Здравје

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Stole Atan, 14 февруари 2025.

  1. Stole Atan

    Stole Atan Нов член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Добар ден!

    Пред околу еден месец напипав мала топчица зад увото, но многу мала. Бев на лекар тука во Македонија, направив сите потребни анализи, и резултатите се добри – крвната слика е уредна, леукоцитите и лимфоцитите се во границите на нормала. Исто така, направив ултразвук на целиот организам, сите органи се во ред, белите дробови беа снимени и сè е во ред.

    Лекарите ми рекоа дека имам мала лимфна жлезда од 0,1 см, дека тоа не е опасно и дека нема причина за паника. Исто така, да напоменам, извадив заб кој имаше гнојна инфекција, така што сега го немам. Имам 19 години, се чувствувам одлично, немам замор, не се потам прекумерно и генерално сè ми е во ред. Ми рекоа дека за тоа треба време да исчезне

    Би сакал да го слушнам вашето мислење или совет во врска со ова. Ако знаете и ако некој имал исто искуство.