денари мислам дека не се поскапи. Јас White Jasmin го имам користено пред две години ама не се сеќавам на цената. Да не знае некој, моментално како им се движат цените?
Gardenia го имам, убав е. Не трае којзнае колку, но за да го шетам во ташна и да си ставам по потреба добар е.
Има избор, ама не очекувај којзнае што. Убаво мирисаат, но не траат долго. Околу 500-600 ден беа кога јас купував.
Машките парфеми од Зара ги има некој пробано или да сте ги купиле на некој близок, па да ви кажале као се задоволни? Одамна ги меркам, сакам да земам за дм и за мене некој ама не знам како се со трајност и квалитет.
Јас ги имам користено Zara Man Gold и Zara Man Blue Spirit. Ем убаво мирисаа, ем траеа долго. Топло ги препорачувам.
За разлика од женските, машките парфеми доста подолго траат, го имам мириснато zara silver, преубав е.