1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Zero Point Energy

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Nigredo Odor, 1 февруари 2021.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Години наназад слушаме дека степенот на полуција расте.

    Како последица на отровните хемиски својства од пластиката, радиоактивните електрани, кои испуштаат отровни честички, согласно процесот на индустријализација, многу зелени површини, острови и океани на Планетата земја се преплавени со ѓубришта и одамна станати извор на контаминација/зараза.
    Паралелно на ова, површини на Антартикот од ден на ден се топат како резултат на температурното зголемување поради уништување на озонот.

    Две децении наназад големите корпорации од еколозите беа постојано предупредувани дека може да ни се случи катастрофа од глобални размери доколку работите продолжат да се движат по сувопарен, индустриски и капиталистички правец, но како што и сами знаете - не се презема апсолутно ништо за елиминација на последиците.

    Апропо на сето досега напишано, забележувам дека од страна на ,,анти - мејнстрим" медиумите последниве години сѐ повеќе се зборува за алтернативна електричната енергија која би се разликувала по тоа што прво - би била многу евтина, па дури и бесплатна, (во зависност од инвентивноста на научниците и нивниот пристап). И второ - би функционирала по принцип на искористување на ресурсите од Земјата.

    Со таа намера долги години наназад се прават бројни експерименти, односно обиди, со различни електрични уреди, кои би можеле да овозможат енергијата да биде ,,трансформирана".
    Или поедноставно објаснето - уред кој би располагал со мала количина влезна енергија, за возврат да може да дава дупло повеќе излезна енергија.

    Технологијата која се користи за вакви цели воглавно се служи со манипулација на електромагнетните полиња, и уште се нарекува ,,ладна фузија" или ,,технологија на контролирана фузија на плазмата".
    Или со наједноставни зборови кажано - zero point energy/alternative energy.

    Првиот човек кој се смета дека бил инвентор на овој тип енергија бил Viktor Schauberger, со таа разлика што тој се обидел од водата да ја трансформира енергијата наместо од природата/околината.



    [​IMG]



    Oна што е најважно за споменување, при сам крај е дека овој тип на енергија иако не е ограничен, и се смета дека се наоѓа насекаде околу нас, сепак е на квантно ниво, и токму од таа причина е потежок за практична примена, надвор од теоретсткиот корпус на формули и дефиниции со кои се служиме во секојдневниот живот, и кои ги знаеме во рамки на физиката.

    Тука ќе престанам со понатамошни објаснувања, бидејќи колку и да се обидувам да поедноставам, ова сама по себе е една мошне опширна и комплексна тема, па со таа цел ќе ви поставам неколку прашања:

    1. Дали мислите дека во наредните 5-10 години би можеле да се служиме со ваков oблик на енергија? (Образложете зошто).

    2. Има ли ваквата енергија потенцијал за стварање на антигравитациски летала со цел да се заменат веќе постоечките воздухопловни (авионите)?

    3. И дали вие лично сметате дека ваквата евтина или бесплатна енергија е премногу футуристички поим или нова реалност која во тековните години би можела да почне да се остварува на револуционерно ниво?

    П.С. Ако има веќе ваква тема слободно клуч, бидејќи одамна не го следам активно форумот.
     
    На Izaabella, M.B., winnie02 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Јас тука прв пат слушам од тебе, и зато 5 години од сега ми звучи невозможно. 10 години понадежно. Малку футуристичка ама надежно.

    За др не можам да кажам, ама ме заинтересира да побарам поќе!
     
    На Осе и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  3. winnie02

    winnie02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    1.726
    Пол:
    Женски
    Не ми звучи невозможно, интернетот и телефоните експандираа за 5 години, зошто да не и ова?

    Моменално Тесла е во раст затоа што користат електрична енергија што е многу по еколошко, а ако почне оваа енергија да се применува ќе биде масовен бум и нов развој на сите devices до сега.

    Интересна тема, можеби малку повеќе инфо ни треба за да заинтригира доволно. И за тесла треба тема (just saying, ако некој може начне)
     
    На theowndemon и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Се согласувам.

    Зошто ние во принцип дојдовме до својот максимум на искористен потенцијал во сферата на технологијата изминатите 70 години, особено периодот после II Светска Војна.

    Така да многу логично е овој ,,футуристички" концепт кој активно се развива во институциите и лабораториите веќе неколку декади, конечно да почне активно да се реализира.

    Дури јас мислам дека сето ова ќе почне да се имплементира многу порано, и нема да се чекаат наредни 10 години, туку баш напротив, тоа би можела да биде нова реалност за 2-3 години отсега ако не и порано. :)
     
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Да не дојде до забуни, мора да напоменам дека Zero Point Energy нема врска со новиот модел електрични возила на Тесла. Како ниту со концептот или идејата на тој бран проекти...

    ZPE се анализира веќе неколку децении и има за цел минималната количина на енергија да ја искористи на макро ниво.

