Ziaja козметика

Дискусија во 'Лице' започната од rajna-vojvoda, 3 август 2011.

  1. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Девојки дали некоја ја користела козметикава ?? Колку што имам прочитано целата козметика е на база на козјо млеко !! Само што мене не ми е јасно колку тоа е добро за кожата , зошто баш козјо , и зошто млеко :lol: многу ми ја фалеле посебно луѓе од странство!!! Каде може да се најде кај нас , и дали некоја има искуство со козметикава ????
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Мајка ми користи ноќна крема и многу ја фали.После треба да одам да и купам и баш затоа вчера прашував каде ја има кај нас, ми кажаа во Космо и Бјути Шоп.За цени немам појма :)

    Еве што најдов за козјото млеко:
    Called "nature's liposomes" by cosmetic chemists, goats milk absorbs easily
    into the skin, bringing with it moisture, restorative proteins and minerals. Goats milk also contains pH-reducing caprylic acid. A
    low pH helps maintain the slightly acidic mantle that healthy skin generates to prevent bacterial invasion. Easily absorbed by the
    skin. Excellent for sensitive skin.
    Can be used successfully by people with psoriasis, eczema and other skin disorders. Milk is one of nature's oldest and best-known
    skin softeners.
    Goats milk differs from cows milk in the molecular structure of the naturally occurring proteins and triglycerides. These shorter
    strands are easily absorbed by the skin, resulting in a natural moisturizing effect.
    Goats Milk contains naturally occuring alpha-hydroxy, proteins, minerals and high levels of Vitamins A and E that other skincare
    products lack,
    Goats milk is naturally anti-inflammatory.
     
  3. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    баш ке отидам и ке видам колку се кремите што како ;)
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    Јас го користам гелот за туширање со мирис на кокос, и незаменлив е!
    Има исто и крема за раце со истиот мирис.

    Друго ништо немам пробано. Колку што успеав да видам има на база на маслинки, портокал, кокос и козјо млеко.
     
  5. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    61
    Оваа козметика ја има во Бјути Шоп, ја немам досега користено. Има on-line каталог може да разгледате
     
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.882
    Jа имам нокната крема од козјо млеко,убаво ми мириса,не ја имам користено многу само 2-3 пати :worried:
    малку тешка е,само многу заборавам да ја нанесам :tmi:
    [​IMG]
     
  7. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    15.279
    Пол:
    Женски
    Да ја активирам малку темава :)
    Земав од Космо сет од козјо млеко(на него пишува дека е за сува и кожа склона кон брчки и треба да се употребува +25 години јас имам 23 и комбинирана ми е кожата ама прогуглав и мислам дека не е проблем и порано ако се употребува).
    Дневна и ноќна крема за лице,2 во 1 млеко и тоник за вадење шминка 625 денари (посебно ако се купуваат толку е по околу 200 ден се сите ама убаво ми изгледаа вака спакувани).Вчера го пробав млекото имав ставено само пудра и супер ја извади ама незз како ќе биде ако има и маскара,туш и останато,после тоа ставив од дневната крема чудно ама челото не ми светеше иако очекував,ноќната уште не сум ја пробала.
    Балсам за уста од кокос 116 ден од Дм.Отварам дома и очекував дека ќе биде како лабелата ама пакувањето е како сјај за уста,течен е како сјај,остава малку бела боја ако се стави повеќе,прекрасно мириса и убаво ја омекнува устата инаку 10 мл.
    Крем за туширање 500 мл и балсам за тело со путер од какао 200 мл на попуст се во Дм 142 и 169 ден.
    Очекував по јак мирис ама нема врска убаво ја омекнуваат кожата само што подолго време му треба на путерот да се впие неможев одма да се облечам :)
    Тоа е се од мене :D
     
    На okcenzi, ivancekitty и Antolinaa им се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Засега го имам корестено само гелов за миење лице. За сува и нормална кожа е наменет, задоволна сум. Не пени, нежен е со кожата, убаво го чисти лицето и не го досушува. Околу 130 денари го земав од Космо.
    [​IMG]

    Во план сум да го земам овој пилинг, па ако некој има искуство нека напише. Јас имам сува кожа па ќе го употребувам само еднаш неделно, како што приметив нема некои груби гранули т.е. воопшто и не ги приметив. До крајов на месецов е на попуст во Космо 100 и нешто денари па да знам дали вреди или да си земам тоа што си користам секогаш? :)
    [​IMG]
     
