Јас го користам Wonder Rose, и нема кој не ме прашал што парфем користам, плус и трае. И мириса баш онака sweet.
Прашај ги на каса и провери и во двете продавници, можеби некои не им се изложени, а ги имаат. Иако со тие лимитирани колекции се зафркнати, одреден период ги има и после ги нема. Пробај го Rose Gourmand може ќе ти се допаѓа.
Обожавам zara парфеми, ми траат секогаш доста долго и преубаво мирисаат. Плус се копии на многу поскапи парфеми и можам да имам скоро идентичен мирис за поефтино Омилен ми е cherry smoothie
Денес го купив Fields at Nightfall - Zara. Прекрасен е. Единствен парфем на Зара што ми се допаѓа. Изгледа дека јас сум единствена луда што мислам дека овој парфем е летен, секаде по интернет велат дека не е примерен за летен период и "гуши", а мене мирисот ме потсеќа токму на летна вечер кога шеташ на кеј или во парк и мириса на липа. Што мислите вие?