    За разлика од Elon Musk кој за да дојде до електрична енергија ги користи ресурсите од нуклеарните електрани кои се дефакто штетни за околината и не кинтрибуираат никако за почиста Планета.
     
    На winnie02 и WildMk им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Предвидуваат дека во наредната деценија е можно да успеат да произведат комерцијални реактори за атомска фузија.
    Не би да шпекулирам, оти обично ваквите технологии се чуваат во тајност, затоа што се производ на истражувања кои се вршат за потребите на воените индустрии.

    Можеби ќе биде... можеби не...
     
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Веќе се произведени.
    Инаку, биди сигурна дека ќе биде, затоа што овој тип на енергија со кој моментално располагаме е веќе станат голема закана за природата и нашата егзистенција.

    И оваа наредба за да се забрза процесот со ZPE доаѓа присилно, не природно.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Абе веќе се произведени, ама не за комерцијална употреба, затоа што системот за containment е сеуште многу комплексен и скап за произведување.
     
    На winnie02 и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    26.581
    Интересна тема. Мислам дека сите сме свесни дека Планетата оди надолу, се зголемува популацијата, а се намалуваат ресурсите. Гледаме топење на санти мраз како последица на глобалното затоплување. Вода се користи толку неекономично што веќе има недостаток на вода. А, исто и електрична енергија. Мене ми се допаѓа и концептот на соларно користење, енергијата на сонцето која директно се претвара во електрична. Но, сеуште не е толку актуелизирано, а има и некои негативни страни (како впрочем и секоја работа на светот).
    Ова за Zero Point Energу е интересен концепт и замисла. Реалноста е дека светот се движи напред многу брзо. Има толку многу иновативни и интелегентни умови што веќе тешко е нешто да се замисли, а да не може да се реализира. Доколку се ова оствари на големо глобално ниво ќе се заштедат многу ресурси. Но, сепак е голема инвестиција, а милијардерите се повеќе загрижени за тоа да ги дуплираат своите цифри отколку да му помогнат на светотот и планетата.
    1. Дали мислите дека во наредните 5-10 години би можеле да се служиме со ваков oблик на енергија? (Образложете зошто).
    -Мислам дека не. Нема да има доволно инвестиција, иако гледам голема желба. Можеби за 50 години. Кога ќе направам ретроспектива, во минатите 5-10 години немавме никакво подобрување во однос заштеда на енергија и вода и подобар квалитет на воздух. Релативно кратко време е, а идејава прв пат тука ја читам што значи дека не е многу актуелизирано. Иако овие проблеми се големи и растат рапидно во последните неколку децении гледам никој не се замара и не го грижа.

    2. Има ли ваквата енергија потенцијал за стварање на антигравитациски летала со цел да се заменат веќе постоечките воздухопловни (авионите)?
    -Да. Читајќи колку се штетни авионите се надевам дека ќе се најде некоја алтернатива. Се надевам дека ќе се најдат летачки превозни средства кои нема толку да се загрозувачи на животната средина.

    3. И дали вие лично сметате дека ваквата евтина или бесплатна енергија е премногу футуристички поим или нова реалност која во тековните години би можела да почне да се остварува на револуционерно ниво?
    -Мислам и сакам да верувам дека човекот како битие нема толкуголем степен на себичност. Мислам дека ова ќе се реализира некогаш. Иако звучи песимистично, мислам дека ние нема да дочекаме да го видиме овој феномен.
     
  10. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Одамна требаше да се измисли некоја алтернатива на денешната електрична енергија, ама тоа не се случи. Не дека не се работи на тоа, туку се чува во тајност од најголемите светски сили (вложувачи). Одамна беше популаризирана и идејата за создавање енергија со анхилација, па ништо. Многу им е гајле за оваа планета, си градат резервна на Марс. Искрено некогаш кога селектирам отпад и кога не сакам да користам пластика се осеќам ко идиот. Јас со моите шишиња ќе ја спасам планетата додека околу мене чади од коли, фабрики итн. Кога сите би размислувале за подалечната иднина со оваа планета немаше да бидеме на ова место што сме сега.
    Сестра ми е електроинжинер и ми има објаснувано за обновливи извори на енергија и секогаш кога ќе ја прашам зошто не се прави, одговорот е многу е скапо, никој не сака да инвестира.:shake:
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    35.985
    Ладната фузија е како светиот грал во физиката, и како почиста за средината и побогата енергетски е предизвик на кој се работи.
    Уште во 90ти имав читано дека прават експерименти , но прашање кога ке биде спремно за комерцијална употреба.
    На прво и второ прашање би рекла не, без објаснување, само ради некој дежурен скептицизам и она кое го имам читано на темата.
    За третото прашање: апсолутно е футуристичка, и иако изворот е ефтин, технологиите за производство не се ниту ефтини ниту усовршени за да имаме корист во нашиот животен век. За внуците, можеби, ако е се ок со светот тогаш на други полиња. Нема да биде бесплатна никогаш , претпоставувам.