И јас го имам истиот, трае по цел ден и плакарот ми мириса кога ќе го отворам. И луѓето околу мене го приметуваат.
Сакам да ве прашам дали Зара Орхид е само еден, затоа што прогуглав и неколку различни амбалажи видов.
го користел ли некој Deep Garden, да ми каже дали е траен дали вреди да се купи? Вака преубаво мириса ама не знам колку е траен
Дали сега заради попустиве има и попуст на парфемите? Не онлај, гледам дека ги нема туку во продавниците?
Зошто онлајн не може да се порача од парфемите? Дали само мк е така? Дали Скопје ги има парфемите во продавниците?
јас ги имам, преубави се и двата, розевиот ми е фаворит, но според мене не се нешто посебно трајни после 3 саата јас не го осеќам па затоа се бањам во парфемов пред да искочам со надеж дека подолго ќе трае. Ама за таа цена стварно е супер (Гарденија не сум го користела мнг, можно е да е потраен од другиов)
Гл купив Red Temptation, една го испофали на тикток дека многу трае. Ми мириса на алкохол со малце парфем. Разочарувачки. Дали може да се врати користен парфем?
Јас бев ги испробав сите и ниеден не ми се допадна и кога отидов дома тоа што сум шприцала на раката почна да мириса на алкохол како на машки парфем некако.... незнам не ми се допаднаа
Парфемов од Зара го добив на поклон и првите неколку користења, не приметив како мириса. Онака, парфем за секојдневно носење, колку да ги заштедам другиве , а и супер количина. Се додека не почнаа да ме прашуваат, кој парфем го користам и дека "познато" мириса. Го споредуваат со YSL , доста траен е и погоден за овој период од годината. Видов дека цената е околу 900 денари.
Јас го добив на подарок парфемот Red Tempation кој е всушнопст копија на Kurkdjian baccarat rouge 540. Битен момент е дека парфемот е унисекс,и можат да го користат и мажи и жени. Блага нота има, не е интезивен мирисот да упаѓа у нос, за оние љубители на унисекс парфеми е идеален.Јас лично повеќе преферирам и купувам женски парфеми, ваљда дека не сум се пронашла у овие ми требаше време малце да се навикнам, и еве сеа без проблем си го ставам секој ден, и можам да кажам дека е многу траен, и сите ме прашуваат од кој парфем сум ставила.Буквално ставен од сабајле во 7 до вечерта мирисам.