  9. Nausicaa

    Nausicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.218
    Допаѓања:
    16.733
    Јас вчера од ДМ ја купив кремата за раце со кокос, таман беше и на некој симболичен попуст. На пакувањето пишува дека ја штити кожата изложена на чести контакти со детергент, како и од суровите временски услови и дека ги зајакнува ноктите и го спречува нивното разделување и кршење. Колку е навистина ефикасна ќе покаже времето но засега можам да кажам дека брзо и лесно се впива, нежни ги прави рацете и пред се, преубаво мириса на зашеќерено млеко :)
     

    Прикачени фајлови:

    На A-j-a и ivancekitty им се допаѓа ова.
  10. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    15.279
    Пол:
    Женски
    Мимс јас забележав дека скоро на сите производи за лице на пишува за сува и нормална кожа :D си сретнала нешто на пример за комбинирана ?
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    Од геловите за лице забележав дека имаше и за мрсна и за комбинирана кожа во сина амбалажа беа. Имаше и тоници. Кремите не ги имам разгледано баш :)
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    11.905
    Пол:
    Женски
    ^^
    Јс земав крема за лице од краставица за комбинирана кожа, кремава е преубава, ептен ми се погоди.
    Се мислам и тоникот да го земам :)
     
  13. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    772
    Пол:
    Женски
    ^ Јас го имам тоникот од краставица и навистина сум задоволна. Го купив пред месец дена во Космо 165 денари. Дава свежина на лицето а притоа има нежен и пријатен мирис. Го препорачувам на оние со нормална и комбинирана кожа. :)
    Од оваа фирма немам користено други производи, но во прва прилика планирам да го купам млекото и кремата за лице (исто од краставица) а може и некој од производите за нега на тело.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.181
    Допаѓања:
    74.650
    Пол:
    Женски
    Колку ја зеде кремата? Мене ми треба најобична за секојдневна нега, а да не биде од оние универзалните.
    Подлога за пудра имам одлична, ама не ми е убава за на чисто лице, па оваа ми изгледа полн погодок моментално. :)
     
  15. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    11.905
    Пол:
    Женски
    Леле дали беше 160-170 денари, да ме утепаш не ми текнува.
    Битно повеќе од 200 ден. сигурно не беше.
    Мене ми се погоди да ти кажам право, нит ми ја домрсува кожата, нит ми ја досушува. :wasntme:
     
    На A-j-a и Mishela им се допаѓа ова.
  16. franca

    franca Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    205
    Ужас се ништо ми се нема погодено ;( Балеа ми се супер
     
  17. Ivo Na

    Ivo Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    ууу сеа баш ова ме заинтересира....онлине каталог ако има да ми даеше некоја фалааа
     
  18. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    15.279
    Пол:
    Женски
    Отвориле нова продавница во подрум во Гтц.
     
    На Oxymoron и Mishela им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.181
    Допаѓања:
    74.650
    Пол:
    Женски
    Јас ќе го пофалам шампонот за коса со какао путер. Прекрасен е, го зедов на тепка и не очекував да биде нешто посебно. :)
    Мирисот му е прекрасен и се задржува во косата доста долго по миењето. Најмногу ми се допаѓа формулата; не е таков густ, туку проѕирен е, убаво пени, фино ја чисти косата и не го иритира скалпот.
    Наменет е за сува и оштетена коса (мојата се оштетува само на врвовите), ама толку ја прави мека косата, што обликувањето ми е песна. Имам малку разлетана коса склона кон волумен, па одлично се справува со скротувањето. Не сплескува, косата има нормален волумен и убаво сјае.
    Не се сеќавам која цена е, мислам дека е нешто помалку од 200 денари. :)
    Ќе си ја купам целата колекција. :mm:
    [​IMG]
     
    На A-j-a, Lilianna, Waka-waka и 4 други им се допаѓа ова.
  20. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    7.609
    Пол:
    Женски
    @Mishela Kаде ги има? Не сум од Скопје па ме интересира дали можам да го најдам во обичните парфимерии, Веро или па во Зегин можеби?
    Прашувам оти не сум сретнала досега нешто од Ziaja :).
     
    На Ivo Na му/ѝ се допаѓа ова.