Nude Bouquet ми мириса свежо но ми мириса на сапун и не ми се свиѓа, Deep Garden e добар малку зеленкаст свеж и малку сладок. (двата ги имав од 10мл). Lightly bloom го имав 30мл исто свеж цветен супер е за пролет/лето или за на работа 3-4 часа трајност од прилика. Fields At Nighfall е слаткасто-зачинет и повеќе е за есен/зима и има подобра трајност.
Најверојатно за да одбегнат проблеми бидејќи отворен парфем не може да се врати нели, исто како со шминки.
Golden decade aj videte vo bilo koja Zara dali go ima ne me nosi patot do tamu ako nekoj ide neka pise i ako go vidi parfemot zenski e
Каде ги гледате парфемите на страната? Ме интересира цената на Incense Sunset ама не можам никако да го најдам.
Преска си се подновив со парфемов. Вчера околу пладне го тестирав на рака и мирисот се задржа до утрово. Ептен е траен и убав. А и многу го испофалија по инста дека е одлична копија на Baccarat Rouge 450. Штета што во Сити Мол ја немаа големата верзија а ме мрзеше да идам до Ист Гејт. Оваа линија на парфеми им е доста квалитетна изгледа.
Велат дека е повеќе зимски, но не ми прави некоја разлика. Траен е и веќе 2 години го користам. Покрај овој ми се допаѓаат и Gardenia, Tuberose, Red Temptation, Wonder Rose. Од овие само Wonder Rose има послаба трајност ама преслатко мириса.
Пред некој ден го тестирав Orchid. На рака си прснав и заминав дома. Траеше до наредниот ден што за мене е супер барем цел ден. Денес го земав и него и Gardenia заедно. Ред Ванила некако не ми е по вкус.
Какви мислења имате за Red temptation од Зара? Значи не можам да се одлучам..од една страна ми мириса на ординација а од друга, малку е сладок.