Бидејќи гледам неколку прашувале во други теми за Зара Хоме, реков да отворам тема. Имам купено од толку неколку работи, за наш стандард се поскапи може, ама има да се начека нешто на попуст. 1. Чашите и сервисите за дома им се преубави, да имам пари би ги купила сите. 2. Тетка ми купи фотелја од таму, предобра е и со квалитет и многу е удобна, а лесно се чисти 3. Не ми се допаѓаат децките играчки, навистина се преубави ама многу се мали, тетка ми ја купи за братучедка ми кујната кога имаше 1год, додека направи 2 годинки беше повисока од кујната а таа малата ракавица за кујна ми ја собира на палецот, после ја замени со детска кујна од Икеа Ова се неколку мои размислувања, имам уште многу, ама сакам да слушнам и од други феминки мислења
Јас имам друго прашање. Гледам дека може онлајн да се купува од апп. Дали некој начувал? Зошто на интернационален сајт ме пренасочи, па да не праќаат од друго земја и царина да треба да платам? Инаку постелнините им се врв. И свеќите и миризливите течности за простории.
Јас пак се израдував дека може, плус уште едно место за купување сваштарии... Нека го направат, аман.
Да не биде Зара Хоме причината за развод на крај. Пошо го фаќаш сопругов на цака, и мојов коа е за бебево се може хахах, а за мене одма аман бе што ќе ти е тоа. п.с. Ние за Зара ќе се разведеме сигурно.
Оф топик, ќере кога спие врз мене жив трошок сум. Од досада само скролам и нарачувам нешто. Последно зара апликацијата ја превртев и за мене и за нејзе испонарачав.
Леле не ми збори не знаеш што се имам у wish list, на Зара апликацијата. Ќе се разведеме дефинитивно.